Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
ТенисЃоковиќ откри дали ќе игра следната година, па порача: Ова беше една од најлошите годиниСрбинот Новак Ѓоковиќ беше на чекор до освојување на 100. титула во кариерата, но во финалето на Мастерсот 1000 во Шангај беше поразен од Италијанецот Јаник Синер со 2:0 (7-6 (1) и 6-3.По поразот во финалето, Ноле одржа прес-конференција и го анализираше својот настап на турнирот: - Мислам дека има некои позитивни работи што можам да ги извлечам. Прво, моето ниво на тенис беше навистина добро на овој турнир, веројатно најдоброто од Олимпијадата во однос на тоа како се чувствував, како играв, како се борев. Денеска направив сѐ што можев, тој заслужи да победи. Беше премногу силен во важните моменти. Исто така, мислам дека одиграв прилично добро денес во финалето, што ми дава причина да верувам дека сè уште можам да играм против овие момци, кои се најдобри во светот. Се надевам дека ќе го задржам тоа ниво во наредните месеци и во иднина. Потоа тој зборуваше подетално за самиот дуел: - Тоа се типовите на натпревари и предизвици кон кои тежнеам, да можам да бидам во позиција да играм против најдобрите во светот на најголемите сцени. Ова е она за што работам и зошто сè уште се туркам до моите граници. Не знам што ќе донесе иднината, само ќе се обидам да се адаптирам... Сеуште планирам да се натпреварувам и да играм следната сезона, ќе видиме до каде ќе одам – додаде тој. Ноле го пофали и Синер: „Тој ме потсетува на мене во текот на мојата кариера“, пренесе Телеграф. Конечно, српскиот тенисер се осврна на својот настап оваа сезона: - Што се однесува до резултатите, ова беше една од најлошите сезони. Во одреден момент мораше да има година кога не освоив ниту еден грен слем и не можев да го задржам тоа високо ниво после толку години. И тоа е во ред, среќен сум со мојот златен медал на Олимпијадата, тоа беше мојата главна цел оваа година. Секако дека би сакал да го освојам Грен слем, но тоа е во ред, тоа е тоа. Тоа е една од оние сезони што треба да ги прифатите, а јас сум повеќе од среќен со сето она што го постигнав во кариерата. “Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Уште неколку членови од ЗНАМ 2.0 официјално се приклучија на организираната криминална група!Здружението ЗНАМ веќе не постои, тоа го покажуваат и анкетите на нивниот шеф Мицкоски. Партиските редови на СДСМ денес се почисти за неколку лица кои ровареле по партијата. Кога ги откривме сите оние кои за пари се обидуваат да ја спречат борбата против мафијата, неколкумина брзо-брзо преминаа во ЗНАМ - здружението на Максо Димитриевски, спонзорирано од Мицкоски. Здружението ЗНАМ веќе не постои, тоа го покажуваат и анкетите на нивниот шеф Мицкоски. Откако се дозна дека сè е договорено и под контрола на Мицкоски, пратеник, советници и цели групи луѓе го напуштија ЗНАМ. Денес, преминувањето во ЗНАМ е исто како некој во 1945 година да преминал кај четниците. За жал, на таквите не им е до Македонија, туку до ситни пари, не сфаќајќи дека самите се етикетирале за целиот живот. Соединетите Американски Држави, нашиот стратешки партнер, вчера во своето соопштение наведоа дека во Србија ќе ѝ помогнат на новата влада која го собори Вучиќ и дека ќе помогнат во расветлувањето на транснационалната криминална мрежа на Западен Балкан, која претставува опасност за Америка, но и за целиот регион. Кај нас овие деновите се расветлуваат случајот со Алта банка и перењето пари од дрога, криминал и корупција, а токму Максим Димитриевски учествуваше во носењето на таа банка, заедно со Мицкоски и директорот на БИА од Србија. Додека се работи на случајот со петте тони дрога, истата оваа група преминува во ЗНАМ, кај тој истиот Максо, познат по тендерот во Пошта, во време кога вработените немаа пари за плати, или по продажбата на плацот на компанијата Лидл и стекнувањето стотици илјади евра преку ноќ. Таквите повеќе не можат да бидат во нашите редови и подобро е што сега го покажуваат своето вистинско лице, отколку и понатаму да роварат против нас одвнатре. Додека граѓаните и поединци застануваат на страната на СДСМ и Фронтот за вистина и правда во борбата против бандата на власт предводена од Мицкоски, ЗНАМ се фали со своите нови платеници. ЗНАМ е сателит. И ЗНАМ 2.0 е алатка на Мицкоски. Максо го наплати предавството на партијата и гласачите. Сега ја извршува последната задача – да го собере она што им останало од нивната екипа во нашите редови. Сега сите се на исто место. Им благодариме. Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСерафимовски: Традиционалната храна им дава пазарна предност на домашните производителиСаемот „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ е посветен на промоцијата на домашното производство и на можностите за развој на руралниот туризам. Земјоделските семејства што од сопствениот род создаваат храна со препознатливо и традиционално локално потекло можат да остварат поголем приход и да го вложат во развојот на своите стопанства, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски на денешното отворање на саемот „Вкуси ја традицијата“, кој денес се одржува кај Школка во Градскиот парк во Скопје. „Млад технолог може да осмисли нова преработка од локално овошје, а некој со познавање на дигиталната трговија може да им помогне на малите стопанства да стигнат до потрошувачи во други градови“, рече министерот Серафимовски. Тој истакна дека се разработува модел што ќе ги поврзе истражувањата на факултетите и институтите со земјоделските политики, за производителите да добијат практични препораки за одгледување во услови на суша и високи температури. Како приоритет го издвои и зачувувањето на автохтоните сорти, кои им даваат препознатлив вкус на дел од домашните производи. „Предлагаме појасни правила за договорното производство и за организираниот откуп, со писмен договор во кој условите за испорака и рокот за плаќање ќе се утврдат однапред. Предвидуваме и поддршка за здружување, за помалите стопанства да настапуваат со заедничка понуда и да преговараат од посилна позиција“, додаде министерот Серафимовски, осврнувајќи се на Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи. Саемот „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ е посветен на промоцијата на домашното производство и на можностите за развој на руралниот туризам. Програмата на манифестацијата опфаќа дегустации на традиционални и органски производи, како и музички и фолклорни настапи. Настанот го организира здружението „Ж’та“ од Кавадарци, со финансиска поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кое обезбеди еден милион денари преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година.Тагови: Серафимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче покажува дека не знае да ги чита економските параметриГо информираме Македонија има највисока стапка на раст на БДП во регионот и најниска инфлација. Венко Филипче како предводник на талогот од СДС покажува дека не знае ништо друго освен да излезе во јавност и да ги лаже граѓаните и да шири паника и хистерија. Овој пат тоа го прави со економските показатели. Филипче сега покажува непознавање на основните економски работи, односно покажува дека не се разбира од економија и не знае дека треба да се гледаат сите економски параметри, а не поединечно како што прави тој. Но, тоа е. Ни дава шанса да му објасниме. Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ води пробизнис и проекономска политика, а за тоа доказ се податоците на Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка. Што велат овие меѓународни институции? Македонија има највисока стапка на раст на бруто-домашниот производ во регионот и најниска инфлација. Инфлацијата во Македонија е за 25 проценти пониска од европскиот просек, додека економскиот раст во вториот квартал годинава достигнал 4,3 проценти. Дополнително, оваа Влада и по две години уште се справува со обврските наследени од владата предводена од СДС. Оттука, во 2027 година ќе треба да се рефинансираат или да се вратат заеми во вредност од 2,3 милијарди евра, додека за 2028 година се предвидени обврски од 2,7 милијарди евра. Бројките јасно зборуваат дека ова е значителен финансиски товар кој е наследен. И покрај се Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се справува со предизвиците и продолжува да ги исполнува обврските и реформите. Се работи на одржување и подобрување на економските показатели и покрај меѓународните кризи и покрај наследените проблеми. Затоа кога Филипче нешто не знае подобро нека молчи. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook