Ѓоковиќ: Не постојат граници, мојата верба ме влече напред

 Најдобар српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека самодовербата во некои тешки моменти била пресудна да се врати во добра форма.

Српскиот ас, откако го освои Вимблдон и УС Опен, им се заблагодари на сите кои му даваа поддршка и кои веруваа во него во еден турбулентен период.

- „Неверојатно" е веројатно е најдобриот збор да се објасни големиот успех. Овој израз предизвикува големи чувства и верба која ме носеше напред додека поминав низ неизвесност, болка и несигурност, напиша Ѓоковиќ на Инстаграм.

Според неговите зборови, тој изминатиот период сфатил дека изразот неверојатно и граници не постојат.

- Кога тоа ќе го сфатите може да успеете, вели, третиот светски рекет во моментов на АТП листата.

Цените претпразнично го достигнаа „плафонот“

Граѓаните ги прават последните подготовки пред велигеденските празници. И денеска растрчани по маркетите и пазарите. 

Цените предпразнично го допираат плафонот. Екипа на Канал 5 и минатата недела и денеска направи обиколка низ скопските пазари.

За една недела цената за килограм краставица е зголемена дупло. Ако пред неколку дена можеше да се купи за 50 до 60 денари за килограм, денеска граѓаните килограм краставица купуваат по цена од 100 до 120 денари. Од 90 до 150 денари е цената на килограм домат, во зависност од видот на производот. Од 5 до 10 денари има промени и компирот, салатите, пиперката.

„Малце пониско ќе биде тоа, ако си земала 2 кила ќе земеш кило и ќе го тераш денот...“

„Се е покаспаено. Краставички од 50 – 120 денари се...“

„Секогап е така за секој празник, продавачите тука на пазарите дигаат цените...“

„И денеска и еве и пред една недела... Тие си ги менуваат цените еве два три пати идеме...“

Во пресрет на Велигден, скокнаа и цените на јагнешкото месо. Во месарниците и маркетите килограм јангешко се продава по цена од 550 до 650 денари, па велигденската трпеза годинава за многумина ќе помине без традиционалното јагнешко печење. Граѓаните велат согласно домашниот буџет и високите цени трпезата ќе биде поскромна.

„Ем покачено ем го нема...“

„Јагнешко не купувам не знам, а свинското тука е исто ...“

„По мене празниците не се да се покаже кој што е како е, туку едноставно скромно да се одбележи...“

„Па ќе гледаме да ја напраиме да личи малку и како прошла година...“

„ Ќе биде поскромно зашто еве пензии нема во банкоматите.... Цените се високи.... “

Инаку вредноста на минималната синдикална кошничка за месец април надмина 60 илјади денари или е за 1 200 денари повисока од март. Според пресметките на ССМ, едно четири члено семејство месечно само за храна и пијалаци троши нешто над 22 илјади денари, вредност што е речиси идентична со една минимална плата во земјава.

Мицкоски ги повика албанските гласачи да не ги бојкотираат претседателските избори

Членка на НАТО не смее да си дозволи да остане без врховен командат, тоа го кажува и меѓународната заедница.

Членка на НАТО не смее да си дозволи да остане без врховен командат, тоа го кажува и меѓународната заедница, очекувам цензусот од 40 отсто за претседателските избори да биде исполнет, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски. Тој ги повика гласачите Албанци да излезат на вториот круг, а тоа што ДУИ не го повикува своето членство го оценува како политички маневар.

„Во немоќ, да не доживеат катаклизма пред нивните гласачи ги потсетуваат на некои романтични националистички и шовинистички времиња од пред 20, 21 година, кога се обидуваа да ги злоупотребуваат пред сѐ Албанците повикувајќи на некои големи држави на Балканот, така сега се обидуваат да направат акробација и велат: „Нема да бојкотираме, но ќе бидеме на страна и нема да го повикаме членството или поддржувачите наши да гласаат“.. Ги повикувам нашите сограѓани Албанци да не наседнуваат..“

За пораките од ДУИ дека за формирање на влада е неопходно бадентерово мнозинство, Мицкоски смета дека сето тоа го прават бидејќи, како што вели, им дошло време за одговорност. На терен прават огромен притисокза да ја купат волјата на граѓаните, мислејќи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде пред свршен чин да мора да седне и да разговара со раководството на ДУИ, обвини Мицкоски.

„Апелираме цело време бидејќи имаме индиции дека на уште педесеттина други места низ Македонија се полнеле кутии, а излезноста наеднаш по 18 часот се зголемила.. Можам да ви кажам примери во градови како Виница, Кочани, Делчево, Берово каде владини функционери во придружба со полицајци кои се идентификуваат како полицајци имале обиди да поткупуваат дури и во верски објект.“

Мицкоски го повика обвинителство да постапи за злоупотреба на службената положба по наводите кои ги изнесоа вчера од ВМРО-ДПМНЕ, дека вицепремиерот Фатмир Битиќи од СДСМ со писмо барал од компаниите да гласаат за нив. Во спротивно рече дека ќе се докажело дека системот е партизиран.

Лукаревска од Македонска Каменица: На 8 мај гласајте за силен СДСМ

“Ветувањата ги остваруваме, oвде од  Македонска Каменица започнавме уште на почетокот на мандатот и веќе во 2018 година Владата на СДСМ обезбеди бенефициран стаж за рударите.“

„Луѓето со најтешка и најпочитувана професија заслужуваат уште повеќе, социјалдемократите го ценат трудот на работникот, секогаш сме биле први во заштита на работничките права и во обезбедување на социјална правда, зашто човечкиот капитал е највреден. И сега остануваме на истите принципи, гарантираме уште повисоки плати и пензии, зашто еднаш веќе тоа го направивме”, рече носителката на листа во третата изборна единица, Сања Лукаревска.

Лукаревска истакна дека СДСМ ќе продолжи со силна поддршка на домашната економија за побрз развој, за повеќе работни места, за повисоки плати и подобар стандард, со 180 милиони евра директна поддршка за домашните компании, 3,5 милијарди евра за капитални инвестиции, 1 милијарда и 350 милиони евра инвестиции за земјоделството, од кои 750 милиони евра директна финансиска поддршка.

“Ќе продолжиме со континуирана поддршка на земјоделците, но и на младите, на жените, од земјоделството да направат успешен бизнис за подобар стандард дома. За младите земјоделци што го превземаат земјоделското семејно стопанство грант од 20 000 евра. За жени земјоделки, за бизнис за преработка на примарното производство, финансиската поддршка се зголемува од 6 000 на 10 000 евра. Вложуваме во повеќе работни места и подобри плати, обезбедуваме по 200 евра во првите 12 месеци за секое прво вработување на млади до 26 години. Затоа на 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад, во сојуз со граѓаните да продолжиме да работиме за просперитетна, напредна и модерна држава за сите, за подобар живот дома”, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер