Ѓокиќ потпиша едногодишен договор со Вардар - Канал 5

Ѓокиќ потпиша едногодишен договор со Вардар

Црногорската репрезентативка Ана Ѓокиќ е 14.та ракометарка која годинава го засилува македонскиот шампион ЖРК Вардар СЦБТ. Искусниот пикер која со Црна Гора ја освои титулата европски првак со Вардар СЦБТ потпиша едногодишен договор.

Ѓокиќ потпиша едногодишен договор со Вардар
Таа е трета вардарка од редовите на актуелниот европски шампион и олимписки вицешампион и во Скопје им се придружува на Андреа Кликовац и на Јованка Радичевиќ.

Ѓокиќ е родена во Аранѓеловац, Србија, но како натурализиран играч настапува за селекцијата на Црна Гора. Во ЖРК Вардар СЦБТ доаѓа по една сезона помината во Русија, во екипата на Ростов. Претходно таа три сезони ги бранеше боите на Будуќност и беше дел од состав на црногорската екипа кој во 2012 ја освои Лигата на шампионите, постигнувајќи го клучниот гол во финалето со Ѓер. Во сезоната 2008/2009, Ѓокиќ настапуваше за Подравка Вегета, а најголем дел од кариерата помина во составот на Ѓер во Унгарија каде играше во периодот од 2002 до 2008 година. Професионалната ракометна кариера Ана Ѓокиќ ја почна во Напредак Крушевац во 1998 година од каде по три сезони се пресели во Унгарија што беше прв чекор во нејзината интернационална кариера.

Во репрезентативниот дел од нејзината биографија запишани се настапите за две репрезентации – прво за заедничката селекција на Србија и Црна Гора,а потоа за Црна Гора. Со репрезентацијата на Србија и Црна Гора, Ѓокиќ освои сребрен медал на Медитеранските игри во Алмерија во 2005 година. Со црногорската репрезентација настапи на СП 2011 во Бразил (10.место), освои сребро на ОИ 2012 во Лондон и на крај репрезентативната кариера ја круниса со злато на ЕП 2012 во Србија.

Во дресот на ЖРК Вардар СЦБТ, Ана Ѓокиќ заедно со другите засилувања, новата сезона ќе ја отворат на стратот од подготовките на 17 јули. /МИА


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателката на Европската централна банка - Кристин Лагар се повлекува од функцијата, веќе не сака да молчи

Претседателката на Европската централна банка - Кристин Лагард ќе се повлече 9 месеци порано од својата функција, бидејќи како што вели, повеќе не сака да молчи.

Претседателката на Европската централна банка - Кристин Лагар се повлекува од функцијата, веќе не сака да молчи

Лагард се пожали дека неутралноста која се очекува од централните банкари, која ја опиша како „цената за нивната независност„ повеќе не е нешто што може да го прифати. Околу тоа која од европските монетарни политики лагард ја смета за погрешна, засега нема информации, меѓутоа, нејзината оставка доаѓа откако ЕЦБ ги остави своите клучни каматни стапки непроменети, со депозитна стапка од 2,5%.

Иако одлуката била едногласна, таа порача на пазарите дека оваа пауза може да трае само до декември. Лагард пред оваа функција беше и директор на Меѓународниот монетарен фонд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-Канада

Во Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-Канада каде се очекува подетална разработка на партнерството кое иницијално беше наречено придружно членство на Канада во ЕУ,

Во Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-Канада

Во Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-Канада каде се очекува подетална разработка на партнерството кое иницијално беше наречено придружно членство на Канада во ЕУ, меѓутоа, Германија, Италија, Франција и Грција се спротивставија на оваа формулација, наведувајќи дека создава правна несигурност и преседан за други земји.

Сепак, на овој самит се очекува да се прошири соработката во повеќе клучни и стратешки области, вклучувајќи ја безбедноста и Арктикот, трговијата и инвестициите, со што Канада би ја заменила досега традиционалната улога на Соединетите Американски Држави како најголем партнер на ЕУ надвор од Европа.

И Канада и ЕУ се обидуваат да создадат алтернативни партнерства без САД под водство на претседателот Доналд Трамп, со оглед на неговите закани за царини кон ЕУ но и реториката дека ќе ја претвори Канада во 51-та држава на САД, што силно ги потресе добрососедските односи меѓу двете северноамерикански држави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четворица италијански државјани загинаа при уривање на воен хеликптер на ЕУФОР во Босна и Херцеговина

Четворица италијански државјани загинаа вчера при уривање на воен хеликоптер на ЕУФОР во близина на градот Горице во Босна и Херцеговина.. 

Четворица италијански државјани загинаа при уривање на воен хеликптер на ЕУФОР во Босна и Херцеговина

Мисијата ЕУФОР потврди дека нивниот авион се урнал за време на рутинска операција во областа Брчко..

Повредени се 12 лица.

Во несреќата не е оштетен цивилен имот или инфраструктура и нема повредени цивили.. Од ЕУФОР најавија целосна и темелна истрага за инцидентот и ќе објават повеќе информации откако ќе се утврдат сите факти.

Во исто време, ги повикаа граѓаните да ги следат само официјалните канали за да избегнат дезинформации..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер