Ѓеорѓијев бара одобрување за вработување на помошен-технички персонал во штипската болница - Канал 5

Ѓеорѓијев бара одобрување за вработување на помошен-технички персонал во штипската болница

Јас искрено се надевам дека министерот за финансии ќе одговори потврдно, бидејќи со некои места кои се побарани таму да ни бидат одобрени вработувања имаме сериозни проблеми. 

Ѓеорѓијев бара одобрување за вработување на помошен-технички персонал во штипската болница

Клиничка болница-Штип сè уште нема добиено одговор за вработување на околу 30 лица од страна на Министерството за финансии, истакна денеска директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев по врачувањето на донацијата на 10 електрични болнички кревети од Асоцијацијата Алзас Македонија – АЛМА со седиште во Стразбур.

-Јас искрено се надевам дека министерот за финансии ќе одговори потврдно, бидејќи со некои места кои се побарани таму да ни бидат одобрени вработувања имаме сериозни проблеми. Тука пред сè мислам од помошно-техничкиот персонал, како што се болничари, хигиеничари и на некои оддели имаме сериозен недостаток на тие извршители. Во оваа прилика апелирам и до министерството за финансии најбрзо што може да ни се потпише позитивно тоа решение, за може да ја спроведеме процедурата, бидејќи ние веќе на дел од одделите со недостаток на тој помошно-технички кадар се одразува на работата и на квалитетот на здравствените услуги, вели Ѓеорѓијев.

Посочи дека како болница бараат вработување над 20 лица од помошен-технички персонал, најголем дел од нив се болничари, хигиеничари, но како што вели имаат и неколку лица кои им требаат од занаетчиските струки, како што се парно ложач, електричар, водоводџија.

Прашан дали е почната грејната сезона на одделите во Клиничка болница-Штип, но и дали очекуваат проблеми со набавката на нафтата како и со цената на ова гориво и на струјата, Ѓеорѓијев со одговор дека поголем дел од одделите се греат на нафта. Пристигната е нафтата за главниот дел на болницата, како и за зградата за Физикална терапија.

-Полни се резервоарите, ние сме спремни да ја почнеме грејната сезона, ги направивме последните поправки на одделот за физикална терапија со парно системот, го поправивме системот и значи може да почне грејната сезона, вели Ѓеорѓијев.

Забележа дека штипската болница е од разбиен тип, односно дел од одделите не се во иста зграда и на тие оддели кои не се дел од главната зграда им се дозволува да се загреваат просториите со клима уреди.

-Нормално е во овој случај и да растат сметките за струја. Ние не сме на повластен пазар, не користиме струја со фиксна цена, туку сме на слободен пазар. На тендер имаме кој ќе ја снабдува Клиниката со струја. Во моментов плаќаме некаде околу 20.000 евра месечно, а нормално е ќе порасне сметката кога ќе почне грејната сезона, вели Ѓеорѓијев.

Тој истакна дека штипска Клиничка болница има одреден буџет кој го користи за набавка на нафта. Во текот на зимата сметките за струја се дуплираат во однос на летните месеци, а за нафта се трошат од девет до десет милиони денари на годишно ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кралицата на облините Ријана повторно провоцира

Кралицата на прекрасните облини , светската музичка ѕвезда Ријана повторно провоцира, нејзиниот буен задник во танга повторно ги „запали'“ мрежите.

Фото: Кралицата на облините Ријана повторно провоцира

Атрактивното издание на мегапопуларната Ријана ни овој пат не разочара. Нејзиниот гол задник стана главна тема на интернет.

Позната по своите атрактивни, често и провокативни изданија, Ријана и овој пат ја разгори имагинацијата на многумина.

Таа се потруди својот бренд за убавина „Savage X Fenty“ да го претвори во главна тема на социјалните мрежи, а за таа цел ги искористи своите вештини за заведување, како и своите облини.

Имено, Ријана објави неколку промотивни фотографии за новогодишната колекција долна облека. Како што може да се види, фотографиите откриваат повеќе отколку што би требало, што предизвика големо внимание, но и збунетост кај корисниците на интернет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зидан: Би сакал да го тренирам Јувентус

Пред дербито од петтото коло во Лигата на нации против Италија, селекторот на Франција, Зинедин Зидан, се осврна и на можноста за враќање на Апенинскиот полуостров. 

Зидан: Би сакал да го тренирам Јувентус

Поточно во Јувентус, клубот каде што францускиот виртуоз настапуваше од 1996 до 2001 година. Селекторот на „триколорите“ откри дека би бил отворен за преземање на кормилото на „Старата дама“.

„Би сакал еден ден да го тренирам Јувентус. Би ми било драго. Но, во фудбалот никогаш не се знае што може да се случи“, изјави Зидан.

Франција и Италија ќе се соочат на Апенинскиот Полуостров во дуел што ќе одлучува за првото место во групата А од највисоката дивизија на Лигата на нации.

„Знаеме дека кога ќе се фокусираат, Италијанците можат да одиграат на високо ниво – особено во одбраната“.

Зидан исто така откри дека Килијан Мбапе нема да настапи. „Чувствуваше болка, а ние генерално се обидуваме да избегнуваме ризици со нашите играчи. Сепак, се надевам дека ќе биде на располагање за недела (против Турција)“, истакна легендарниот предводник на триколорите.

Италија и Франција играат во четврток во 20:45 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски повторно укажа на проблемот со „Старшилд“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска соопшти дека украинските единици веќе неколку дена забележуваат сериозни пречки во функционирањето на системот „Старшилд“ (Starshield) на територијата на Украина

Зеленски повторно укажа на проблемот со „Старшилд“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска соопшти дека украинските единици веќе неколку дена забележуваат сериозни пречки во функционирањето на системот „Старшилд“ (Starshield) на територијата на Украина – долж целата линија на фронтот, како и во привремено окупираните области.

Зеленски на платформата „Икс“ (X) наведе дека добил извештаи за состојбата од министерот за одбрана на Украина, Јевен Хмара, и од главнокомандувачкиот на вооружените сили на Украина, Михајло Драпати.

Според него, во системот „Старшилд“ систематски се применуваат ограничувања на брзината до 161 километар на час. Украинската војска утврдила дека не станува збор за случајни грешки, туку за намерни и повторувачки ограничувања.

Зеленски предупреди дека ова значително го отежнува пресретнувањето на руските беспилотни летала на млазен погон, бидејќи украинските системи за пресретнување не можат да ја постигнат потребната брзина за навремена реакција.

За жал, веќе имаше напади што успеаја да поминат, бидејќи нашите системи за пресретнување не можеа да ја постигнат потребната брзина и да реагираат навремено“, изјави Зеленски. „За жал, ова им помага на Русите да убијат повеќе Украинци и да извршат попрецизни напади врз Украина.

Заедно со американската страна се обидуваме да ги утврдиме сите околности“, заклучи претседателот на Украина.

„Starshield“ се користи во Украина за воени комуникации и за поврзување на единиците на терен, особено во областите каде што класичната комуникациска инфраструктура е оштетена или недостапна.

Сателитската врска им овозможува на украинските сили да пренесуваат податоци и да одржуваат комуникација долж линијата на фронтот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер