Лавица го нападна и половина час го држи во канџите- сите посматраат, додека човекот не направи нешто неочекувано (ВИДЕО)
2Лавица го нападна и половина час го држи во канџите- сите посматраат, додека човекот не направи нешто неочекувано (ВИДЕО)
ТенисЃоковиќ се избори за финалето на Мастерсот во ЛондонНовак Ѓоковиќ ќе има можност да ја брани титулата освоена минатата година на Мастерсот во Лондон. Тој синоќа во второто полуфинале во „О2 Арената“ го победи Станислас Вавринка со 2:0 во сетови (6:3 и 6:3 во гемови).Само на почетокот на мечот Вавринка успеа да направи брејк, но тоа не го исфрли од ритам фаворитот Ѓоковиќ. За српскиот тенисер ова беше 21 победа во серија. Последниот загубен меч го има на 9 септември во финалето на УС Опен од Рафаел Надал. Токму Надал ќе биде неговиот ривал во вечерашното финале (почеток 21 часот) откако во полуфиналето беше поуспешен од Рожер Федерер со 7:5 и 6:3 во сетови. За Ѓоковиќ ова е трето финале на завршните Мастерс турнири, а победи на претходните две (2008 година во Шангај – Николај Давиденко и 2012 во Лондон – Федерер). Надал по вторпат ќе игра во финалето, а првото во 2010 година го загуби од Федерер.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Магазин Единаесет вештини што децата треба да ги совладаат пред студиитеЗаминувањето на факултет за младите е прво големо искуство за самостојниот живот. Единаесет вештини што децата треба да ги совладаат пред студиите Заминувањето на факултет за младите е прво големо искуство за самостојниот живот. Покрај академските обврски, тие се соочуваат и со бројни секојдневни предизвици, затоа родителите/старателите би требало да ги подготват за полесно прилагодување на новата средина. Еве кои работи треба да ги научат децата пред да заминат на студии во некој друг град или пред да одлучат да живеат сами. Организација на времето и обврските Децата би требало да научат самостојно да го организираат своето време и да се фокусираат на она што им е најважно, а најтешките обврски да ги извршуваат кога се најпродуктивни, пишува Your Tango. Справување со стресот Иако одредено ниво на стрес е нормален дел од животот, тоа не смее да биде трајна состојба. Вежбањето, вежбите за дишење, медитација и поминувањето време во природа може да ни помогнат полесно да се носиме со стресот. Основи на готвењето Познавањето на основни кулинарски вештини им помага на децата да јадат побалансирана храна и да бидат понезависни. Учењето да испланираат оброк, да купат намирници и да го приготват е важен дел од грижата за себе. Одржување на просторот Животот со цимери бара одговорност за заедничкиот простор. Едно истражување на Универзитетот Харвард покажало дека домашните обврски им помагаат на децата да развијат одговорност, емпатија и чувство на самостојност. Управување со пари и финансиска писменост Младите треба да ги разбираат основите на пресметување на приходите и расходите на паричните средства со кои располагаат, да научат да штедат и да користат банкарска сметка пред да одат на факултет. Финансиската писменост може да им помогне да избегнат долгови и да носат подобри парични одлуки. Самостојно закажување термини Важно е да знаат сами да договорат лекарски преглед, да водат сметка за рецептите и да ги следат важните обврски. Ваквите задачи го зајакнуваат чувството на независност и самодоверба. Професионални комуникациски вештини Студентите треба да знаат како да напишат професионална е-пошта, да разговараат со професори и да се застапуваат себеси на соодветен начин. Ваквите вештини стануваат важни во текот на првите месеци од студирањето. Регулирање на сопствените емоции Способноста да ги препознаат и да управуваат со емоциите е важна во односите, за менталното здравје и при соочување со предизвиците. Разговорот за чувствата, водењето дневник или други методи на саморефлексија можат да помогнат во развојот на оваа вештина. Поставување остварливи цели Поставувањето цели не е вродена способност, туку вештина што може да се научи. Јасните краткорочни и долгорочни цели можат да им помогнат на студентите да останат мотивирани и фокусирани на она што сакаат да го постигнат. Решавање на конфликти со почит На факултет, децата сретнуваат луѓе со различни ставови и навики. Затоа е важно да научат конструктивно да ги решаваат несогласувањата и да го изразат сопственото мислење без да навреда или без повлекување од комуникацијата. Носење информирани одлуки Пред да го напуштат домот, младите луѓе треба да имаат можност сами да донесуваат одлуки и да учат од сопствените грешки. Психологот Рејчел Бусман истакнува: „Ако им дадеме можност да донесуваат мали одлуки, тие ќе знаат што да прават во големи ситуации бидејќи ќе бидат обучени.“ Институтот за детски ум наведува дека рамнотежата помеѓу независноста и поддршката е клучна за развивање на одговорност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСо поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27Видео: Започна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане10:54Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10Средба Кос – Мицкоски во Владата15:14
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
ЖивотЛавица го нападна и половина час го држи во канџите- сите посматраат, додека човекот не направи нешто неочекувано (ВИДЕО)Драматичен инцидент во кој еден човек преживеал напад од лавица, благодарение на својата смиреност и необична реакција, се случи во индиската држава Гуџарат.Ѕверот го соборил несреќниот човек на земја и го држел со канџите за да го спречи да избега, додека тој се обидувал да ја смири - галејќи ја. Таа ги покажала забите и ржела На вознемирувачката снимка се гледа локален сточар како се обидува да се ослободи од стисокот на големата мачка. Во позадина се слушаат вресоците на собраните луѓе, но никој не се осмелил да се приближи и да се обиде да го спаси. Лавицата ги покажала забите и ржела во неколку наврати, додека човекот лежел приклештен под нејзините нозе. Според локалните медиуми, животното го држело речиси 30 минути. Инцидентот се случил на 6 јули во селото Гараџија, објавува Дејли Меил. Според сведоците, лавицата одеднаш го нападнала човекот додека тој одел да го храни добитокот. Таа го соборила на земја и почнала да го гребе по ногата. Луѓето што се нашле во близина се обиделе да го исплашат ѕверот фрлајќи камења и викајќи, но нивните обиди биле неуспешни. Наместо тоа, несреќниот човек решил да направи нешто неочекувано - почнал да ја гали лавицата за да ја смири. Оваа необична тактика се покажала како успешна. „Ме нападна одзади и ме собори“ По некое време, лавицата се откажала и се повлекла кон блиската шума, а човекот бил однесен во локална болница, каде што се лекува. Во интервју за локалните медиуми, тој ги опишал моментите на ужас. „Одев да го хранам добитокот кога лавицата одеднаш ме нападна одзади и ме собори. Ме фати за рака и не сакаше да ја пушти долго време“, рекол тој. Само неколку недели пред овој инцидент, петгодишно момче било убиено откако било нападнато од лавица во областа Амрели. Детето наводно шетало со својот дедо кога дивото животно ги нападнало. Шумската служба започна потрага по лавицата што го нападна овчарот, со цел да ја пронајде и безбедно да ја отстрани од областа каде што повторно би можела да претставува закана за луѓето.Тагови: лавица Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПо 20 години Палестинците излегуваат на избори- одреден е датумот Палестинскиот претседател Махмуд Абас го одреди 28 ноември како датум за парламентарните избори, први по повеќе од две децении, објави палестинската новинска агенција WAFA.Абас го одреди датумот со декрет, повикувајќи ги Палестинците на Западниот Брег, Источен Ерусалим и Појасот Газа да гласаат. На последните избори, на 25 јануари 2006 година, исламистичката организација Хамас освои мнозинство со 74 места во Палестинскиот законодавен совет од вкупно 132 места. Една година подоцна, Хамас ја презеде контролата врз Појасот Газа по жестоките судири со движењето Фатах на Абас. После тоа, парламентот се најде во голема мера парализиран. Палестинскиот уставен суд на крајот го распушти кон крајот на 2018 година. Претседателски избори во првиот квартал од следната година Дали изборите ќе се одржат и под кои услови останува неизвесно, истакнува агенцијата ДПА. Израел го смета Источен Ерусалим за дел од својот главен град, кој го смета за неделив, и ги забрани официјалните политички активности на Палестинската власт во градот. Таа анексија генерално не е меѓународно призната. Во опустошениот Појас Газа, Хамас е сè уште главен политички актер, и покрај војната со Израел. Претседателските избори, кои исто така не се одржуваат со години подолго од планираното, се закажани за првиот квартал од 2027 година. Абас, кој сега има 90 години, ги доби последните претседателски избори на 9 јануари 2005 година. Неговиот редовен четиригодишен мандат заврши во 2009 година. Оттогаш, претседателските избори беа одложени или откажани неколку пати.Тагови: избори Палестинците Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСо поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27Видео: Започна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане10:54Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10Средба Кос – Мицкоски во Владата15:14
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10