ТенисЃоковиќ: На Мундијалот ќе навивам за БиХ и Хрватска Големата ѕвезда на светскиот тенис Србинот , Новак Ѓоковиќ изјави дека на претстојниот фудбалски Мундијал во Бразил ќе навива за селекциите на Хрватска и БиХ , но и дека има и други репрезентации кои му се допаѓаат.-Навистина е многу тешко да се одбере фаворитот на Светскиот фудбалски шампионат, има многу одлични тимови . За жал, Србија не игра, па јас ќе навивам за нашите соседи Хрватска и Босна и Херцеговина. Го сакам фудбалот и сигурно ќе го гледам Мундијалот, претпоставувам како и останатите тенисери. Тука се Шпанија, домаќинот Бразил, Германија е секогаш силна , тешко е да се каже ,а и не сум стручњак за фудбал, што значи подобро е да се држам до тенисот, изјави со насмевка на лицето Новак Ѓоковиќ. Инаку по победата над Шарди , Ѓоковиќ во 3 коло на Ролан Гарос ќе се сретне со неговиот голем пријател Хрватот Марин Чилиќ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп го преименува езерото Онтарио, канадскиот премиер реагираТрамп потпиша извршна наредба со која се наредува езерото Онтарио да се нарекува Езеро Америка Канадскиот премиер Марк Карни вчера изјави дека езерото Онтарио ќе продолжи да се нарекува така, откако американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која им наредува на американските федерални агенции да го нарекуваат Езеро Америка. „Името е старо над 400 години и датира и од Канадската конфедерација и од Декларацијата за независност на Соединетите Американски Држави“, продолжи тој. „Знаеме дека Америка се менува. Нејзините трговски односи, нејзината надворешна политика, нејзините национални споменици, нејзините хидроними“, напиша Карни на X. Хидронимите се имиња на водни тела и водни патишта. „Канаѓаните исто така знаат дека работите треба да се нарекуваат со нивните вистински имиња: Езеро Онтарио - тогаш, сега и секогаш“, додаде тој. The name Lake Ontario comes from the Wendat word Ontari’io, which, appropriately, means “the lake is beautiful, the lake is big”. The name is more than 400 years old, predating both the Confederation of Canada and the Declaration of Independence of the United States of America.… — Mark Carney (@MarkJCarney) August 27, 2026 Трамп нареди промена на името Трамп потпиша извршна наредба со која се наредува езерото Онтарио да се нарекува Езеро Америка во документите, мапите и комуникациите на федералната администрација на САД. Иако рече дека промената ќе стапи на сила веднаш, наредбата му даде на американскиот секретар за внатрешни работи 30 дена да ја спроведе во консултација со Одборот за географски имиња. Одлуката не е обврзувачка за Канада или меѓународните институции. Езерото Онтарио е едно од петте Големи езера во Северна Америка, кое се наоѓа помеѓу канадската покраина Онтарио и американската држава Њујорк. Извор: Индекс.хрТагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретрес во Кочани, лишени од слобода две лицаНа 27.08.2026 полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода Д.С.(42) и В.З.(26) двајцата од Кочани, по претходни оперативни сознанија дека се сторители на повеќе тешки кражби на подрачјето на ОВР Кочани. Извршен е претрес во нивните домови, со претходно издадена судска наредба, при што биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривично дело по член 236 од Кривичниот законик на РМ. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави.Тагови: кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
МакедонијаЛишен од слобода возач од Шведска, на автопатот А- 1 возел со двојно поголема брзина од дозволенатаНа 27.08.2026 околу 16:00 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „фолксваген“ со српски национални ознаки, управувано од М.С.(39) од Шведска. При извршена проверка преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека М.С. бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно на автопатот А-1, во близина на Демир Капија, управувал со возилото со брзина од 175 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час. М.С. е лишен од слобода и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.Тагови: поголема брзина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook