Ѓокиќ : Пријавата против мене е пријава против целата академска заедница - Канал 5

Ѓокиќ : Пријавата против мене е пријава против целата академска заедница

Тој по два и пол часа присуство во полиција заедно со адвокат нагласи дека не сторил кривично дело или злоупотреба на службената положба.

Ѓокиќ : Пријавата против мене е пријава против целата академска заедница

Ректорот на Универзитетот во Белград, Владан Ѓокиќ претпладнето беше повикан во Управата на крим-полицијата каде како граѓанин даде изјава за да соберат информации во предистражната постапка кон него за кривичното дело злоупотреба на службената положба. Тој по два и пол часа присуство во полиција заедно со адвокат нагласи дека не сторил кривично дело или злоупотреба на службената положба.

„Вчера добив покана за присуство во полициска станица поради кривична пријава, дадов изјава каде изјавив дека сметам дека не сум сторил никакво кривично дело, ниту пак кривично дело злоупотреба на службената положба. Ова е всушност пријава не само против мене, туку против сите декани, професори, студенти и против целата наша академска заедница,за која се надевам дека ќе остане обединета и едиствена...Ви благодарам на сите што сте овде денеска и им благодарам на сите што ме поддржуваа сите овие месеци, рече тој откако ја напушти полициската управа.

Стотици членови на академската заедница, студенти и граѓани околу 9 часот се собраа пред Управата на полицијата за да му дадат поддршка на ректорот. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница

Кандидатот на коалицијата Твоја Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски победи на изборите во Брвеница..

Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница

Зад него, е кандидатот на Националната алијанса за интеграција Аркин Јахији, соопштија од ДИК.. Според резултатите, сосема извесно е дека двајцата ќе се соочат во вториот круг за две недели..

Кандидатот за градоначалник на Општина Брвеница од ВРЕДИ, Јакуп Хусеини синоќа беше во штабот на кандидатот на „Национална алијанса за интеграција“ предводена од ДУИ, Аркин Јахиј за да му го честита влезот во вториот круг од предвремените локални избори.На фотографиите и видеата што ги објавија повеќе медиуми, се гледаат двајцата кандидати во прегратка во присуство на повеќе партиски поддржувачи.

„За трпението, храброста, трудот од двата табора и верувам дека само вака може да одиме напред“,вели Јахији на видеото.

Кандидатот на „Национална алијанса за интеграција“, Аркин Јахиј веќе е извесно дека во вториот круг од локалните избори во Брвеница ќе оди со кандидатот на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДМПНЕ, Стојанче Радически кој освои најмногу гласови 2 943 гласа, втор е кандидатот на „национална алијанса за интеграција“ предводена од ДУИ, аркин јахиј со 2 152 гласа, трет е Јакуп Усеини од ВРЕДИ со 1 528 освоени гласа, а следуваат Јовица Радески од коалицијата предводена од СДСМ со 706 и независните кандидати – Душан Богдановски со 55 и Арифе Идризи со 21 глас.Изборите во Брвеница се одржуваат откако на 58-годишна возраст почина дотогашниот прв човек на општината, Јовица Илиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево со мала до умерена локална облачност

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и источните делови, информираат од Управата за хидрометеролошки работи. 

Сончево со мала до умерена локална облачност

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степен.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно време. Во четврток и во петок се очекуваат врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и пообилни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 19. октомври 2026 година

Дневен хороскоп за понеделник, 19. октомври 2026 година. 

Дневен хороскоп за 19. октомври 2026 година

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе дојде до преоден немир во вашите лични односи. Вие ќе бидете премногу револуционерни , а партнерот чувствителен.

Кариера

За да ги исполните своите нови идеи , прво ќе довршите една работа што сте го оставиле на страна.

Здравје и совет

Поминете некое време во тишина.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Уште малку ќе се натегате во личните односи , но не толкави за да ги загрозите.

Кариера

Денот е одличен за да се посветите на домот, семејството, својот семеен живот. Работата ќе ја извршувате автоматски.

Здравје и совет

Почнете со поправки по дома.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе успеете да ги надминете несогласувањата и незадоволството во врската и повторно ќе постигнете завидна рамнотежа во односите.

Кариера

Она што порано ви пречеше , сега ќе се сврти во ваша корист. Затоа денеска ќе работите полесно , побрзо и поквалитено.

Здравје и совет

Подобрување.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

И натаму ќе се усогласувате со партнерот , но очигледно е дека има многу добра волја од двете страни , па ќе се среди.

Кариера

Ќе најдете заеднички јазик со оние со кои работите. Оние кои не работат, ќе уживаат без поголеми проблеми.

Здравје и совет

Можете малку да се опуштите.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Повеќето од вас ќе почувствуваат денеска потреба за домашен живот со саканата личност. Останувате дома.

Кариера

Во деловните контакти не ги презентирајте новите идеи , зашто ќе се покаже дека сте пред времето. Засега зачувајте ги.

Здравје и совет

Не брзајте.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ќе ги оставите зад себе љубовните грижи и ќе се обидете да се свртите кон поведрата страна. Ќе успеете да го активирате потенцијалот на својот хумор.

Кариера

Не сте свесни колку сте напредни. Тоа денеска ќе ви стане целосно јасно преку соработка со другите.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

вашиот партнер ќес е согласи на некои компромиси , но и натаму ќе треба да вложувате доста напор во меѓусебната комуникација.

Кариера

На работното место сте популарни , но тоа не значи дека ќе ви прогледаат низ прсти. Треба да се работи.

Здравје и совет

Заинтересирајте се за растителни чаеви.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Не приговарајте доколку тоа не е сосема оправдано . И натаму треба да го тестирате секој збор , за да не дојде до недоразбирање.

Кариера

Весело ќе сонувате за викендот пред вас , па малку ќе ја занемарите работата. Внимавајте да не ви се поткрадне грешка.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Денеска би можеле да се покажете како многу пријатен домаќин на своите драги гости , било да живеете во двојка или да сте сами.

Кариера

Ќе се ослободите од секоја мисла за работата , за која знаете дека добро ви оди. Денот е како создаден за уживање.

Здравје и совет

Нема грижи , ниту напори.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Во својот стил за заведување ќе воведете повеќе фантазија и сензуалност. На многумина тоа ќе им се допадне.

Кариера

Оние кои денеска мора да одат на работа , ќе настојуваат на работното место да донесат свежина , уметност и убавина.

Здравје и совет

Имате добри идеи.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ако се обидувате да доминирате во врската , нема да успеете. рамноправна соработка и договарање се подобра опција.

Кариера

Вашите надредени и колегите ќе постигнат договор , но вие нема најдобро да го прифатите , зашто има детали кои не ви одат во прилог.

Здравје и совет

Ќе најдете компромис.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Можеби денеска ќе бидете поскромни во љубовните барања , а не треба. Имате право на љубов.

Кариера

Најдобро ќе се чувствуваат оние кои работат самостојно , зашто им пречи влијанието на надредени.

Здравје и совет

Денот е добар за опуштање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер