Ѓоковиќ фуриозно до полуфиналето на турнирот во Пекинг - Канал 5

Ѓоковиќ фуриозно до полуфиналето на турнирот во Пекинг

Најдобриот светски тенисер ,Србинот Новак Ѓоковиќ со експресна победа над Сем Квери се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот во Пекинг.

Ѓоковиќ фуриозно до полуфиналето на турнирот во Пекинг
Ѓоковиќ со фуриозна игра го декласираше Квери препуштајќи му во двата сета само 3 гема , еден во првиот и два во вториот сет.

Лидерот во светскиот тенис за место во уште едно финале во Пекинг ќе игра против Французинот Ришар Гаске.

Ѓоковиќ на турнирот во Пекинг е бранител на трофејот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Историски пресврт: Венецуела им дозволи на Американците да ги користат 25 години нивните нафтени полиња

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, денес изјави дека енергетскиот договор со САД ќе биде во сила следните 25 години.

Историски пресврт: Венецуела им дозволи на Американците да ги користат 25 години нивните нафтени полиња

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, денес изјави дека енергетскиот договор со САД ќе биде во сила во следните 25 години, со кој е договорено зголемување на производството на сурова нафта и задржување на суверенитетот на земјата над природните ресурси, истакна таа.

„Историски договор“

Родригез вели дека ова е историски договор што ќе помогне во оживувањето на економијата и зголемувањето на владините приходи.

Овој 25-годишен билатерален проект вклучува развој на 17 стратешки нафтени полиња, со цел да се има производство од повеќе од 1,5 милиони барели дневно. Таа бројка се однесува исклучиво на билатералниот договор меѓу Венецуела и САД“, рече Родригез на државната телевизија.

Трамп: Обезбедивме мнозинска контрола врз нафтените резерви на Венецуела

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот изјави дека САД, преку партнерства со приватни компании, обезбедиле мнозинска контрола врз нафтените резерви на Венецуела, кои надминуваат 65 милијарди барели. САД на тој начин ќе ја рестартираат мртвата енергетска индустрија на таа јужноамериканска земја, рече тој, а новиот извор на сурова нафта ќе помогне и во намалувањето на цените на горивата во САД.

Венецуела е земјата со најголеми резерви на нафта во светот. Сепак, по години недоволно инвестирање, лошо управување и санкции, нејзиното производство е 1,25 милиони барели дневно, под нејзиниот потенцијал.

Родригез истакнува дека договорот со САД би можел да ѝ донесе на земјата 209 милијарди долари приходи, според пресметка во која цената на барелот била 65 долари.

Протести против Американците

Дополнително, тој забележува дека Венецуела го задржала сопствеништвото и суверенитетот над своите природни ресурси, а во исто време „користи капитал, технологија и оперативна експертиза за да ја обнови стратешката индустрија која е силно погодена од санкциите“. Претходно, неколку провладини групи се собраа во главниот град Каракас за да протестираат против присуството на САД во Венецуела.

Венецуелските власти планираат да потпишат договор следната недела со кој ќе им се дадат на неколку компании, вклучително и на американските, права за истражување и производство на нафта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

И првиот човек на Мерцедес е воодушевен од новиот електричен CLA 45 (ФОТО)

Новиот електричен Mercedes-AMG CLA 45 постави рекорд во класата на патеката во Нирбургринг претходно овој месец, со време на круг од 7:32.070. 

И првиот човек на Мерцедес е воодушевен од новиот електричен CLA 45 (ФОТО)

Го напојуваат три електрични мотори со вкупна моќност од 671 КС и 1759 Nm вртежен момент, што го прави сосема различен концепт од неговиот претходник. Meрцедес вели дека автомобилот, и покрај преминувањето на електричен погон, сепак е забавен за возење.

Обидувајќи се да го задржи чувството на V8

Следејќи го примерот на претходно презентираниот електричен AMG GT 4-Door, Mercedes-AMG се обиде да ги зачува карактеристиките на своите автомобили со класични мотори во моделот CLA 45. Ова се постигнува со симулирање на менување брзини и звучно поле кое во основа имитира 2,0-литарски четирицилиндричен турбо мотор. Сепак, шефот на Mercedes, Ола Калениус, неодамна откри дека системот може да го реплицира и звукот на V8 мотор.

„Првото возење на моделот CLA 45 со тој систем беше вистинско откритие за мене“, изјави Калениус за Autocar. „Тоа беше најдобриот V8 мотор што некогаш сум го возел: дава целосен V8 изглед, но со поголема моќност и вртежен момент.“

Интересно е што Mercedes-AMG не ја спомена можноста за звук на V8 на премиерата на автомобилот, туку само репликација на четирицилиндричниот мотор. Новите AMGForce „тресечи“, елементи вградени во предните седишта што произведуваат вибрации и на тој начин ја имитираат работата на класичен мотор, даваат дополнителна димензија на искуството. И покрај напорот, останува отворено прашање дали ова е навистина „најдобриот V8“ што го возел Калениус.

Перформанси и технички податоци

Новиот електричен CLA 45 забрзува до 100 km/h за 3,0 секунди, а со пакетот AMG Dynamic Plus достигнува максимална брзина од 270 km/h. Опремен е со батерија со капацитет од 94 kWh, што според WLTP стандардот овозможува опсег од 670 километри.

Варијантите CLA 200 (272 КС), 250+ (272 КС) и 350 4Matic (352 КС), сите почнувајќи од 49.090 евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Тимчо Муцунски ќе учествува на 21. Бледски стратешки форум

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре и задутре ќе учествува на 21. меѓународна конференција – Бледски стратешки форум, во Блед, Република Словенија.

Министерот Тимчо Муцунски ќе учествува на 21. Бледски стратешки форум

Во рамките на форумот, кој оваа година се одржува на тема „Моќта да ја обликуваме иднината“, министерот Муцунски ќе биде говорник на панел-дискусијата „Геополитички превирања: Централна и Југоисточна Европа во свет на коридори, безбедност и проширување“, во рамките на која ќе бидат разгледани геополитичките трансформации што ги редефинираат меѓународните односи.

Покрај учеството во официјалната програма, министерот Муцунски ќе присуствува и на работен појадок со министрите за надворешни работи од регионот, на кој ќе се направи пресек на актуелните состојби и предизвици на Западен Балкан.

На маргините на настанот, предвидено е министерот Муцунски да оствари повеќе билатерални средби со колеги министри, како и со претставници на меѓународни организации, учесници и гости на форумот, соопштуваат од МНРиНТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер