Ѓоковиќ ќе присуствува на последниот турнир на Надал - Канал 5

Ѓоковиќ ќе присуствува на последниот турнир на Надал

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека лично ќе присуствува на последниот турнир во кариерата на неговиот голем ривал Рафаел Надал.

Ѓоковиќ ќе присуствува на последниот турнир на Надал

- Ти посакувам најдобро збогум во Малага со Дејвис куп тимот. Ќе бидам таму лично да оддадам почит на твојата блескава кариера, напиша Ѓоковиќ на својот профил на социјалните мрежи.

Во четврток, 10 октомври, 38-годишниот Шпанец објави дека ќе се повлече од професионалниот тенис по финалето на Дејвис купот во 2024 година, кое ќе се одржи од 19 до 24 ноември во Малага.

Репрезентацијата на Шпанија во четвртфиналето на екипниот турнир ќе игра со Холандија.

Ѓоковиќ нема да игра во Малага бидејќи српската екипа испадна во групната фаза на натпреварувањето. /МИА

Претседателот на Кенија повика полицијата да им пука во нозе на антивладините демонстранти

Кенискиот претседател Вилијам Руто денеска, по повод неодамнешните антивладини протести во кои загинаа десетици луѓе, изјави дека нема да дозволи анархија во земјата.

Претседателот на Кенија повика полицијата да им пука во нозе на антивладините демонстранти

Руто рече дека „е доста“ и ја повика полицијата „да им пука во нозе“ на оние кои се вклучени во ограбување и палење бизниси. Тој тврди дека незадоволството е политички мотивирано и оти неговите политички ривали сакаат да ја соборат неговата влада со насилство.

Во Кенија со недели има големи демонстрации, откако познат блогер почина во полициски притвор минатиот месец, што разлути многу Кенијци. Тензиите дополнително се зголемија откако полицаец пукаше во цивил од непосредна близина, за време на демонстрациите поради полициска бруталност.

Во понеделникот, полицијата постави барикади на сите патишта кои водат до центарот на главниот град Најроби. Полицијата се судри со демонстрантите на периферијата на градот, во 17 од 47 окрузи низ земјата, при што загина 31 лице, а повеќе од 100 беа повредени. Повеќе од 500 други се уапсени.

Вкупно 50 луѓе загинаа во изминатите две недели за време на демонстрациите. Високиот комесар на ОН за човекови права, Фолкер Тирк, во вторникот повика на решавање на проблемите што доведоа до протестите. Граќански групи повеќе пати повикаа на воздржаност од страна на полицијата за време на демонстрациите.

Бујар Османи во „Само Интервју“

Дами и господа, утре во Само Интервју ќе гостува поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи.

Бујар Османи во „Само Интервју“

Дали по студениот туш од ЕУ, и бришењето на референците за "македонски јазик и идентитет“, излезе на површина суштинскиот проблем во односите со Бугарија? Верува ли се уште дека Францускиот предлог е вистинскиот пат, а уставните измени единствениот услов за ЕУ, или е време за отрезнување и нова стратегија за излез од ќорсокакот во кој сме веќе 3 години?

Можни ли се воопшто добрососедски односи, со негаторски ставови од другата страна?

Лани беше кандидат за Претседател на државата..: што воопшто му е предизвик сериозно да размислува за кандидат за градоначалник на Чаир? Ќе соработуваат ли со СДСМ за локалните избори и каква разрешница ќе има во етничкиот албански блок по локалните избори?

Утре кај Гоце Михајлоски во Само Интервју ќе гостува Бујар Османи, веднаш по централните вести.

Шефот на израелската дипломатија оптимист за договор за прекин на огнот во Газа

-Израел е решен да постигне договор за заложниците и за прекин на огнот. Верувам дека е можно, изјави Сар во Братислава.

Шефот на израелската дипломатија оптимист за договор за прекин на огнот во Газа

Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар денеска изјави дека е оптимист во врска со постигнувањето договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Појасот Газа, велејќи дека доколку се постигне привремено примирје, Израел ќе преговара и за трајно примирје.

-Израел е решен да постигне договор за заложниците и за прекин на огнот. Верувам дека е можно, изјави Сар во Братислава.

Шефот на израелската дипломатија додаде дека, доколку се постигне привремено примирје, неговата земја ќе преговара и за трајно примирје.

Војната во Појасот Газа започна во октомври 2023 година.

притисни ентер