Ги запознаваме ретките болести: 28 дена во февруари со 28 ретки дијагнози

Во знак на поддршка на лицата кои се борат со ретки болести денеска почнува националната кампања „Ги запознаваме ретките болести 2021", во чии рамки ќе биде осветлена и Самуиловата тврдина, како едно од најважните обележја на Охрид.

-Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој", месецот кој е редок по своите ретки 28 дена, и оваа година ќе се обидеме поблиску да ве запознаеме со ретките болести. Преку соодветни текстови, видео и аудио записи ќе се запознае јавноста со ретките дијагнози од кои заболуваат граѓаните во нашата земја. Проектот е од информативно едукативен карактер на кој работеа професори и доктори од Детската клиника и Клиниката за Неврологија во Скопје во текот на изминатата година, велат организаторите.

Тие потенцираат дека со овој проект сакаат да ја подигнат јавната свест со цел да се доближат проблемите и предизвиците со кои се соочуваат семејствата со ретки болести, до јавноста и институциите. Изработени се 28 текстови за веб портали, 28 аудио клипови и 28 видео клипови на македонски и албански јазик. На овој начин ќе се продолжи континуитетот со запознавањето на општата популација со ретките дијагнози.

Осветлувањето на Самоиловата тврдина, која ќе биде осветлена во текот на целиот месец февруари е дел од глобалниот повик на ЕУРОРДИС за осветлување на локални и национални згради и споменици.

За подетално запознавање на јавноста со кампањата денеска во Охрид ќе биде одржана и прес конференција. /МИА

Општина Аеродром започна да спроведува бесплатен скрининг на тироидна жлезда кај 9-оодделенци

Учениците од деветто одделение од сите основни училишта во Општина Аеродром имаат можност да извршат бесплатен скрининг на тироидната жлезда.

Скринингот стартуваше вчера во ООУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче и ќе бидат прегледани сите деветтоодделенци по претходно добиена писмена согласност од родителите или старателите.

В.д. градоначалникот, Дејан Митески, посочи дека Аеродром е прва општина во која се спроведуваат вакви скрининзи што имаат превентивен карактер.

Иницијативата ја даде директорот на здравствената установа „8-ми Септември“, проф. д-р Синиша Стојаноски, а родителите на учениците без двоумење ја прифатија оваа превентивна мерка.

Инаку, д-р Стојаноски ги спроведува скрининзите во училиштата заедно со д-р Невена Маневска.

Општина Аеродром останува посветена на создавање уште подобри услови за безгрижно и здраво детство на нашите најмили.

Општина Аеродром

Полицијата во Италија заплени речиси милион евра во измама со вештачка интелигенција

Италијанската полиција откри и конфискува речиси милион евра кои италијанскиот бизнисмен и поранешен сопственик на фудбалскиот клуб Интер, Масимо Морати, ги префрлил на сметка во странска банка.

Италијанската полиција откри и конфискува речиси милион евра кои италијанскиот бизнисмен и поранешен сопственик на фудбалскиот клуб Интер, Масимо Морати, ги префрлил на сметка во странска банка, откако станал жртва на измама со вештачка интелигенција, соопштија официјални лица.

Измамниците користеле вештачка интелигенција за да го имитираат гласот на италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозе и оствариле телефонски повици тврдејќи дека бараат итна финансиска помош за ослободување на киднапираните италијански новинари на Блискиот Исток.

Некои од најистакнатите деловни луѓе во Италија, вклучително и модниот дизајнер Џорџо Армани и ко-основачот на Прада, Патрицио Бертели, претходно беа мета на тие измамници, а се верува дека Морати бил единствениот што ги испратил средствата што измамниците ги барале.

Компани: Победивме противник кој ретко губи на домашен терен

Тренерот на Баерн, Винсент Компани е задоволен од победата над Селтик (2:1) синоќа во првиот натпревар од плејоф рундата во Лигата на шампионите.

- Ова е прво полувреме од двомечот. Генерално, резултатот е навистина одличен. Локалните навивачи ретко гледаат дека нивниот тим губи дома, особено во европските натпревари, па затоа високо ја цениме важноста на оваа победа и прикажаниот настап.

Во последните 10 минути моравме да ја држиме одбраната на ниво, и добро го завршивме тоа, изјави Компани.

Реваншот ќе се игра во Германија на 18 февруари.

притисни ентер