Ѓоковиќ нема да може да настапи ниту во Мајами - Канал 5

Ѓоковиќ нема да може да настапи ниту во Мајами

Директорот на големиот АТП турнир од серијата „мастерс 1000“ во Мајами, кој почнува в среда, Џејмс Блејк, потврди дека најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ нема да може да настапи.

Ѓоковиќ нема да може да настапи ниту во Мајами

Ѓоковиќ нема дозвола за влез во САД бидејќи не е вакциниран против коронавирусот. Српскиот тенисер во февруари поднесе барање до американските власти за посебна дозвола за да може да настапи на турнирите во Индијан Велс, кој е во тек, и во Мајами, на кои нема настапувано од 2019 година.

„Јасно е дека нашиот турнир е еден од најдобрите во светот и затоа би сакале да ги имаме сите најдобри играчи. Направивме сè што можевме, се обидовме и преговаравме со владата, но без успех“, рече Блејк.

Ѓоковиќ има пет титули во кариерата на турнирот во Мајами.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во ДР Конго и Уганда со ебола се заразени 75 здравствени работници, 17 починале

Светската здравствена организација (СЗО) денеска извести дека 75 здравствени работници се заразени со опасниот вирус ебола во Демократска Република Конго и Уганда. 

Во ДР Конго и Уганда со ебола се заразени 75 здравствени работници, 17 починале

Седумнаесет од нив починаа, изјави за новинарите во Женева Мари-Розелин Белизер, претставник на СЗО во Бунија, главниот град на провинцијата Итури во ДР Конго.

Белизер рече дека не е јасно дали во сите случаи инфекцијата се случила на работа или во приватниот живот. СЗО прави напори дури и на малите клиники да им обезбеди опрема како што се ракавици и заштитна облека и да го обучи персоналот за да спречи ширење на болеста, рече таа.

Од 177 анкетирани клиники, само четири првично имаа капацитет и опрема соодветно да ги заштитат сите свои вработени. Предизвикувачки е што во оваа епидемија, само 10 отсто од заразените покажале симптоми типични за ебола, особено крварење, рече Белизер.

Ситуацијата е се уште сериозна

Поради ова, многу луѓе останаа дома премногу долго, верувајќи дека имаат, на пример, маларија, наместо да одат во специјализирани центри за лекување на ебола.

Ова го зголеми ризикот од пренос на инфекција меѓу членовите на семејството и во малите клиники, додаде таа.

Таа рече дека досега се потврдени 896 случаи, вклучително и 232 смртни случаи. Еден месец по прогласувањето на епидемијата, ситуацијата е се уште сериозна, додаде претставникот на СЗО.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гола навивачка од Мексико ги запали мрежите (ВИДЕО)

Победата на Мексико од 1-0 над Јужна Кореја на Светското првенство, покрај спортската возбуда, донесе и еден од највиралните моменти на првенството.

Гола навивачка од Мексико ги запали мрежите (ВИДЕО)

Во центарот на вниманието беше популарната инфлуенсерка позната како Thehtowngirl, чија дива прослава на голот стана вистински хит на интернет.

Видеото ги преплави социјалните мрежи

Социјалните мрежи беа преплавени со видео од реакцијата на навивачката кога Мексико постигна гол. Инфлуенсерката го прослави победничкиот гол со гласен извик „МЕКСИКООООО!“, а видеото брзо собра стотици илјади прегледи и лавина од коментари на различни платформи.

Многу корисници ја пофалија нејзината „енергија“ и „емоционална реакција“ за време на прославата, но бројни коментари се однесуваа и на нејзиниот изглед. Токму нејзината облека привлече дополнително внимание, поради што видеото стана една од најсподелуваните објави по натпреварот.

Важна победа за Мексико

Додека навивачите го споделуваа видеото на социјалните мрежи, мексиканските играчи прославија исклучително важна победа на теренот. Со тесна победа против Јужна Кореја, тие се квалификуваа во нокаут фазата на Светското првенство како победници во групата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Сојузниците ни обезбедија помош од 4 милијарди долари

Партнерите на Украина најавија 4 милијарди долари помош за земјата, а во тек е работа на 21-от пакет санкции против Русија, додека Велика Британија и Канада воведоа нови ограничувања против земјата агресор, изјави денеска украинскиот претседател.

Зеленски: Сојузниците ни обезбедија помош од 4 милијарди долари

Партнерите на Украина најавија 4 милијарди долари помош за земјата, а во тек е работа на 21-от пакет санкции против Русија, додека Велика Британија и Канада воведоа нови ограничувања против земјата агресор, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски, сумирајќи ги резултатите од самитот на Г7, состанокот во форматот Рамштајн и самитот на Европската унија.

„Оваа недела имаше продуктивна работа на самитот на Г7, на состаноците на Контакт групата за одбрана на Украина и Европскиот совет, како и на билатералните состаноци со партнерите. Секој разговор беше за тоа како да се обезбеди поголема заштита на нашите луѓе, како да се поддржат војниците и да се приближи крајот на војната“, рече Зеленски на својот канал Телеграм.

Тој, исто така, истакна дека девет земји ги пријавиле своите придонеси во вкупен износ од речиси 1 милијарда долари за програмата PURL, според која европските земји купуваат американско оружје за Украина.

„Исто така, работевме на притисок врз Русија, со новите санкции што ги воведоа Велика Британија и Канада, а веќе сме активно вклучени во дијалог со Европската Унија за да го забрзаме 21-от пакет санкции и да ја ограничиме Русија токму таму каде што ќе биде најзабележително“, рече украинскиот претседател, објави Укринформ.

Тој потсети дека по состанокот на Контакт групата, партнерите најавија 4 милијарди долари нова помош за Украина.

„Се враќаме дома со нови одбранбени капацитети. Им се заблагодарувам на сите наши пријатели кои продолжуваат да ја поддржуваат Украина. Секој пакет помош ги спасува животите на нашите луѓе од руски напади и помага да се приближи мирот“, заклучи Зеленски.

На состанокот на Европскиот совет, лидерите на ЕУ донесоа политичка одлука да ги продолжат секторските санкции против Русија за 12 месеци, наместо вообичаените шест, потсети Укринформ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер