Ѓоковиќ: По титулата во Женева се чувствувам посигурен - Канал 5

Ѓоковиќ: По титулата во Женева се чувствувам посигурен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ проговори за тоа колку му значи победата на турнирот во Женева.

Ѓоковиќ: По титулата во Женева се чувствувам посигурен

Во финалето на натпреварувањето, 6. светски рекет го победи Полјакот Хуберт Хуркач со резултат 5:7, 7:6 (7:2), 7:6 (7:2) и ја освои 100. АТП титула во кариерата.

- Ми требаа победи, особено на оваа подлога. Од првите турнири, играњето на земјена подлога не беше сосема природно за мене. Јас сум еден од оние тенисери кои треба да одиграат неколку меча пред такви турнири. Затоа отидов во Женева. Сега се чувствувам сосема поинаку отколку пред две недели. Кога ќе изгубите неколку натпревари, почнувате да се сомневате во вашата игра и не сакате да бидете на Ролан Гарос, изјави Ѓоковиќ.

Србинот ги сподели и своите размислувања за можноста да го освои 25. Грен слем турнир во кариерата.

- По титулата во Женева се чувствувам посигурен. Сè уште имам големи цели, големи амбиции. Ќе се фокусирам на првиот круг и се надевам дека ќе го постигнам најдобриот резултат, додаде тој.

Во првото коло на Ролан Гарос, што се одржува од 25 мај до 8 јуни во Париз, 38-годишниот Ѓоковиќ ќе игра против Американецот Мекензи Мекдоналд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Не помина интерпелацијата за министерот Панче Тошковски

Со 77 гласа против, 58 за и 17 воздржани во Собранието не беше изгласана интерпелацијата за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од Левица.

Не помина интерпелацијата за министерот Панче Тошковски

На гласањето му претходеше жестока расправа во Собранието. Опозицијата обвинува за селективно постапување на полицијата, политички мотивирани акции, безбедносни пропусти...

Тошковски пак, во иницијативата гледа евтин политички обид да се закочи расчистувањето со криминалот и корупцијата..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Пелистер спасена мала срна која била нападната од куче (ВИДЕО)

Вработените во јавната установа Национален парк Пелистер спасија мала срна која била нападната од куче бездомник.

На Пелистер спасена мала срна која била нападната од куче (ВИДЕО)

Од установата на Фејсбук објавија дека малата срна ја спасил раководителот на помошно-техничкото одделение и ренџер во установата.

По спасувањето, вработените презеле дополнителни активности за срната повторно да биде вратена во својата природна средина. Со помош на емитирање на звуци малата срна повторно беше споена со својата мајка“ посочуваат од Националнот парк Пелистер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

Италијанската премиерка Џорџа Мелони вели дека односите со САД мора да се вратат во нормала по јавната расправија што минатата недела ја имаше со американскиот претседател Доналд Трамп.

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете држави остануваат добри. Во петокот Мелони го обвини својот некогашен близок сојузник Трамп дека измислил приказна за неа откако тој за италијанска телевизија изјави дека таа го молела да се фотографира со неа за време на неодамнешниот самит на Г-7 во Франција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер