Ѓоковиќ: Лут сум и разочаран - Канал 5

Ѓоковиќ: Лут сум и разочаран

Рафаел Надал во фантастичен меч со 3:1 во сетови го победи првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ, а во полуфиналето на Ролан Гарос ќе игра против Германецот Александар Зверев.

Ѓоковиќ: Лут сум и разочаран

Публиката на теренот на Филип Шатрие отворено навиваше за Надал, а Ѓоковиќ во неколку наврати беше исвиркуван.

"Секогаш е големо разочарување кога ќе загубиш од најголемиот ривал. Можев да го добијам четвртиот сет и да го одведам мечот до петти, а потоа сѐ ќе беше отворено. Штета, имав две сет-топки, мој сервис ... Публиката го сврте натпреварот, таа беше 99,9 проценти на негова страна и толку.

"Бекхендот не ме служеше, направив многу грешки. Тој го искористи тоа и ми сервираше најмногу на бекхенд. Иако се вратив, тие удари беа кратки, па тој можеше да го диктира темпото од форхендот од средниот ред", изјави Ѓоковиќ. , додавајќи:

"Разочаран сум и лут, но морам да го прифатам поразот. Ова не ми е прв ниту последен пораз. Имав толку големи и болни порази во кариерата, знам што да правам и како да се вратам уште посилен. Поразите како овој се можност да се мотивирам“, заклучил тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Во Белгија немав политички средби, но имав состаноци со инвеститори

Еднонеделната посета на Белгија на премиерот и неговото семејство била без политички средби но тој одржал состаноци со странски инвеститори, одговори премиерот Христијан Мицкоски на опозициските обвинувања.

Мицкоски: Во Белгија немав политички средби, но имав состаноци со инвеститори

Еднонеделната посета на Белгија на премиерот и неговото семејство била без политички средби но тој одржал состаноци со странски инвеститори, одговори премиерот Христијан Мицкоски на опозициските обвинувања за наводно водење тајни преговори за европската иднина на Македонија за време на семејното патување. Целта на семејното патување во Белгија, како што појасни Мицкоски, била посета на историско-културни места во земјата.

-Дел од воспитувањето кое што го имам јас со моите два сина е да, еднаш годишно, отприлика викенд, четврток – недела, одиме во некој европски град и таму посетуваме значајни, би рекол, места и разговараме и ја изучуваме историјата на таа држава. // Рековме екскурзијата да ја прошириме и тоа да биде научно-образовна екскурзија во Белгија. // Да, бев три дена во Брисел и немав политички средби, исто така правевме обиколка во Брисел, имав три средби со инвеститори, кои што во Македонија се во завршна фаза на постигнување договор,- - Христијан Мицкоски, претседател на Влада.

Како што велат од опозициската СДСМ, премиерот во Брисел одел на „неофицијални“ разговори и средби за европскиот пат на државава, без знаење и учество на дипломатијата, туку со семејството. Од СДСМ посочуваат дека доказ оти имало разговори зад затворени врати, биле неодамнешните изјави на шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски и на евроамбасадорот Михалис Рокас.

-Што договараше Мицкоски „под радар“ на екскурзијата во Брисел? Како е можно шефот на државата да носи со себе сопруга и деца на средби од кои зависи судбината на два милиони граѓани? Одговорот е еден и јасен: Мицкоски ја третира Македонија како своја приватна сопственост. // Граѓаните имаат право да знаат: Што е договорено? Што е прифатено? Што е скриено? Македонија не е приватна фирма на Мицкоски, иако тој ја гледа така и нејзината иднина не се договара на семејни екскурзии,- -СДСМ.

Премиерот Мицкоски денеска беше прашан и за коментар на изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ кој рече дека српската црква е „иста и во Скопје и во други градови низ светот“. Мицкоски не сакаше да ја коментира оваа изјава која предизвика и реакција од МПЦ – ОА , бидејќи како што рече, не сака да навлегува во комуникација која што прилега на минатиот век.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода

Меѓу гостиварци полека се враќа довербата дека водата од градскиот водовод е исправна и безбедна за пиење. 

Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода

Велат дека ги почитуваат инструкциите на надлежните и повторно ја користат водата од чешмите, но сепак, по речиси еден месец неизвесност, од од нив и натаму пристапуваат со претпазливост.

Дел од Гостиварци велат довербата не се враќа преку ноќ, но добро е што сите инстутуции се обединија и брзо реагираа. Особено претпазливи се оние кои во изминатиот период поминале и низ здравствена голгота и побарале лекарска помош, па велат и стравот оправдано е тука.

Надлежните најавија дека редовниот мониторинг на водоводот ќе продолжи и во иднина и дека наместо сегашните два пати, анализите ќе се вршат три пати неделно. Проблемот со загадувањето на водоснабдителниот систем во Гостивар предизвика здравствени проблеми кај околу 5.000 жители.

Откако анализите покажаа неисправност, на 17 јули беше воведена забрана за нејзино користење за пиење. Во меѓувреме следуваа повеќе лабораториски испитувања и земање мостри од водоводниот систем и хиперхлорирање, а граѓаните беа принудени да користат флаширана вода или вода од цистерни.

За случајот со загадувањето на водата со фекалии, Артана Асани, Леон Уредини и Вадедин Дервиши, кои беа на раководните позиции во ЈП „Комуналец“, добија 30-дневен притвор.

Тие се осомничени дека со дејствија поврзани со водоснабдителниот систем овозможиле мешање на загадена вода со водата наменета за пиење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шест активни пожари во Македонија, еден под контрола

На територија на државата активни се шест пожари, а еден е под контрола. Центарот за управување на кризи информира дека регистрирани се вкупно 27 пожари од кои 20 се изгаснати.

Шест активни пожари во Македонија, еден под контрола

Активни се пожарите на потегот меѓу селата Моране – Вртекица – Рамни Габер, кај месноста Видуш, кај село Драгов Дол и кај село Локвица во општина Македонски Брод и кај селото С’лп во општина Велес.

Активни пожари има и кај селото Копанце во општина Јегуновце, кај селата Борино – село Житоше во општина Крушево и кај селото бојане во општина Сарај..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер