ТенисЃоковиќ: Не сум антиваксер, но отсекогаш сум ја поддржувал слободата на изборНовак Ѓоковиќ во интервју за ББЦ вели дека попрво ќе пропушта турнири во иднина отколку да мора да се вакцинира против ковид-19. Ова е прво интервју откако не му беше дозволено да игра на Отвореното првенство на Австралија минатиот месец. „Јас не сум против вакцинирањето, сум примил вакцини како дете, но отсекогаш сум ја поддржувал слободата на избор што ќе ставате во вашето тело“, истакнал најдобриот светски тенисер. Светскиот рекет број еден кажа дека не сака да го поврзуваат со антиваксерското движење, но го поддржува правото на поединецот на избор. Запрашан дали е подготвен со ваквиот свој став да жртвува турнири како Ролан Гарос и Вимблдон, Ѓоковиќ одговори: „Тоа е цената што сум подготвен да ја платам. Да, доколку се инсистира да бидам вакциниран, нема да играм, на Ролан Гарос, Вимблдон или на било кој друг турнир каде нема да ми биде дозволено. Сакам една работа да биде јасно, јас не сум против вакцинација. Но, од друга страна секогаш сум ја поддржувал слободата сам да бираш што ќе внесеш во сопственото тело. Тоа е мој многу важен принцип во животот и нема да го менувам за ниту еден трофеј и за ниту еден турнир“, изјави Ѓоковиќ во интервју за БиБиСи. На Ѓоковиќ откако ја доби визата не му беше дозволен влез во Австралија поради спорот околу неговиот вакцинален статус, при што министерот за имиграција Алекс Хок заклучи дека тој би можел да го охрабри антиваксерското движење во земјата. Сега Ноле се надева дека правилата за вакцинирање ќе се променат на одредени турнири, зашто сака да игра тенис уште многу години. @amolrajan : Ultimately, are you prepared to forego the chance to be the greatest player that ever picked up a racquet, statistically, because you feel so strongly about this jab?’#Djokovic : Yes.@amolrajan : Why, Novak, Why ?😂 📽️: @BBCNews pic.twitter.com/xn4s377Wr0 — Kartheek (@karth__k) February 15, 2022 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Пејачката Тијана Ем ја покажува својата фигура, сите погледи вперени во нејзините облини.Популарната босанка пејачка Тијана Милентијевиќ, попозната како Тијана Ем, меѓу бројните настапи најде време да се одмори и да ужива во летото.На социјалните мрежи таа објави фотографии во костим за капење и ја покажа својата фигура, а нејзиниот изглед веднаш го привлече вниманието на следбениците. Брзо пристигнаа коментари и комплименти, при што многумина забележаа дека пејачката изгледа задоволно и самоуверено. Во последните месеци, Тијана сè почесто покажува промени во својот изглед и се чини дека е особено задоволна од резултатите на својот труд. Покрај нејзиниот изглед, внимание привлече и нејзината насмевка. И покрај набиениот распоред во текот на летната сезона, пејачката го користи секој слободен момент за одмор и за полнење на батериите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Сабаленка ги истакна облините во секси бикиниНајдобрата светска тенисерка,Арина Сабаленка, е исклучително активна на социјалните мрежи, па така предизвика вистински хаос со својата најнова објава. Атрактивната Белорусинка сподели фотографии и видео од снимање за списанието „Тајм“, на кои позира во црн едноделен костим на кошаркарски терен. Фотките ги воодушевија нејизните милионски фанови на социјалните мрежи. На фотките Сабаленка блескаше од насмевки додека гордо ја покажуваше својата совршена фигура, а покрај костимот за капење, носеше и апостолки со ниска потпетица кои се моден хит ова лето. На главата имаше темни очила за сонце, а косата ѝ беше собрана во пунџа. Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураУтре на БИТ Фест Битола, Националниот џез оркестар со концертна програма „Македонски сновиденија“На 16 август, со почеток во 20:00 часот, Националниот џез оркестар ќе настапи во Битола, во рамките на програмата на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ.Под диригентската палка на маестро Владимир Николов, оркестарот ќе ја ќе ја претстави својата концертна програма „Македонски сновиденија“ - енергична фузија од македонскиот фолклор и современиот џез, водејќи ја публиката низ музичко патување инспирирано од длабоките културни корени на македонската традиција, прераскажани преку слободниот јазик на џезот. Програмата е составена од нови аранжмани на македонски народни песни и оригинални композиции инспирирани од домашниот фолклор. Овој уникатен проект веќе постигна огромен успех на меѓународната сцена. Во ноември 2025 година, оркестарот реализираше исклучително успешна европска мини - турнеја, претставувајќи ја македонската музичка приказна во големата сала „ELTE“ во Будимпешта, модерниот културен центар „La Fabrika“ во Прага, како и во легендарниот џез клуб „Porgy & Bess“ во Виена. Низата меѓународни успеси продолжи и во мај 2026 година, кога истата програма беше изведена во Брисел, во престижниот културен центар „BOZAR“, каде оркестарот уште еднаш беше пречекан со стоечки овации и високи оценки од европската публика. Националниот џез оркестар е еден од водечките биг-бенд состави во регионот, препознатлив по својата уметничка извонредност, современ пристап и силна посветеност кон развојот на современата џез музика. Оркестарот обединува врвни домашни џез музичари и меѓународно признати гости - уметници. Основан како национална институција во 2024 година, тој брзо стана централна сила во културниот живот на земјата. Со иновативна програма и распродадени настапи, тој изгради репутација како национален џез бренд. Меѓу гостите солисти досега се истакнуваат Курт Елинг, Јелоуџекетс, Курт Розенвинкел, Марија Мендеш, Дони МекКаслин, Алаин Перез, Ренато Кико, Дон Менца, Шеун Кути, Зиги Фајгл, Луис Бониља, Франческо Беарцати, Мајк Холобер, и други меѓународно признати уметници. Сите тие придонесоа за растечкиот меѓународен профил на оркестарот. Диригентот Владимир Николов е композитор чие творештво опфаќа широк спектар на музички јазици и жанрови, црпејќи инспирација од класичната музика и џезот. Како аранжер соработувал со ансамбли како што се Metropole Orchestra, Konzerthausorchester Berlin, BBC Radio Orchestra. Меѓу соработниците, се истакнуваат: Џон Клејтон, Ренди Брекер, Винс Мендоза, Шака Кан, Џејкоб Колиер, и многу други. Тој оркестрирал музика за неколку филмски проекти, меѓу кои добитникот на Оскар „The Artist“ (2012). Исто така го оркестрирал аранжманот за преработката на „All Night Long“ од Џејкоб Колиер, награден со Греми 2020 година. Концертот се реализира во соработка со Општина Битола, КИЦ – Битола и Центарот за култура – Битола.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook