3Мицкоски за односите со Бугарија: Нема брзоплети чекори, потребни се доверба, гаранции и присуство на ЕУ
1 „Заедно за рано откривање, заедно за живот“ - едукативна трибина за превенција од малигни заболувања
ТенисЃоковиќ оди во Шпанија за да го испрати Надал во пензија: Ќе бидам таму и ќе ти оддадам почит Шпанскиот тенисер Рафаел Надал одлучи да се пензионира, да го закачи рекетот и да стави крај на многу, многу успешната кариера која ја имаше.Поради ова се огласи и Новак Ѓоковиќ, кој има само пофални зборови, објави Телеграф. Новак Ѓоковиќ на Инстаграм објави нивни заеднички фотографии на кои напиша и многу емотивни зборови. - Рафа, еден пост не е доволен за да ја изразам почитта што ја имам кон тебе и она што го направи за нашиот спорт. Сте инспирирале милиони деца да почнат да играат тенис и мислам дека тоа е веројатно најголемото достигнување што некој може да го посака. Вашата истрајност, посветеност и борбеност ќе се проучуваат со децении. Вашето наследство ќе живее засекогаш. Само вие знаете што требаше да издржите за да станете икона на тенисот и спортот воопшто. Ви благодарам што ме туркавте до граница толку многу пати во нашето ривалство, што најмногу ме обликуваше како играч. Вашата страст за претставување на Шпанија отсекогаш била извонредна. Исто така, на самиот крај изјави дека лично ќе дојде во Малага да го гледа на Дејвис купот. - Ви посакувам најдобро можно збогување во Малага со шпанскиот тим во Дејвис купот. Ќе бидам таму лично за да оддадам почит на вашата неверојатна кариера. View this post on Instagram A post shared by Novak Djokovic (@djokernole) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗНАМ- Отчет две години учество во владатаДвижењето ЗНАМ го претстави отчетот за две години учество во Владата:“ДВЕ ГОДИНИ РАБОТА. ДВЕ ГОДИНИ РЕЗУЛТАТИ. ЕДНА ЉУБОВ – МАКЕДОНИЈА!“ Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска ја претстави публикацијата со отчет за работата на избраните и именуваните функционери од редовите на Движењето во изминатите две години. Обраќајќи се пред граѓаните, Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, порача дека отчетот не е само пресек на изминатиот период, туку обврска резултатите од извршувањето на јавните функции да бидат достапни, проверливи и отворени за критика. „Не тргнавме во политиката затоа што верувавме дека власта е лесен пат кон моќта. Напротив, верувавме дека јавната функција, ако ја сфатиш сериозно, е една од најтешките форми на лична и морална одговорност.“ - истакна Димитриевски. Тој нагласи дека со преземањето на одговорноста во Владата престанал периодот во кој било доволно да се укажува на проблемите и дека секое ветување дадено пред граѓаните мора да биде претворено во конкретен резултат. „Не велам дека сме завршиле. Овој отчет не го споделуваме како точка на крајот, туку како пресек на еден период по кој мора да следи уште поголема одговорност“ - порача Претседателот на ЗНАМ. Во своето обраќање, Димитриевски нагласи дека отчетот не треба да остане затворен во партиските архиви. „Нека го читаат. Нека го критикуваат. Нека ги споредуваат резултатите. Нека ни кажат и каде можевме подобро“ - порача тој, нагласувајќи ја определбата за отчетот да биде отворен пред граѓаните. Говорејќи за политичката визија на Движењето, Димитриевски истакна дека ЗНАМ се залага за европска и реформирана Македонија, но и за држава која го зачувува и афирмира сопствениот идентитет, јазик, култура и историја. Димитриевски порача дека следниот период ќе биде период на продолжување и продлабочување на започнатите промени, со јасна определба Македонија да биде посилна, поуредена, помодерна и поспособна држава. „Да ја чуваме Македонија, не само како спомен од минатото, туку како надеж за иднината. Да оставиме држава во која нашите деца ќе кажат: ‘Овде сакам да живеам. Овде сакам да создавам. Ова е мојата Македонија.’“ - порача Димитриевски на крајот од своето обраќање. Движењето ЗНАМ за Наша Македонија останува посветено на политиката која својата смисла ја наоѓа во државниот интерес, со стремеж кон создавање на Македонија која ќе биде стабилна, самоуверена и достоинствена држава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24
Здравје „Заедно за рано откривање, заедно за живот“ - едукативна трибина за превенција од малигни заболувањаОпштина Кисела Вода, во соработка со здружението „ХЕМА-ОНКО“, попладнево во Паркот на братнителите во Драчево, одржа едукативна трибина за превенција од малигни заболувања.Целта на настанот под мотото „Заедно за рано откривање, заедно за живот“, е да се подигне свеста за рано откривање и навремено лекување.. Под мотото „Заедно за рано откривање, заедно за живот“, денес во „Паркот на бранителите“ во населбата Драчево се одржа едукативна трибина посветена на превенцијата и раното откривање на малигните заболувања. Настанот беше организиран од страна на Општина Кисела Вода, во соработка со Здружението „ХЕМА-ОНКО“. Со оваа трибина, официјално се означи почетокот на овогодишната кампања „Розев Октомври“. Кампањата која симболично стартуваше токму од општина Кисела Вода, ќе биде заокружена со голем „Розев пикник“ на Школка во Градскиот парк на 4 октомври. Присутните граѓани имаа можност да слушнат корисни и стручни совети од врвни специјалисти кои работат во оваа област, но и да проследат силно лично искуство од членка на „ХЕМА-ОНКО“, која ја сподели својата храбра борба со болеста. На трибината свое излагање имаа Наташа Бабулова од „ХЕМА-ОНКО“, специјалист д-р Албина Чресловник Пупакоски и медицинската сестра Јасмина Јовческа од ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, како и доцент д-р Билјана Божиновска, радиолог од ГОБ „8 Септември“. Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, во своето обраќање ја истакна важноста на превенцијата и навремената дијагностика како клучни фактори во борбата за животот, потенцирајќи ја континуираната поддршка од општината. -Здравјето е наш најголем приоритет, а превенцијата е најсилното оружје кое го имаме. Нашата цел е да ја подигнеме јавната свест, бидејќи превенцијата и навремената дијагностика се од исклучително значење. Ги охрабрувам сите граѓани да се грижат за своето здравје и редовно да прават прегледи. Во оваа борба никој не е сам, а Општина Кисела Вода останува силен партнер и поддржувач на секоја иницијатива која значи живот и здраво општество- порача градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Здравје„Алкалоид“ со донација од 2,2 милиони денари за нова опрема за Универзитетската клиника КозлеСо донација од 2,2 милиони денари, Алкалоид обезбедува нова опрема за Универзитетската болница Козле. По повод 90-години постоење, денеска се одржа хуманитарен пикник под закрила на фондацијата „Трајче Мукаетов“.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter