РакометЃер обезбеди ново финале во Лигата на шампионитеАктуелниот европски првак Ѓер повторно обезбеди пласман во финалето на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите, откако го победи ЧСМ Букурешт со 26:20 .Ѓер ја искористи предноста на домашниот терен и натпреварот го почна со агресивна игра. Унгарските ракометарки доминираа на теренот и по десет минути игра имаа водство од 4:1. ЧСМ Букурешт по првичниот пад во играта, успеа да се консолидира особено во одбраната. Романките цело прво полувреме не успеаја да најдат решение во нападот, ако се земе предвид дека првиот гол го постигнаа во десетата минута, а Ѓер во првиот дел одржуваше постојано минимална предност и не успеа резултатски да се одвои. Поради многуте грешки на двете страни и слабата ефективност во резализацијата кај двата тима во првото полувреме имаше малку голови и на паузата се замина со резултат од 12:10 за Ѓер. Иако второто полувреме почна во истиот ритам, сепак романските ракометарки успеаја да ја подобрат реализацијата и во 43 минута стигнаа до израмнување. Меѓутоа тоа не беше доволно за пресврт и Ѓер ја врати предноста со серија од 4:0. Во последните десет минути ЧСМ Букуреш беше целосно исфрлен од игра, што резултираше со повисоко водство и победа за Ѓер од 26:20. Противник на бранителот на титулата во финалето ќе биде победникот од вториот полуфинален натпревар меѓу Вардар и Ростов Дон. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Од денеска М-ТАГ лентите на патарините само за корисниците со електонски таговиИзмените стартуваат од денеска, а на корисниците на М карта, на кои им е забрането да поминуваат во лентата за електронски таг, освен во лентите означени за М Карта, ќе можат да поминуваат и во лентите за плаќање во готово. Директорот на ЈП за државни патишта, Коце Трајановски во изјава за канал 5 ги објасни причините за ваквата новина, а напомена дека истата е најавена од први јуни. Сепак, и покрај навремената најава, нашата екипа за кратко време забележа неколку возила кои поради непочитување на новината, мораа да се вратат назад и да платат патарина на друга лента. Трајановски информира дека М Таг има на сите наплатни рампи, освен на патарината кон Гостивар за каде е планиран нов, затворен систем на напрата, а најави и соработка со соседните држави, со цел да се овозможи плаќање со М таг и надвор од државата. Трајановски апелира до возачите да ја почитуваат ова новина, со цел да се избегнат поголеми застои на патарините како и за поголема безбеднос и ефикаснос во сообраќајот.+ +Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Денеска и утре исплата на субвениците за тутунарите Во текот на денот и утре на сметките на тутунарите ќе легнат парите од субвенциите. Ова го соопшти премирот Мицкоски кој рече дека налогот за исплата на нешто над 32 милиони евра од платежната агенција е веќе во трезор за да се пуштат парите кон земјоделците. Премиерот Мицкоски посочи дека во 2024 година кога ја презеле власта исплаќале заостанати субвенции од 2021 година и дека сега за неполни две години веќе се исплаќаат тековните субвенции за 2025 година. -Ако се собере вкупниот број на исплатени субвенции од страна на владата на СДСМ и ДУИ во периодот 2021, 2022, и 2023 година како директни плаќања и поддршка на Програмата за рурален развој, тогаш ќе дојдеме до вкупна сума за три години помала од 14 милијарди денари. Оваа Влада, за две години, има исплатено околу 15 милијарди денари што значи една милијарда денари повеќе отколку што тие исплатија за три години. Тоа е вистината и ова се бројки – рече Мицкоски. Премиерот посочи дека огормна е разликата во односот кон тутунарите што се гледа според тоа дека четири години кога тутунот се откупувал по 150 денари а сега последните договори се за цена од 450 денари за килограм, што се одразува и во вкупно откупените количини кои тогаш биле од 16 до 18 илјади тони а сега се од 26 до 28 илјади тони на откупен суров тутун годишно Претходно преку соопштение опозициската СДСМ обвини дека премиерот ги излажал земјоделците и наместо ветувањата за поголем просперитет сега земјдоелците се соочуваат со намалени субвенции, ниски откупни цени и немање пласман. После 2 години власт земјоделството е на колена: субвенциите се намалени за 40 милиони евра и постојано каснат, откупот на земјоделски производи е намален за 46 проценти, трошоците за производство се зголемени, буквално нема сегмент во земјоделието каде нема сериозен проблем. Според СДСМ доказ за падот во земјоделството е состојбата во сточарството и кризата со откупот на млекото, кој во делови од земјава се најавува дека ќе запре а цената на млекото е падната за над 30%. Денес литар млеко според СДСМ се откупува за едвај дваесетина денари, цена која не ги покрива ниту основните производствени трошоци. Тагови: тутунари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМНРиТ најостро го осудува инцидентот што се случи денескаМинистерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро го осудува инцидентот што се случи денеска, при кој беше извршено опожарување на возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.Воедно, информираме дека Министерството за внатрешни работи презема соодветни мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија дава целосна поддршка на надлежните институции во насока на брза, ефикасна и транспарентна истрага, со цел утврдување на одговорноста и соодветно санкционирање на сторителот. МНРиТТагови: МНРиТ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗапалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје15:16Опожарени две возила со дипломатски таблички пред бугарската амбасада во Скопје14:10Мицкоски: Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер, „Брејнчајлд“ во Битола13:09Еврокомесарката за проширување на почетокот на јули доаѓа во посета на Македонија 15:00Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58
Мицкоски: Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер, „Брејнчајлд“ во Битола13:09
Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата12:58