Ѓоковиќ повторно број 1 на АТП листата - Канал 5

Ѓоковиќ повторно број 1 на АТП листата

Победникот на Вимблдон Србинот Новак Ѓоковиќ повторно се искачи на првата позиција на АТП листата. Со ова тој го смени од врвот Рафаел Надал, кој годинава порано од очекуваното ги заврши мечевите на Вимблдон.

Ѓоковиќ повторно број 1 на АТП листата

Ѓоковиќ на позицијата број 1 се враќа по 7.октомври 2013 година и ја почна 102.та недела како најдобар тенисер на светот.

Најголем скок по Вимблдон и влез во ТОП 10 има бугарскиот тенисер Григор Димитров, кој се проби на 9.место, додека ланскиот шампион на Вимблдон Енди Мареј падна на 10.место.

Редослед на тенисерите во ТОП 10: Новак Ѓоковиќ (13.130 поени), Рафаел Надал (12.670), Рожер Федерер (6.100), Стан Вавринка (5.770), Томаш Бердих (4.410), Милош Раониќ (3.920), Давид Ферер (3.875), Хуан Мартин Дел Потро (3.360), Григор Димитров (3.270) и Енди Мареј (3.040).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ

Колку повеќе доверба имате толку полесно ќе напредувате во европскиот пристапен процес – порача еврокомесарката за проширување Марта Кос од денешната посета на Скопје. 

Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ

За тоа како ќе се гради довербата со соседна Бугарија, според Кос нема готов рецепт, но повтори дека уставните измени остануваат услов за Македонија и посочи дека ЕУ не може да даде гаранции за понатамошниот тек на македонскиот евроинтегративен пат. За премиерот Христијан Мицкоски пак, секое трајно решение мора да подразбира заштита на националното достоинство.

- Усвојувањето на договоренит уставни измени останува неопходниот следен чекор за формално започнување на пристапните преговори и затоа уште еднаш ја охрабрувам Владата да го започне процесот кој што наскоро може да донесе измени во Уставот. // Проширувањето на ЕУ не е изградено на гаранции кои се даваат однапред туку се гради врз доверба, обврски, посветеност, нивно исполнување и работа. - Марта Кос, Еврокомесарка за проширување

-Очекуваме европската интеграција да остане процес кој се темели на јасни критериуми, на вредности, на исполнување на реформските обврски а не процес кој ќе биде оптоварен со билатерални прашања што создаваат неизвесност и фрустрација кај македонските граѓани. - Христијан Мицкоски, претседател на Влада

Кос високо го оцени исполнувањето на реформската агенда во Македонија, и не стави во првите три земји од регионот според реформскиот напредок, што значи дека за нас ќе бидат издвоени дополнителни средства од Планот за раст. Премиерот Мицкоски пак оцени дека за преостанатиот реформски чекор од јунскиот грејс период со финансиска вредност од 4,2 милиони евра, односно Изборниот законик, како што вели,во Собранието се вежба политичка гимнастика.

-Охрабрени сме и навистина среќни во Брисел што С.Македонија навистина направи еден ваков скок на првите позиции кога станува збор за спроведувањето на реформите од Планот за раст. // Иако во моментов С.Македонија не може да оди напред во пристапниот процес, тоа не значи дека вие или ние не испорачуваме. Вие испорачувате многу во реформската агенда. - Марта Кос, Еврокомесарка за проширување

-Се беше договорено, се беше завршено додека тој предлог не требаше да дојде во Парламент. И тогаш се појави втората политичка партија – СДСМ која рече дека па ако тие така се однесуваат и ние така ќе се однесуваме и најдоа причина зошто тоа да биде така. И едните и другите на отворена сцена од ова се обидуваат да направат естрада. - Христијан Мицкоски, претседател на Влада

Еврокомесарката Кос и порача на државава дека за нас има место како полноправна членка на ЕУ и дека Брисел се надева да ја види Македонија меѓу следните потенцијални членки до 2028-та година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 28 возачи за „безобѕирно управување возило“, 25 возеле без возачка дозвола

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 28 возачи поради „безобѕирно управување возило“. 

Лишени од слобода 28 возачи за „безобѕирно управување возило“, 25 возеле без возачка дозвола

Од нив, 25 лица управувале возило без возачка дозвола (осум лица во Скопје, четири во Битола, по две лица во Велес, Свети Николе, Тетово и Кичево и по едно лице во Делчево, Кочани, Кавадарци, Неготино и Куманово). Иако имале активна забрана за управување патничко возило, затекнати се како управуваат возило по едно лице во Чашка и тетовско, додека со брзина поголема од дозволената управувало едно лице во гевгелиско. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода пробиштипјанец кој со закани изнудил пари од 18-годишна девојка

За настанот е известен јавен обвинител.

Лишен од слобода пробиштипјанец кој со закани изнудил пари од 18-годишна девојка

На 07.07.2026 во 22:25 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода Ј.Ј.(40) од Пробиштип, постапувајќи по претходна пријава дека со закани во два наврати од 18-годишна девојка од Пробиштип изнудил да му даде пари. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер