Ѓоковиќ откри за кого „свиреше на виолина“ по победата над Попирин - Канал 5

Ѓоковиќ откри за кого „свиреше на виолина“ по победата над Попирин

Најтрофејниот и најдобриот светски тенисер во историјата, Србинот Новак Ѓоковиќ имаше необично славје по триумфот над Алексеј Попирин со 3:1 и пласманот во осминафиналето на Грен слемот во Вимблдон.

Ѓоковиќ откри за кого „свиреше на виолина“ по победата над Попирин

Српскиот тенисер се сврте кон делот од трибините каде седеше неговото семејство и започна на тенискиот рекет да „свири“виолина. Се испостави дека тоа била порака за неговата ќерка Тара.

„Тоа беше за Тара! Мојата Тара свири виолина веќе некое време, шест месеци, и тоа беше нашиот договор дека јас така ќе славам, ако победам“, објасни Ѓоковиќ.

Потоа зборуваше за прославите на другите спортисти кои му се допаѓаат.

"Болт! Роналдо и тоа "сиу", ми се допаѓа и бранот на Агаси со бакнеж и кога се поклонува. Гуга на Ролан Гарос со срце, Цонга го имаше тој интересниот фудбалски, има интересни... Белингем, тој едноставно ги шири рацете, Алкараз го направи тоа, тоа е она што го направив на Ролан Гарос. Интересно и забавно е што можеме да го земеме од други спортови чувство, еве јас имам виолина“, рече Новак и додаде дека не е првпат ваква прослава да се види на неговите натпревари.

„Степанек беше првиот што го направи тоа, се шегував со него, тој ја имаше таа прослава, дури се сетивме кога играв против него во 2007 година на УС Опен во пет сета на некоја голема топлина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во пожар над селото Палиград на Китка спасено теле

Вчера додека бев на лице место на големиот пожар над селото Палиград, на планината Китка, покрај тешката борба со пожарот имавме и една несекојдневна и убава случка.

Во пожар над селото Палиград на Китка спасено теле

Во метежот и огнот, пожарникарите од Противпожарната бригада на Град Скопје успеаја да спасат едно мало теле кое останало на опожарениот терен. Мало, исплашено, но живо – една мала победа во тешкиот ден.

Во вакви моменти, секој спасен живот е важен. А денес, меѓу огнот и пепелта, успеавме да спасиме и едно мало суштество.

За жал, пожарите не ја загрозуваат само природата, имотот и животите на луѓето. Загрозени се и животните, кои често остануваат беспомошни пред огнената стихија.

Затоа, апелирам на максимална одговорност и внимателност. Пожарите, без разлика дали се подметнати или избувнуваат поради невнимание, оставаат последици врз сите живи суштества. Да ја чуваме природата, да ги заштитиме луѓето, имотот и животнитеинформира првиот човек на ЦУК, Мухамед Али.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ливерпул во нов обид да го ангажира Минте, Баркола се уште прескап

Англискиот гигант Ливерпул повторно ќе се обиде да го реализира трансферот на десното крило Јанкуба Минте (22) од Брајтон. 

Ливерпул во нов обид да го ангажира Минте, Баркола се уште прескап

Минатата сезона, гамбискиот репрезентативец постигна три гола и забележа четири асистенции на 34 натпревари во Премиер-лигата. Неговата пазарна вредност изнесува 45 милиони евра, а тој има договор со клубот до летото 2029 година.

Главна цел на Ливерпул е Бредли Баркола од ПСЖ, но клубот не е подготвен да ги плати 160-те милиони евра (или повеќе) што францускиот гигант ги бара за него.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Град Скопје: Се уредува пешачката зона долж целиот кеј на Вардар

Градот Скопје започна голема акција за целосно уредување и санација на пешачката зона долж кејот на реката Вардар, на потегот од Лисиче до Влае.

Град Скопје: Се уредува пешачката зона долж целиот кеј на Вардар

Кејот на Вардар е едно од најпосетените и најзначајните места за скопјани, простор каде граѓаните спортуваат, се рекреираат, поминуваат време со своите семејства и создаваат пријателства и спомени. Токму затоа, неговото одржување и уредување претставува обврска и одговорност кон сите граѓани.

Во рамки на акцијата се заменуваат уништените и оштетени подни плочки, се нивелираат нерамните површини и се санираат оштетувањата долж пешачката зона. Целта е кејот да биде повторно безбеден, функционален и уреден простор достапен и пријатен за сите генерации.

Уредувањето на кејот е дел од пошироките активности за враќање на животот и содржините на овој простор. Во изминатиот период се изградени нови спортски терени и се поставува современа урбана опрема, а паралелно се реализира и голема акција за темелно расчистување на коритото на реката Вардар на територијата на Скопје.

Кејот е пулсот на Скопје – место каде што градот живее и каде што секојдневно престојуваат илјадници граѓани. Затоа, неговото уредување, одржување и развој остануваат еден од приоритетите во создавањето подобар и поквалитетен јавен простор.

Градот Скопје продолжува со активности за унапредување на кејот и негово претворање во современ, безбеден и функционален простор кој ќе им служи на скопјани и на идните генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер