Мециновиќ: Уставниот суд сака да го потврди авторитаризмот на власта преку Изборниот законик - не е грев да бараш рамноправност
Министерството за дигитална трансформација потпиша Меморандум за разбирање со Emirates Investment Group
1Мециновиќ: Уставниот суд сака да го потврди авторитаризмот на власта преку Изборниот законик - не е грев да бараш рамноправност
2Министерството за дигитална трансформација потпиша Меморандум за разбирање со Emirates Investment Group
3Иванов: Македонија клучна транспортна крстосница на Балканот се остварува, интензивно се работи на автопатите
1Што јадат познатите фудбалери? Меси и Роналдо се хранат слично, а Халанд јаде „срце“ за да биде ѕвер
НБАГилџус-Александар ќе го пропушти Ол-старот Најдобриот кошаркар на Оклахома Сити тандер, Шеј Гилџус-Александар, ќе отсуствува две недели поради истегнување на стомачен мускул, објави инсајдерот Шамс Чаранија.Дваесет и седумгодишниот Канаѓанец се здоби со повредата на натпреварот со Орландо (128:92) и нема да игра викендот на сите ѕвезди во НБА. Временскиот рок за закрепнување ќе биде одреден подоцна. Тој ќе биде подложен на повторна евалуација по НБА „Ол-стар“ викендот. Гилџус-Александар играше во 49 натпревари од регуларната сезона на НБА оваа сезона, со просек од 31,8 поени, 4,4 скока и 6,4 асистенции. Ол-стар 2026 во НБА-лигата на распоредот е од 13-15 февруари во Лос Анџелес.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотШто јадат познатите фудбалери? Меси и Роналдо се хранат слично, а Халанд јаде „срце“ за да биде ѕверВо врвниот спорт, силата и кондицијата имаат ист значај како и исхраната. Денес, оброкот на секој фудбалер е испланиран до најмалиот детаљ, исто како и најтешкиот тренинг, бидејќи науката вели дека храната директно зависи од тоа како играчот ќе трча и колку брзо ќе се опорави. Норвежаните покажаа колку далеку можат да стигнат во таа дисциплина на Светското првенство. Додека многумина мислеа дека носат своја храна затоа што не им веруваат на домаќините, вистината беше поинаква. Тие имаа прецизен план. Со себе донесоа стотици килограми свој лосос, специјално домашно сирење и илјадници портокали, а сè им беше подготвено од личен готвач кој патуваше со тимот. Сепак, вистинската тајна на успехот лежи во фанатичната посветеност на поединците. Кога конкуренцијата е немилосрдна, секој грам храна и секој час сон прават разлика помеѓу просекот и вечноста. За денешните најелитни фудбалски икони, чинијата е терен за тренинг за дисциплина, а нивните оброци се прецизно конструирано гориво за уривање рекорди. Еве како изгледаат режимите на оние кои ништо не оставаат на случајот: 1. Кристијано Роналдо има околу шест оброци дневно и строго избегнува рафинирани шеќери и преработена храна. Неговиот план се базира на квалитетни состојки и совршена рамнотежа на порции за оптимизирање на закрепнувањето. Познат е по своето правило за хидратација. На една од конференциите, тој го тргна настрана газираниот пијалак и рече: „Agua“ (вода). Со тоа јасно стави до знаење дека водата е неопходна за здравјето. 2. Лионел Меси кога беше помлад, сакаше брза храна и газирани пијалаци, што лошо се одразуваше на неговиот учинок на теренот. Под надзор на нутриционистот Џулијано Позер, тој премина на исхрана заснована на пет намирници: вода, маслиново масло, житарици од цело зрно, свежо овошје и зеленчук. Тој го намали внесот на месо и рафинирани шеќери, со што ја максимизираше својата издржливост. 3. Ерлинг Халанд внесува дури 6.000 калории дневно за да го снабди со енергија своето масивно тело. Неговиот појадок се состои од јајца и сурово млеко, додека за вечера избира говедско срце и црн дроб – внатрешни органи богати со железо и витамини од групата Б. Пред секој натпревар на домашен терен, неговиот татко му подготвува огромна порција домашни лазањи поради јаглехидратите. 4. Нејмар се придржува до хиперкалорична исхрана, која се состои од 60 проценти јаглехидрати, 30 проценти протеини и 10 проценти масти. Таа се заснова на тестенини од цело зрно, наут и леќа, а се избегнува мрсно црвено месо. Сепак, тој верува во ментална рамнотежа, па повремено си дозволува „оброк за опуштање“ (cheat meal) за да остане фокусиран во текот на напорната сезона. 5. Килијан Мбапе Инспириран од Роналдо, Мбапе јаде шест оброци на ден и целосно ги елиминирал алкохолот и шеќерот. Неговата исхрана е комбинација од висококвалитетна француска храна и антиинфламаторна медитеранска кујна, со многу хумус, риба и интегрален ориз.Тагови: исхрана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМециновиќ: Уставниот суд сака да го потврди авторитаризмот на власта преку Изборниот законик - не е грев да бараш рамноправностНа денешната седница на Уставниот суд, на која се разгледуваше Иницијативата на Левица за оценување на уставноста на членот 76-д од Изборниот законик.На денешната седница на Уставниот суд, на која се разгледуваше Иницијативата на Левица за оценување на уставноста на членот 76-д од Изборниот законик, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, предупреди дека евентуалното отфрлање на Иницијативата би значело легализирање на нерамноправните услови за учество на изборите и опасен преседан за политичкиот плурализам. Тој кажа дека отфрлањето на Иницијативата е извесно и очигледно според интенцијата од расправата на седницата на Уставниот суд: „Најголемата опасност денес е Уставниот суд да ни потврди дека може да имаме нерамноправни услови за настап на изборите. Можно е денес да го погази начелото на рамноправност на политичките субјекти и начелото на политичкиот плурализам во Република Македонија”, потенцираше Мециновиќ. Мециновиќ истакна дека проблемот не е во финансирањето, туку во тоа што на Левица ѝ е оневозможен еднаков пристап до медиумскиот простор за време на изборната кампања. „Левица не бара финансии. Левица бараше и бара рамноправен пристап до медиумскиот простор, до рекламирањето на телевизиите, порталите и билбордите. Тоа не е грев, туку треба да се запрашаме зошто имаме власт која пробува својот авторитаризам да го наметне како норма”, објасни пратеникот од Левица. Според него, доколку Уставниот суд ја потврди спорната законска одредба, ќе се создаде преседан што во иднина може да биде применет против секој политички субјект кој ќе го наруши комодитетот на големите партии. „Веќе имавме преседан на минатите избори. Ако денес го потврдиме тој преседан, тоа значи дека секоја идна партија што ќе сака да им ги помати сметките на партиите на олигархијата ќе може да добие ваков третман. Тоа не треба да им биде прифатливо ниту на медиумите, ниту на политичките чинители, ниту на граѓанскиот сектор”, алармираше пратеникот. Во своето обраќање, Мециновиќ ги критикуваше и аргументите што беа изнесени за време на расправата во Уставниот суд: „Слушнавме апсурдни аргументи дека постои опасност од укинување на одредбите затоа што не се знаело дали партиите ќе се договорат. Уставниот суд политичка одлука ли носи? Опасноста од политички исход не може да биде пред оценувањето на уставноста, што е главната работа на овој Суд.”, кажа Мециновиќ. Тој нагласи дека Левица на последните избори не добила ниту денар државно финансирање за платено политичко рекламирање и дека суштината на спорот е еднаквоста во изборниот натпревар. „Јас како кандидат добив нула денари на минатите избори. Не се работи за финансирањето, туку за тоа зошто нашата политичка платформа не смее да има исти правила како ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Зошто ние не можеме да ги претставиме своите идеи под исти услови како другите политички партии?“, праша тој. На крајот, Мециновиќ порача дека борбата за фер избори е борба за демократијата и политичкиот плурализам во државата. „Демократијата одново и одново се освојува. Таа не е нешто што еднаш ќе го добиеме и засекогаш ќе ни остане. Авторитарните власти, како оваа власт на ВМРО-ДПМНЕ, ќе пробуваат дел по дел да воведуваат нови правила за тие да останат во удобна положба, а идеите што им се спротивставуваат да не можат да се натпреваруваат на ист терен.“ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерството за дигитална трансформација потпиша Меморандум за разбирање со Emirates Investment GroupМинистерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, потпиша Меморандум за разбирање со Emirates Investment Group.Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, потпиша Меморандум за разбирање со Emirates Investment Group, со цел воспоставување рамка за соработка во насока на меѓународно позиционирање на предложената иницијатива за Дигитален иновациски хаб. Меморандумот, од страна на Emirates Investment Group, го потпиша Н.Е. д-р Хамад Ал Шамси, претседател на Бордот на групацијата. Целта на меморандумот е да се овозможи соработка во делот на подготовка на стратешки и инвестициски презентациски материјали, обезбедување советодавна поддршка, усогласување со најдобрите практики од ОАЕ и меѓународните практики, како и поддршка во процесот на привлекување меѓународни инвеститори, стратешки партнери и технолошки оператори. Министерството за дигитална трансформација преку ваквите активности продолжува да работи на отворање нови можности за поголема меѓународна видливост на земјата во областа на дигиталните инвестиции, иновациите и напредните технологии. Оваа соработка претставува важен чекор кон зајакнување на дигиталниот екосистем, создавање услови за нови партнерства и поддршка на иницијативи кои можат да придонесат за економски развој и подобро позиционирање на државата во глобалните технолошки текови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook