Ѓоковиќ го прекина тренингот на пет дена пред Австралија Опен, фановите загрижени - Канал 5

Ѓоковиќ го прекина тренингот на пет дена пред Австралија Опен, фановите загрижени

Новак Ѓоковиќ се подготвува за Австралија Опен каде ќе се обиде да ја освои десеттата титула.

Ѓоковиќ го прекина тренингот на пет дена пред Австралија Опен, фановите загрижени

Во рамките на подготовките за турнирот, тој требаше да одигра 75-минутен тренинг меч со Данило Медведев, но го прекина на половина откако Русинот го доби првиот сет со 6:4.

Српскиот тенисер се пожали на болки во левата нога и за време на турнирот во Аделаида кој го освои, а истото му оневозможи да тренира како што планирал. Тој побарал лекарска помош, по што било констатирано дека е најдобро да престане да игра и да ја одмори ногата. Некои медиуми пишуваат и дека почувствувал болка во коленото, а самиот Ѓоковиќ објасни за што точно се работи.

"Тоа е од последниот натпревар кој ми пречеше минатата недела во Аделаида. Чувствував дека се стега и не сакав да ризикувам да се влоши. Го одиграв сетот и му се извинив на Медведев. Тој ме разбра. Само сакам да избегнам каква било можност за поголем страв пред почетокот на Австралија опен“, изјави Ѓоковиќ.

Австралија опен започнува во понеделник.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водата од водоводот во Демир Капија се забранува за пиење и подготвување на храна!

По добиените резултати од анализите на примероците земени во понеделник и вторник, од истото мерно место, добиени се различни резултати.

Водата од водоводот во Демир Капија се забранува за пиење и подготвување на храна!

Анализата на примерокот земен во понеделник од страна на Институтот за јавно здравје – Скопје покажува дека водата не ги исполнува условите пропишани со правилникот за вода за пиење.

Од друга страна, анализата на примерокот земен во вторник од страна на Центарот за јавно здравје – Велес покажува дека водата ги исполнува условите согласно правилникот за вода за пиење.

Поради различните резултати, во понеделник ќе биде извршена супер анализа.

Затоа, водата од водоводот во Демир Капија се забранува за пиење и подготвување на храна!

Забраната ќе важи до добивањето на конечните резултати од супер анализата.

ЈКП „Бошава“ – Демир Капија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар – кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?

Владата треба веднаш јавно да го објави целосниот извештај и анализите за водата во Гостивар.

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар – кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?

Несериозно и неодговорно е, по сè што се случуваше во Гостивар, од граѓаните повторно да се бара да веруваат само на изјави.

Особено затоа што власта постојано даваше различни информации а изјавите на владините функционери во изминатите пет недели беа различни и контрадикторни.

Прашање е и зошто досега ниту еднаш јавно не е објавена целосна анализа на водата за Гостивар?

Нема документ. Нема извештај.

Затоа СДСМ бара Владата денеска да овјави целосен извештај за водата во Гостивар.

Кои се резултатите од анализите и која институција ги извршила?

Кој го потпишал извештајот?

Кој одобрил користење на водата и кој со својот потпис гарантира дека таа е безбедна за граѓаните?

По 5.000 илјади граѓани со здравствени проблеми и по сите контрадикторни информации од институциите, повеќе нема простор за усни уверувања.

За здравјето на граѓаните мора да постои документ, стручна анализа, институционална одговорност и потпис.

Граѓаните бараат една едноставна работа: чиста и безбедна вода и имаат право да ја знаат целата вистина.

Бидете барем еднаш сериозни и одговорни - објавете документ.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

72 санкции за возачи на лесни електрични возила на територија на цела држава

За време на контролата санкционирани се и 260 други видови на прекршоци.

72 санкции за возачи на лесни електрични возила на територија на цела држава

Во текот на вчерашниот ден (13.08.2026) во периодот од 17:00 до 22:00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на прекршоци кои ги прават возачите на лесни електрични возила на територијата на целата држава, при што санкционирани се 72 возачи.

Од нив, по 11 на територијата на СВР Тетово и СВР Битола, осум на територија на СВР Велес, седум на територија на СВР Куманово... Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани се 20 возачи на лесни електрични возила. За време на контролата санкционирани се и 260 други видови на прекршоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер