Регионалната соработка меѓу обвинителствата во фокусот на конференција за постапување по предмети за воени злосторства во Скопје
1Регионалната соработка меѓу обвинителствата во фокусот на конференција за постапување по предмети за воени злосторства во Скопје
Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
1Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
ТенисЃоковиќ на натпревар на „Ѕвезда“ богато награди дете,кое му ја нашло изгубената картичка(ВИДЕО)Црвена Звезда ја победи Валенсија со 92:73 во 31. коло од Евролигата и со тоа ја задржа шансата да се пласира во нокаут фазата на три натпревари пред крајот на регуларниот дел од сезоната.Но шоуто на кошаркарите во преполниот Пионир им го украде најпознатата ѕвезда на светот. Пет дена откако гледаше како Партизан го победи Олимпијакос на другата страна од Белград, Новак Ѓоковиќ сега беше сведок како клубот чиј голем навивач убедливо оствари важна победа. На полувремето околу него се собраа десетици фанови за да се фотографираат со него, да му подадат рака, да го допрат, а некои дури и го бакнаа. Помеѓу целата сесија на српскиот народен херој и неговите многубројни обожаватели, вниманието го привлече тоа што Ѓоковиќ му пикнал 100 евра во џебот на едно од трите момчиња кои му дошле во друштво по фотографирањето. Српските медиуми пишуваат дека Ѓоковиќ тоа го направил бидејќи во паркот кај салата ја нашле банкарската картичка на еден од најбогатите спортисти на светот и му ја вратиле, па ги наградил. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Има големни злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01
МакедонијаРегионалната соработка меѓу обвинителствата во фокусот на конференција за постапување по предмети за воени злосторства во СкопјеГлавните јавни обвинители и обвинители кои постапуваат по предмети за воени злосторства од Западен Балкан, како и претставници на Меѓународниот резидуален механизам за кривични трибунали во Хаг, учествуваат на дводневната Регионална конференција на.Главните јавни обвинители и обвинители кои постапуваат по предмети за воени злосторства од Западен Балкан, како и претставници на Меѓународниот резидуален механизам за кривични трибунали во Хаг, учествуваат на дводневната Регионална конференција на обвинители за соработка во постапките за воени злосторства, која денес започна во Скопје. Конференцијата ја продолжува традицијата на регионални средби на обвинителските професионалци и обезбедува платформа за размена на искуства, подобра комуникација и зајакнување на практичната соработка и меѓусебната правна помош меѓу обвинителските институции од Западен Балкан. Посебен фокус е ставен на соработката во истрагите и постапките за воени злосторства, вклучително и размената и преносот на предмети и докази меѓу различни јурисдикции. Истовремено, конференцијата овозможува размена на искуства од други кривични постапки и дискусија за практични пристапи за надминување на заедничките предизвици во регионалната правосудна соработка. Конференцијата ја отвори Ненад Савески, државниот јавен обвинител, кој истакна: „Нас нè обединува не само нашата професија, туку и нашата заедничка, морална и законска должност. А тоа е борбата против неказнивоста за најтешките злосторства против човештвото. Освен тоа, како јавни обвинители, нашиот примарен мандат не е само да ги казниме сторителите, туку да им дадеме глас и да ги заштитиме жртвите“. Тој потенцираше дека одговорноста, дури и за најтешките кривични дела е индивидуална, а преку јасно лоцирање на вината на поединците, се придонесува за подобро разбирање и соживот на идните генерации. Во текот на дводневната конференција, учесниците ќе разговараат за напредокот, предизвиците и новите прашања во регионалната соработка во постапките за воени злосторства. Дел од дискусиите ќе бидат посветени на собирањето и преносот на докази меѓу различни јурисдикции во предмети за воени злосторства и други тешки кривични дела, со посебен осврт на законитоста, прифатливоста и квалитетот на доказите. Роберта Кортезе, раководителка на Секторот за операции 1 при Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, изјави: „Европската Унија придава големо значење на правдата, отчетноста и владеењето на правото во Западен Балкан. Тоа се темелни европски вредности, но и суштински елементи на процесот на европска интеграција. Во овој контекст, утврдувањето на одговорноста за воените злосторства е од особено значење. Изминувањето на времето не ја намалува одговорноста на институциите да постапуваат по тешките кривични дела и да обезбедат правда за жртвите и преживеаните. Затоа, Европската Унија силно ги поддржува напорите за зајакнување на соработката меѓу обвинителствата и правосудните институции во регионот. ЕУ го препознава поврзувањето на правдата, регионалната соработка, помирувањето и вклучувањето на граѓаните како важен дел од европската перспектива на Западен Балкан.“ На агендата е и примената на принципот non bis in idem во прекугранични предмети и правните аспекти при повторно отворање предмети кои биле затворени во друга јурисдикција. Посебна сесија е посветена и на идната соработка на Меѓународниот резидуален механизам за кривични трибунали со јурисдикциите во регионот, по одлуката на Советот за безбедност на Обединетите нации во однос на неговиот мандат. Постојаниот претставник на УНДП во Северна Македонија Армен Григорјан, нагласи: „Правдата не зависи само од формалните механизми, туку и од силните професионални врски, довербата и континуираната соработка меѓу институциите. Токму затоа, преку проектот ‘Поддршка на ЕУ за градење доверба во Западен Балкан’, финансиран од Европската Унија, создаваме простор обвинителите и другите правосудни професионалци од регионот да разменуваат искуства, да разговараат отворено за практичните предизвици и да ја зајакнуваат меѓусебната соработка. Нашата заедничка цел е правда која е професионална, кредибилна, заснована на човековите права и насочена кон потребите на жртвите,“ изјави Григорјан. Конференцијата се организира во рамките на проектот „Поддршка на ЕУ за градење доверба во Западен Балкан“, финансиран од Европската Унија и имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации УНДП. Една од главните цели на проектот е зајакнување на владеењето на правото и поддршка на ефективната регионална соработка во постапувањето по предмети за воени злосторства и други тешки кривични дела, со примена на пристап заснован на човековите права и насочен кон потребите и правата на жртвите. Конференцијата ќе заврши на 24 септември со усвојување заклучоци и препораки, со цел дискусиите и разменетите искуства да се преточат во практични насоки за натамошно унапредување на соработката меѓу обвинителските институции во регионот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРубио: „Знаеме како ќе заврши војната во Украина“Американскиот државен секретар Марко Рубио во интервју за радио „WABC“ изјави дека војната во Украина не е добра за ниту една од страните и дека Вашингтон знае како таа ќе заврши.Затоа, додаде тој, има целосна логика таа да се запре. „Но, за жал, во надворешната политика и во вакви прашања, она што е логично не е секогаш она што навистина се случува“, истакна Рубио. Според него, американскиот претседател Доналд Трамп изјавил дека Америка „ќе продолжи да презема активности“. „Значи, секаде каде што постои можност за напредок и за надминување на јазот меѓу двете страни, претседателот ќе биде подготвен да го стори тоа. И ние ќе продолжиме да се обидуваме да го постигнеме тоа“, додаде Рубио. Американскиот државен секретар исто така рече дека војната на Русија против Украина нема да заврши со воена победа за ниту една од страните, туку преку преговори: „Таа нема да заврши со одлучувачка воена победа за едната или за другата страна. Ќе заврши со договор постигнат преку преговори. И колку побрзо се случи тоа, толку помалку животи ќе бидат загубени и помало ќе биде уништувањето“. Извор: Б92Тагови: Марко Рубио Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Има големни злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01
МакедонијаСДСМ: Арамијата Мицкоски ги турна земјоделците во длабока криза - мерките на СДСМ се спасАрамијата Мицкоски ги турна земјоделците во катастрофлано лоша состојба.Нема откуп. Родот им скапува на нивите. А и тоа малку што се откупува, се плаќа по понижувачки цени. Земјоделците работат од утро до мрак, вложуваат сè што имаат, а на крајот не можат ниту да ги покријат трошоците. Сите земјоделци се погодени од лошите и криминални политики на Арамијата Мицкоски. Затоа, поднесовме Закон за финансиска поддршка на земјоделците. Сега кога им е неопходна. За лозарите - 8 денари за секој килограм произведено и продадено грозје од сортите „Вранец“ и „Кратошија“. За оние кои нема да успеат да го продадат грозјето – 300.000 денари по хектар за пријавни лозови насади. -За производителите на пиперка „ајварка“ 10 денари по килограм продадена пиперка, плус 200.000 денари по хектар за евидентираните засадени површини. -За производителите на пченица 5 денари по килограм, без разлика дали пченицата е продадена на регистриран откупувач или е складирана во евидентиран склад. -За сточарите 8.000 денари по грло говедо за производство на млеко и месо. -За оризарите 10 денари по килограм произведена и продадена оризова арпа кај регистриран откупувач во 2026 година. Корисници ќе бидат и земјоделските стопанства регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства. Земјоделството е производство, егзистенција и сигурност за илјадници семејства. Не да се распродава македонската земја зa туѓи профити. Не земјата и водата да им се ставаат на располагање на туѓи бизнис-интереси. Не луѓето што произведуваат храна да се оставаат без земја, без вода, без откуп и без поддршка. Поддршка за земјоделците сега! Да, за Македонија да застане зад оние кои ја хранат! Прес конференција на СДСМ, Симона Цветаноски – членка на ИО Скопје, 23.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Има големни злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50Мицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01