Ги оперирала забите во Турција и проживеала драма (фото) - Канал 5

Ги оперирала забите во Турција и проживеала драма (фото)

 „Со денови трпам болки и инфекција и минувам низ кошмар“...

Ги оперирала забите во Турција и проживеала драма (фото)

Денис Велхен од Ирска по завршената интервенција со месеци трпи неподносливи болки.

Неоспорно е колку здравите и убави заби се важни за изгледот и здравјето на секој од нас. Во последниве години, стана општ тренд многу луѓе од други земји, па дури и познати личности да одат во Турција за да добијат нови заби. Многумина од нив се вратија задоволни со прекрасна насмевка, но има и такви кои поради негативните искуства зажалиле што воопшто се упатиле во таа земја.

Денис Велхам е една од нив. Оваа Иркинка, како и многу други дами, сакала убава насмевка за која морала да издвои дури 6.000 евра. Иако на многумина ова им звучи прескапо, за истата работа во нејзината земја таа требало да потроши дури 20.000 евра.

Таа за „Luchtime live“ раскажа како по изолацијата решила дотогашната заштеда да ја вложи во забите и да ги среди.

- Зборував со сопственикот на компанијата, една г-ѓа ме контактираше, и разговаравме преку „What’s-up“. Следниот ден, на телефон ги прашав, пред да се впуштам во сето ова, што ќе се случи ако работите тргнат наопаку? Таа ме увери дека ако нешто тргне наопаку, можат да ме вратат и да го решат проблемот – изјави Денис за споменатиот медиум.

Патувањето во Турција

Денис во Турција заминала август 2021 година на лекување, но чувствувала болка и неколку недели по враќањето дома. Таа веднаш ги контактирала стоматолозите откако видела дупка на едно од непцата, но тие ја смириле велејќи ѝ да се опушти бидејќи тоа во меѓувреме ќе се затвори.

Бидејќи болката не престанувала со месеци, а жената ги контактирала и разговарала со стоматолозите, тие по извесно време попуштиле и во јануари ја вратиле кај нив.

-Го платија летот и сместувањето во хотел, но во хотелот имаше и кучиња. Имаше караоке бар така што постојано имаше забава до 5-6 часот наутро, секој ден. Не спиев цело време додека бев таму, бев во агонија. Ме префрлија во друг хотел и поработија на моите заби и непца – наведува оваа жена.

Ширење на инфекцијата

Оваа Иркинка била испратена дома и ѝ било кажано дека нејзиното лекување е завршено и да дојде на контрола подоцна во текот на годината. Иако дошла дома со надеж дека сè поминало добро и дека нејзината агонија е завршена, неколку недели подоцна, почувствувала болка и сфатила дека инфекцијата се раширила на непцата и почувствувала дека устата ѝ е отечена.

Црни точки

Бидејќи ѝ советувале постојано да користи сол и вода и да зема антибиотици, таа се придржувала до тоа, но кога отишла на преглед во мај, во забите ѝ биле откриени црни дамки. Иако стоматологот ѝ сугерирал дека дамките можеби се резултат на земањето лекови, несреќната жена појаснила дека не зема никакви лекови.

Жената изјавила дека и тогаш многу работеле на нејзините заби, поради што мислела дека проблемот е решен. Стоматолозите ја убедиле дека сега „сè е готово и може мирно да си оди дома“. Таа потпишала неколку формулари, мислејќи дека кошмарот е завршен, но неколку недели подоцна се случило истото. Меѓутоа, овој пат, како што вели, било најлошо.

Ќе мора да побара друга помош

Жената изјавила дека повторно била во контакт со стоматологот од Турција, каде ѝ било кажано дека тамошниот тим повеќе нема да ѝ помага, туку ќе мора да побара помош од стоматолог во Ирска. Денис истакнала дека не се работи само за површна инфекција туку за нешто што е внатре во коренскиот канал, што, според неа, е тешко да се направи ако имате коронки бидејќи може да ја пукне коронката.

- Малку е веројатно дека каналите на корените ќе функционираат, а потоа треба да побарате импланти. Зборуваме за илјадници, илјадници долари што ги немам. Не знам што да правам, ми ветија сон, но добив кошмар – заклучува разочараната жена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Филипче сака да стане партизан откако со Заев ги избришаа одлуките на АСНОМ од Уставот

Филипче сака да стане партизан откако со Заев ги избришаа одлуките на АСНОМ од Уставот.

Манасиевски: Филипче сака да стане партизан откако со Заев ги избришаа одлуките на АСНОМ од Уставот

Филипче сака да стане партизан, откако со Заев им дозволија на Бугарите да не потценуваат и да ни го негираат идентитетот, јазикот и културата.

Филипче сака да стане партизан откако јасно со Заев подвлекоа дека бугарските фашисти во Втората светска војна биле администратори и ослободители.

Филипче треба да одговори зошто маршираа во Прилеп, кога ги избришаа одлуките на АСНОМ од Уставот? Дали Филипче ги знае целите на оние кои ги положија животите во Втората светска војна? И конечно да одговори, дали Бугарите во Втората светска војна биле фашисти или ослободители?

Филипче, јасно ти порачуваме да не си играш со македонскиот народ.

Граѓаните не ти забораваат што направи со Заев додека беше на власт.

Филипче и Заев никогаш повеќе!

YouTube video

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Започнаа градежните активности за изградба на новиот мост преку Луда Мара во село Марена

Со уривањето на постојниот мост, започнува реализацијата на проектот за изградба на нов и побезбеден мост, кој ќе овозможи подобри услови за движење и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.

Јанчев: Започнаа градежните активности за изградба на новиот мост преку Луда Мара во село Марена

Проектот е со финансиска поддршка од Министерството за транспорт во износ од 12 милиони денари. Новиот мост ќе има две коловозни ленти, тротоари од двете страни и вкупна ширина од 8,5 метри.

Продолжуваме со вложувања во подобра инфраструктура и побезбедни услови за живот на нашите граѓани! –објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Штерјова: Оставка од Тошковски и одговорност за сите вмешани што ја пуштија Михаилова

Бараме одговорност за сите што ја пуштија Ива Михаилова.

Штерјова: Оставка од Тошковски и одговорност за сите вмешани што ја пуштија Михаилова

Прв политичка одговорност треба да понесе министерот Панче Тошковски.

Бараме негова оставка веднаш.

Границата е решето и за криминалци и за бегалци од правдата.

Граѓаните гледаат што се договорало под маса и „под радар“ откако Муцунски беше во Софија.

Тошковски ја пушти Михаилова. Ја напуштила земјата и покрај тоа што судот ѝ ги одзел македонскиот и бугарскиот пасош.

Таа јавно вели дека ја поминала границата легално, со лична карта, и дека граничните службеници знаеле.

МВР вели нема евидентиран излез.

Јасно е се. Граѓаните не се наивни. Гледаат и знаат.

Ова е договорено!

СДСМ бара одговорност од сите за кои ќе се утврди дека се вмешани во пуштањето на Михаилова. Од оние договарале и давале инструкции, до оние што постапувале или пропуштиле да постапат.

Јавноста мора да дознае кој го реализирал договорот и по чив налог.

Пет тони дрога поминаа преку граница, нарко дилер побегна од полициската станица, на северната граница серија инциденти, бегства, пречек со црвен килим.

Телохранителот на Мицкоски не одговораше, не се реагира на пријава за насилство во семејство што доведе до самоубиство на дете и мајка.

Ова се прашања за небезбедност на граѓаните, за нееднаквост пред законот и за неспособноста на МВР да ги исполнува своите обврски.

СДСМ бара целосно расчистување на случајот, одговорност за сите вмешани и оставка од Панче Тошковски.

YouTube video

Прес-конференција на СДСМ, Кети Штерјова

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер