Гир за Канал 5: Одбројувањето до влезот на Македонија во ЕУ почна

Одбројувањето до полноправно членство на Македонија во Унијата е почнато – вели во ексклузивно интервју за Канал 5 евроамбасадорот Дејвид Гир.

Според него, релативно нормално е да има разлики во документите за пристапување на Македонија и Албанија, а напредокот во преговорите зависи само од земјава.

Во однос на разликите во документите за Македонија и Албанија, Гир рече дека е релативно нормално да има разлики меѓу секој пристапен процес во одреден степен.

– Во овој случај се сведува на следното го имавме тоа што се нарекува меѓувладина конференција минатата недела со што го почнавме процесот. Сега го почнавме и скрининг процесот. На крајот од тој процес Македонија ќе ја има втората меѓувладина конференција и за да се одржи истата, Македонија треба да ја исполни обврската која ја направи кон Бугарија, за да го промени Уставот со цел да има експлицитна одредница за лица и граѓани кои се идентификуваат како Бугари, во заштитата на самиот Устав, појаснува Гир.

Но, вели евроамбасадорот, бидејќи овој услов е во рацете на Македонија тоа на никаков начин не треба да резултира со одлагања или да служи како пречка на процесот, бидејќи, според него, нема ниту една страна или држава која би спречила одржување на оваа втора меѓувладина конференција.

Гир појаснува дека има две фази во скрининг процесот. Првата фаза, вели тој, се нарекува Објаснувачки скрининг и тоа е кога Европската Комисија заедно со Македонија и Албанија го разгледува целосниот процес и гледа што треба да се направи за време на тој процес. Според Гир, двете земји се доста напредни во тој поглед поради подготвителната работа која се случи низ годините.

Потоа, додава тој, има втора фаза, или Билатерален скрининг, кој, според него е многу структуриран и интензивен во дијалогот и кој може да трае од 14 до 16 месеци во целост, а во кој Европската Комисија ги гледа нормите и законодавството во сила во Македонија и во Албанија, ги гледа празнините, идентификува каде тие празнини треба да се пополнат и идентификува кои одредници се потребни да бидат направени за напредок.

Во однос на промената на македонскиот Устав и што доколку не се случи, евроамбасадорот нагласи дека тогаш најверојатното сценарио би било дека процесот ќе застане таму.

– Промената на Уставот е суверена одлука на оваа земја. Но, земјата веќе има добар извештај за меѓуетничките односи и доколку се направи таа промена, тоа дополнително ќе го зацврсти напредокот кој е направен на тоа поле. Доколку промената на Уставот не се случи, јас би рекол дека најверојатното сценарио би било дека процесот едноставно ќе застане таму. Со други зборови скринингот ќе продолжи до одредена точка и потоа ќе застане да ја чека државата, рече Гир, појаснувајќи оти тоа не е бидејќи трета држава ставила вето, туку дека самата држава одлучила да се повлече од обврските кои ги преземала по ова прашање.

Станувањето членка во ЕУ, како што дополни тој, зависи од брзината со која се спроведуваат реформите.

– Јас сум многу уверен. Почнавме преговори, земјата има причина да биде оптимистична и да биде уверена во својот идентитет и во својата европска перспектива. Мислам дека процесот се движи со позитивна динамика напред, но има многу работа, многу реформи пред земјата да стане полноправна членка на ЕУ, порача Гир.

Со евроамбасадорот Дејвид Гир разговараше Јован Ѓорговски

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер