Ги посетил сите земји на планетата - Канал 5

Ги посетил сите земји на планетата

Само за една држава вели дека е најсовршена, а еве за каде најтешко добил виза! (видео)

Ги посетил сите земји на планетата

Овој човек ужива во проучувањето на различни култури.

Без сомневање, патувањето е забавно, без оглед дали сте тип кој сака да седи покрај базен или да истражувате, секогаш може да најдете забава. Овој човек го обиколил светот и ги открива своите најдобри и најлоши искуства.

Дру Бински од Аризона е страствен патник кој ја посетил секоја земја во светот. Да, добро прочитавте... секоја земја на планетата. Дру прошетал сè, од фавелите во Бразил до убавината на Грција.

Тешкотии при добивање виза

Тој ова го нарекол „сè што можете да посакате во една земја“. Сепак, не му било секаде убаво, а најтешкото искуство му било посетата на Венецуела.

Меѓутоа, во разговор за УНИЛАД, тој истакнува дека ова е особено случај со Американците.

- На крајот добив виза од Венецуелската амбасада, но беа тешки поради санкциите и политичките тензии меѓу САД и Венецуела, но сепак успеав да добијам виза во последен момент - вели тој.

Запознавање на различни култури

И покрај сите потешкотии за време на патувањето, имал и некои навистина извонредни и незаборавни моменти. Она што најмногу го интересира овој човек се различните култури.

- Навистина многу сакам да ги посетувам домородните племиња, бидејќи тоа покажува дека другата страна на светот не е толку преокупирана со технологијата и електрониката. Понизно е да запознаваш луѓе и да видиш како живеат на далечни места. Планирам да продолжам да ги посетувам домородните племиња, главно во Африка, но и во Јужна Америка и Индија - објаснува Бински.

На овој човек не му е предизвик да се прилагоди.

- Мислам дека е награда тоа што можам да запознавам луѓе и да ги документирам нивните животи. Така што никогаш не беше тешко. Никогаш не сум имал проблеми при запознавањето на други луѓе - изјавил Бински.

Омилена земја

Иако средбите со племињата се неверојатни, постои една земја која му останала во сеќавање како омилена.

- Тоа се Филипини. Мислам дека тоа е најубавата земја на светот, супер безбедна и полна со убави луѓе. Тоа е сè што можете да посакате во една земја – наведува тој.

Извор: srecna.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев

Според неофицијални информации, утрово припадници од Одделот за организиран криминал при Бирото за јавна безбедност – МВР повторно се во акција. Во тек се претреси на повеќе од 10 локации во Скопје, Тетово и Куманово.

Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев

Под истрага, според првичните информации, се одговорни лица од приватна болница и вработени во Фондот за здравствено осигурување, осомничени за повеќе кривични дела, меѓу кои злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата, измама и перење пари.

Според неофицијалните информации, штетата врз буџетот надминува 1,5 милиони евра, додека противправно стекнатата материјална корист за болницата се проценува на околу 4 милиони евра. Оштетени се и поголем број пациенти кои се лекувале во болницата.

Се очекуваат повеќе детали во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светски ден на мозочниот удар – превенцијата останува клучна

Превенцијата, навременото препознавање на симптомите и унапредување на здравствената грижа за пациентите ќе бидат во фокусот на одбележувањето кое ќе се одвива во Деканатот на Медицинскиот факултет.

Светски ден на мозочниот удар – превенцијата останува клучна

Денеска во Скопје ќе се одбележи Светскиот ден на мозочниот удар. Превенцијата, навременото препознавање на симптомите и унапредување на здравствената грижа за пациентите ќе бидат во фокусот на одбележувањето кое ќе се одвива во Деканатот на Медицинскиот факултет.

Како што неодамна изјавија од Клиниката за неврологија, 16 годишна девојка е најмладата пациентка со мозочен удар хоспитализирана кај нив. Оттаму потенцираат дека навремените прегледи, мерењата притисок, шеќер и холестерол остануваат главен дел во превенцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанија прогласи тридневна жалост по железничката несреќа со 68 загинати

Шпанија прогласи тридневна жалост по тешката железничка несреќа во која загинаа најмалку 68 лица. Десетици патници се повредени, а спасувачките екипи цела ноќ ги пребаруваа урнатините.

Шпанија прогласи тридневна жалост по железничката несреќа со 68 загинати

Несреќата се случила кога брз воз на релација Мадрид–Севиља удрил во запрен воз.Во едниот воз на приватната компанија имало 147 патници, а во другиот 397 патници.

Според министерот за транспорт, едниот воз запрел поради компјутерски дефект.

Надлежните истражуваат како дошло до судирот и зошто возовите добиле дозвола за движење. На местото на несреќата се ангажирани стотици спасувачи, а се користат и хеликоптери и беспилотни летала. Многу од загинатите сè уште не се идентификувани.

Премиерот Педро Санчез изјави дека цела Шпанија тагува по трагедијата.Тој оцени дека е неприфатливо земјата да се соочи со две тешки железнички несреќи во една година.

Во јануари, во несреќата со брз воз во близина на кордоба, загинаа 46 лица.повеќето политички партии ја прекинаа изборната кампања, додека истрагата за причините продолжува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер