Гевин Бредли годинашен лауреат на наградата„Мостови на Струга“, Влада Урошевиќ на „Златен венец - Канал 5

Гевин Бредли годинашен лауреат на наградата„Мостови на Струга“, Влада Урошевиќ на „Златен венец

Наградата „Златен венец“ годинава ја доби македонскиот поет Влада Урошевиќ.

Гевин Бредли годинашен лауреат на наградата„Мостови на Струга“, Влада Урошевиќ на „Златен венец

Ирскиот поет Гевин Бредли со неговата стихозбирка „Страв од разделба“ е годинешниот добитник на наградата „Мостови на Струга“ - меѓународна награда што ја доделува фестивалот „Стушките вечери на поезијата“ заедно со УНЕСКО, за најдобра дебитанска поетска книга во светот. Наградата „Златен венец“ годинава ја доби македонскиот поет Влада Урошевиќ.

Добитниците на наградите беа прогласени на денешниот настан организиран од НУМ „Струшки вечери на поезијата“, Македонскиот ПЕН Центар, Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ што се одржа во просториите на библиотеката, по повод 21 Март - Светскиот ден на поезијата и јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов, и тоа во истиот период со свеченото прогласување на лаураетите на СВП во седиштето на УНЕСКО во Париз, во рамки на програмата на меѓународниот симпозиум во чест на јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов

Членот во Управниот одбор на „Струшките вечери на поезијата“, Владимир Мартиновски информираше дека наградената поетска книга „Страв од разделба“ е трогателнно деби на Гевин Бредли во која поетот го истражува емоционалниот данок кој произлегува од различните видови разделби. Разделба со партнерот, разделба со пријателите, разделба со претходното чувство за себе си или разделба со домот и луѓето кои сме ги оставиле зад нас.

Особено, како што рече, впечатливи се песните кои ја тематизираат самотијата на емиграцијата и немирот на разделбата од Северна Ирска, татковината на поетот.

Гевин Бредли е ирски поет, кој од 2012 година се сели и живее и пишува во Канада, каде што работи како помлад предавач по палеонтологија на Универзитетот на Алберта. Бил објавуван на двете страни на Атлантикот, а неговата поезија била вклучена и во Антеологијата на најдобри британски и ирски поети во интервалот меѓу 2019 и 2021 година.

- Станува збор за една исклучително кохерентна книга, но исклучително богата и слоевита. Овие интимни песни навлегуваат во личните приказни преку плеада личности и места од пристанишни градежници до кучиња, од морски брегови до вулкани и „нежни усни кои брмчат како кошници“. Песните на Гевин Бредли ја прикажуваат трајната љубов на луѓето, трајната љубов за луѓето или јазикот и земјата. Поетската книга „Страв од разделба“ во таа смисла во себе носи една силна порака за надеж, рече Мартиновски.

Претседателката на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата, Елизабета Шелева која го соопшти добитникот на „Златен Венец“, рече дека името на Влада Урошевиќ е синоним за страствен вљубеник во писмото, искрено посветен на заводливата магија на книжевното создавање и наспроти сите искушенија на современието, непоколебливо верен на словото.

- Подготвен со леснотија да се испроба и творечки да се покаже во најразновидни жанровски облици и експерименти со речиси рамномерен удел во сите нив, Урошевиќ остана продуктивен и витален. Неговото писмо има свој препознатлив печат и ако случајно не е посочен авторот на овие записи, речиси со сигурност ќе го погодиме неговото име, додаде Шелева.

Според неа, Урошевиќ остана доследен и не само во нашата литература, препознатлив по креативниот спој на фантастиката и надреализмот што ги негува во своите бројни авторски записи, но и во неуморните читатлски авантури, проткаени со истражувачко љубопитство и траен афенитет кон овие две сродни области.

Претседателот на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) Христо Петрески во своето обраќање денеска потсети дека ДПМ е најстарата и најрепрезентативната асоцијација на писатели во земјава. Тој потенцираше дека првиот претседател на Друштвото е Блаже Конески, а вториот претседател е токму Ацо Шопов.

- ДПМ е формирана уште во далечната 1947 година, значи цели 76 години. Друштвото на писателите на Македонија е основачот на Струшките вечери на поезијата. Ова не треба никогаш да се заборави. Сите членови на Македонскиот ПЕН Центар се истовремено и членови на ДПМ. Вториот претседател на ДПМ е токму Ацо Шопов. Ние денеска имаме ретка и значајна можност истовремено да се потсетиме на овие датуми, на овие личности, но и убаво совпаѓање е што денеска ќе му одадеме почит и на Ацо Шопов, додаде Петрески.

По прогласувањето на лауреатите на Струшките вечери на поезијата, беа прочитани поетски посланија по повод Светскиот ден на поезијата од претставници на Македонскиот ПЕН центар и Друштвото на писатели на Македонија, а потоа се одржа и поетско читање од истакнати поети-членови на Македонскиот П.Е.Н Центар и на Друштвото на писатели на Македонија.

Во чест на јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов, кој се одбележува во текот на целата 2023 година, како Година на Ацо Шопов, учесниците на настанот прочитаа песни од Ацо Шопов.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Здружението на медицински сестри „За нас, “ бараат носење на декларација за безбедност при работа

Здружението на медицински сестри и техничари „За нас“ бара спроведување на Декларацијата за безбедност кој беше донесена на петтиот меѓународен  конгрес во Струга на медицински сестри „Грижа за оние кои се грижат за сите“.

Здружението на медицински сестри „За нас, “ бараат носење на декларација за безбедност при работа

Во декларацијата се бара патека во која ќе биде заштитено здравјето на медицинскиот персонал, а со тоа и здравјето на пацеинетите.

Таа потенцира дека не само платата кај медицинскисте сестри важен е статутот, заштита на сестрите и итно носење на Законот за сестри со поддршка и на лекарската комора.

Бешлиовска како симбол ја носи униформата на медицинска сестра за правата на медицинскисте сестри. Се надева дека во наредниот период ќе бидат слушнати нејзините барања и униформата ќе биде достоен симбол на секоја сестра, акушерка и техничар во болниците.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Целата акција за вакцинација против грип ќе почне на време, уверува Клековски

Целата акција за вакцинација против грип ќе почне на време, уверува Министерот за здравство Сашо Клековски.

Целата акција за вакцинација против грип ќе почне на време, уверува Клековски

Целата акција за вакцинација против грип ќе почне на време, уверува Министерот за здравство Сашо Клековски, посочувајќи дека пристигнатите 30.000 вакцини се наменети за најризичните категории на граѓани, што значи дека принципот „прв дојден, прв услужен“ овој пат нема да важи. За да добиете бесплатна вакцина против грип ќе мора да се пријавите електронски, на „мој термин“, што се очекува да биде овозможено најдоцна од утре, а Центарот за јавно здравје ќе одредува кој има приоритет да биде имунизиран. Сепак, со цел да се поттикне пријавувањето, Министерот прв ќе се вакцинира.

-Мој термин треба да е денеска или утре подготвен и отворен за пријавување. Во моментот ја организираме логистиката и со Центрите за јавно здравје. Мое очекување е дека во оние стандардни термини кога започнувала имунизацијата во земјата а тоа е од 16-ти до 25 октомври ќе започне вакцинацијата. Јас ќе бидам првиот што ќе се вакцинирам за да го поттикнеме пријавувањето. Ние работиме да стигнеме до 80.000 дози да постигнеме. Ни беше важно да стигнат привите 30.000 за да почнеме веднаш со најризичните групи. На 15-ти ноември ќе ги имаме следните 26.000, а во меѓувреме работиме да го обезбедиме остатокот до 80.000. Ќе дадеме предност на ризичните групи. Кој проценува? Во основа по дијагнози Центрите за јавно здравје.- Сашо Клековски – Министер за здравство

Клековски вели дека денови се во прашање во однос на набавката на БСЖ вакцината против туберколоза од јапонски производител, откако пред една недела се стопираше имунизацијата на новороденцињата во Македонија со онаа од бугарскиот производител „Бул био“ поради алармот што пристигна од Хрватска за сомнежи за нејзиниот квалитет, што беше вклучен поради зголемен број на случаи на остеомиолитис, или инфекција на коските кај деца.

-Во тек е организација на логистиката, тие се набавуваат од централното депо на УНИЦЕФ, се завршуваат деталите и се навдевам дека за многу скоро ќе биде стигната во Македонија и дека нема да има проблеми во однос на прекинот на имунизацијата (колку долго ќе трае паузата), изјави Клековски.

Инаку Клековски денеска го отвори реконструираниот машки оддел во Психијатриската болница Бардовци за што се одвоени околу 300.000 евра за инсталации, решетки, прозорци и реновирање на тоалети, посочувајќи дека нечовечките услови во ваквите установи мора да станат минато.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Базенот „Партизан“ официјално предаден на Националната пливачка федерација

Училишниот базен „Партизан“ во Карпош официјално е предаден на Националната пливачка федерација на Македонија.

Базенот „Партизан“ официјално предаден на Националната пливачка федерација

Целта е базенот да се стави во функција на развојот на пливањето, со подобри услови за тренинзи и работа со младите пливачи.

Министерот за спорт Борко Ристовски најави дополнителна поддршка за Пливачката федерација, со цел пливањето повторно да добие поголемо значење во македонскиот спорт.“

„Пливањето да го вратиме онаму кадешто заслужува а тоа е да биде еден од спортовите што се приоритет на оваа Влада и на Министерството за спорт / За прв пат можеби во историјата Пливачката федерација ќе раководи со базени коишто ќе бидат доделени да ги стопанисува, за почеток се два базени и овој денес уште еден ќе бидат предадени на Пливачката федерација која ќе добие финансиска поддршка од Владата и Министерството за спорт.“ - Борко Ристевски

Базенот ќе има одредени термини за користење од страна на општината. Градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски, вели дека понатаму, во зависност од искуството и потребите, ќе се одлучува како ќе се организира неговото користење.

- „Во договорот кој денес го потпишавме и во разговор со претседателот и останатите членови на федерацијата одредивме број на термини кој ќе ги користи општината. Во прво време термините ќе бидат наменети за најмладите – за децата од прво до петто одделение 10:10 / 10:45 За кратко време ќе ја видиме потребата на школските деца што не значи дека доколку констатираме дека ни остануваат термини кој не се исполнуваат од децата ќе определиме нови целни групи на граѓани кои ќе можат да ги користат услугите на базенот“- Сотир Лукровски

За првпат Националната пливачка федерација на Македонија ќе управува со училишен базен. Од Федерацијата најавуваат дека базенот ќе се користи и за обука по пливање на децата од Општина Карпош, со цел уште од најмала возраст да се поттикне интересот за овој спорт.

- ,,Овој базен за прв пат во нашата историја да го управува Пливачката федерација. Ние сме благодарни и се надеваме дека пред граѓаните ќе ја оправдаме довербата што ни ја дадовте. / Пливачката федерација во наредниот период покрај спортските клубови ќе ја извршува обуката на наши спортисти и пливачи на територија на општина Карпош ќе врши обука на дечиња кои учат во основните училишта и тоа ќе биде со некоја динамика која ќе ја договараме,, - Сашо Лазаревски

Изградбата на базенот започна во септември 2023 година и чинеше 760.000 евра.. Станува збор за современ спортски објект со дименизии од 25 метри должина и 9 метри ширина, со длабочина која се движи од 0.80 до 1.20 метри, што овозможува безбедно користење и реализација на наставните и рекреативните активности.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер