Ѓоковиќ сака да се пензионира по Олимписките игри во 2028 година - Канал 5

Ѓоковиќ сака да се пензионира по Олимписките игри во 2028 година

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одговори на прашање за неговото можно пензионирање.

Ѓоковиќ сака да се пензионира по Олимписките игри во 2028 година

- Низ целиот мој живот и кариера, секогаш имав план за неколку години однапред, што сакам и како да стигнам до таму. Откако ги постигнав апсолутно сите можни цели, ги споменав Олимписките игри во 2028 година затоа што сакам да играм уште многу години. Ако можам да се пензионирам на Олимписките игри под српското знаме, тоа би било одлично. Дали ќе можам да го направам тоа? Не знам. Има работи што не можам да ги контролирам. Се обидувам да бидам што е можно поздрав, и ментално и физички, и да ја одржам таа натпреварувачка енергија, изјави Ѓоковиќ за „Punto de Break“.

На 8 ноември, Ѓоковиќ го освои турнирот во Атина. Триесет и осумодишниот Србин го победи Лоренцо Мусети во финалето. Потоа, Ѓоковиќ објави дека ќе го пропушти Завршниот турнир во 2025 година поради повреда.

Србинот го држи рекордот за најмногу титули на Грен слем турнирите, со 24. Во 2024 година, тој го освои својот прв златен олимписки медал на Игрите во Париз. Пред тоа, Ѓоковиќ освои бронза на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторна расправа за Законот за јавни набавки во Собранието

Во Собранието денеска исто така ќе се расправа и за законот за јавните набавки откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претходно не го потпиша указот за негово прогласување.

Повторна расправа за Законот за јавни набавки во Собранието

Со тоа што пратениците на 10 ноември го усвоија амандманот со кој се смени начинот на именување на претседателот и членовите на Државната комисија за јавни набавки, претседателката оцени дека ваквата измена отвора простор за неограничен број мандати и отвора прашања за владеењето на правото и концентрацијата на моќта во одлучувањето за јавните средства.

Со спорниот член се предвидуваше можност за повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз.

Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Во петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба Ружа

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Состојки за денешниот рецепт:

120 гр. брашно

100 мл. млеко

1 јајце

2 лажици доматно пире

100 гр. кашкавал

1 прашок за пециво

1 лажиче италјански зачин или оригано

100 - 200 гр. шунка или салама

100 гр. кечап

100 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер