Гитарите на Марк Нофлер одат на аукција, приходот е наменет за хуманитарни цели (ФОТО) - Канал 5

Гитарите на Марк Нофлер одат на аукција, приходот е наменет за хуманитарни цели (ФОТО)

Британскиот музичар и поранешен фронтмен на Dire Straits, Марк Нофлер, продава голем дел од својата колекција гитари на аукција во Лондон, а дел од приходите ќе бидат наменети за добротворни цели.

Гитарите на Марк Нофлер одат на аукција, приходот е наменет за хуманитарни цели (ФОТО)

Колекцијата, која вклучува некои од најзначајните гитари од 50-годишната кариера на Нофлер, е изложена во аукциската куќа Кристи пред продажбата на 31 јануари.

„Тоа е прекрасна колекција од 122 предмети од Марк Нофлер што ја опфаќа целата негова кариера“, изјави Кери Кин, специјалист советник за музички инструменти на аукциската куќа. Црвената гитара Schecter Telecaster од 1983 година, која беше користена на снимањето на хитот на Dire Straits, Walk of Life и во придружното музичко видео, се проценува на 4.000 до 6.000 фунти (4.669 до 7.000 евра).

Реизданието на Gibson Les Paul Standard '59 од 1983 година, искористена за песната Money for Nothing, која го има еден од најпознатите гитарски рифови на Нофлер, се проценува на 6.000 до 8.000 фунти. Кристи велат дека оригиналната верзија на Gibson Les Paul од 1959 година, користена од Нофлер за настапи во 2000-тите, најверојатно ќе ја достигне највисоката цена со проценка од 300.000 до 500.000 фунти.

„Тоа е навистина посебен винтиџ инструмент кој сам по себе, освен Марк Нофлер, е многу вреден“, рече Амелија Вокер, специјалист за приватни и култни колекции на аукциската куќа, која се занимава со продажбата. За обожавателите на Dire Straits кои немаат толку готовина, има и други предмети, вклучувајќи балалајка проценета на 300-500 фунти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По катастрофата во Непал, издадено е ново предупредување: „Хималаите стануваат сè понестабилни“

Хималаите се приближуваат кон критична точка на пресврт поради забрзаното топење на глечерите, сè понестабилните леднички езера и значителниот недостиг на систематско следење, предупредува нова студија објавена овој месец. 

По катастрофата во Непал, издадено е ново предупредување: „Хималаите стануваат сè понестабилни“

Во извештајот на организацијата „Systemiq“ – изработен со придонес на Меѓународниот центар за интегриран развој на планинските предели (ICIMOD) и Националниот институт за хималајска животна средина „Г.Б. Пант“ од Индија – се наведува дека хималајските глечери моментално губат маса 65 проценти побрзо отколку пред една деценија.

Ова предупредување доаѓа само неколку недели по катастрофата на границата меѓу Непал и кинескиот регион Тибет. Уривањето на еден глечер кон крајот на август предизвика лавина од мраз и карпи, проследена со огромни ненадејни поплави и свлечишта.

Според најновите достапни официјални податоци, потврдени се повеќе од 1.400 смртни случаи, додека околу 5.600 луѓе се водат како исчезнати.

Еден од главните предизвици е недостигот на податоци.

На Хималаите и на Каракорум има приближно 40.000 глечери, а сепак, моментално само 21 од нив се следат на долгорочна и систематска основа.

Научните набљудувања опфатиле само неколку десетици глечери. Истовремено, глечерите се повлекуваат, оставајќи зад себе сè поголем број езера.

Овие езера често се задржуваат само од нестабилни наталожувања на карпи, почва и мраз; следствено на тоа, нивното пробивање може да предизвика ненадејни и катастрофални поплави.

Затоплувањето дополнително ја дестабилизира вечно замрзнатата почва (пермафрост) и планинските падини, зголемувајќи го ризикот од каскадни катастрофи во густо населените долини.

Само во Индија се идентификувани и класифицирани 56 леднички езера кои претставуваат многу висок ризик. Според истражувањата, хималајските региони зафаќаат околу 18 проценти од копнената површина на Индија, но на нив отпаѓаат приближно 35 проценти од природните катастрофи во земјата.

Ризикот не се сведува само на поплави. Хималаите претставуваат огромен природен воден систем што ги напојува некои од најголемите азиски реки и обезбедува вода за стотици милиони луѓе.

ICIMOD проценува дека повеќето речни сливови во регионите на Хиндукуш и Хималаите ќе го достигнат таканаречениот „воден врв“ (peak water) околу средината на векот.

Тоа значи дека топењето на глечерите во тој момент ќе го генерира максималниот волумен на вода, по што протокот ќе почне да опаѓа како што глечерите ќе губат сè повеќе мраз.

Според една нова студија, водата што потекнува од Хималаите директно или индиректно придонесува за околу 20 проценти од БДП на Индија. Од неа зависат производството на пченица, ориз и чај, хидроелектраните, како и бројни други економски сектори и аспекти од животот на луѓето.

Затоа, авторите предупредуваат дека Хималаите веќе не можат да се гледаат само како оддалечен планински регион, туку како клучна инфраструктура за безбедноста на водата, храната и економијата во голем дел од Јужна Азија. „Екосистемот што го овозможува ова се приближува кон критична пресвртна точка“, се предупредува во извештајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европскиот Заеднички истражувачки центар ги пренесува научните знаења на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Европскиот Заеднички истражувачки центар ги пренесува научните знаења на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип – Летна школа за зелени и дигитални вештини.

Европскиот Заеднички истражувачки центар ги пренесува научните знаења на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Министерката за образование и наука Весна Јаневска ја отвори Летната школа на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија (JRC), што од денес до 18 септември ќе се одржува на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и ќе опфати клучни теми поврзани со проценка на квалитетот на воздухот, почвата и водата, значајни за реализација на Европската зелена агенда.

„За Македонија, како економија во процес на пристапување кон Европската Унија, оваа школа е можност за јакнење на капацитетите и јасна потврда дека сме подготвени да бидеме сериозен европски партнер што активно придонесува кон заедничките цели и ја гради својата иднина врз европските вредности“, рече министерката Јаневска, додавајќи дека учесниците од редот на напредни студенти, докторанди и млади истражувачи, ќе имаат ретка можност да се запознаат со истражувачки алатки, да разменат знаења и да ги прошират контактите со колеги од Западен Балкан.

Учесниците на Летната школа кои доаѓаат од земјава и од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија, ќе можат да учат директно од научници на Заедничкиот истражувачки центар и од експерти како да ги користат алатките на JRC за проценка на емисии и влијанија, ќе се запознаат со иновативни методи за подобрување на квалитетот на водата и здравјето на почвата и ќе стекнат увид во напредни техники за мерење.

„Загадувањето на водата, почвата и воздухот се најголемите ризици за здравјето на сите нас во Европа. И, се чини дека измина времето кога се прашувавме дали владите ќе преземат сериозни чекори за промени. Сега, пред нас стои јасен ултиматум: или ќе делуваме решително, или сериозно ќе ја загрозиме иднината на нашите деца“, посочи Јаневска.

Говорејќи за неопходноста од научен пристап и одржливите решенија, министерката Јаневска нагласи дека тие се во основа на промените. Рече дека Министерството за образование и наука ја става науката и истражувањата во центарот на своите политики, создавајќи услови за научна работа преку модерни лаборатории, поддршка на иновации и интегрирање на зелената и дигиталната транзиција со Стратегијата за паметна специјализација.

„За да задржиме континуитет на научната мисла, од година во година ги зголемуваме средствата за научно-истражувачка дејност. Државните факултети, научните институти, МАНУ и јавните научни установи можат да конкурираат со свои научно-истражувачки проекти за државно финансирање. Во 2025-26 година, само по овој основ, се доделени 6 милиони евра буџетски средства. Во рамката за поддршка на науката ги вклучуваме сите релевантни чинители, вклучително и бизнис секторот“.

Коорганизатор на Летната школа е Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, кој е стратешки регионален и европски партнер на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп ги минимизираше ризиците што ги претставува вештачката интелигенција по сериозните предупредувања

Американскиот претседател Доналд Трамп ги минимизираше ризиците што ги претставува вештачката интелигенција по деновите на сериозни предупредувања од експертите.

Трамп ги минимизираше ризиците што ги претставува вештачката интелигенција по сериозните предупредувања

„имате многу многу негативни сили кои го покренуваат тоа прашање, тие покренуваат работи што нема да се случат“, рече Трамп за време на посетата на Ирска. Едно од предупредувањата дојде од поранешен истражувач , кој рече дека „постои голема веројатност сите да умреме во блиска иднина“ ако продолжи сегашното темпо на развој.

Во саботата, врвните индустриски шефови се согласија и повикаа на забавување. Трамп не се осврна директно на идејата, но рече: „Ние ја предводиме Кина во вештачката интелигенција... И, искрено, сакам да остане така бидејќи кој и да победи во вештачката интелигенција, победува“.

Трамп зборуваше истиот ден кога истражувачот за вештачка интелигенција Џејкоб Коксон - кој пред неколку дена ја напушти компанијата „Антропик“ - за Би-Би-Си изјави дека персоналот што ги развивал системите бил „вистински исплашен“ за иднината на човештвото.

Во саботата, Илон Маск, сопственик на XAI, и сем Алтман од Оpenai, го поддржаа предупредувањето од раководителот на Антропик, Дарио Амодеи, дека темпото на развој треба да се забави „за да се намали ризикот нешто сериозно да тргне наопаку“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер