Продолжуваат спасувачките акции по земјотресот во Колумбија, досегашниот биланс најмалку 170 загинати
2Продолжуваат спасувачките акции по земјотресот во Колумбија, досегашниот биланс најмалку 170 загинати
3Пиперката ајварка од утре ќе се откупува по повисоки цени, постигнат договор меѓу производителите и откупувачите
ЗдравјеГерманските власти сметаат дека ремдесивир е сепак корисен за лекување од корона Германскиот министер за здравство ја бранел својата одлука за набавка на дополнителни залихи на антивирусниот лек ремдесивир за третман на ковид-19, истакнувајќи дека овој лек на Гилеад е корисен особено во раните фази на болеста.„Бидејќи има смисла во некои ситуации и затоа што побарувачката е значително зголемена, набавивме дополнителни залихи на ремдесивир“, рече Јенс Шпан на прес-конференцијата. Германија вчера објави дека побарала околу 5 проценти од залихите на ремодесивир според шестмесечен европски договор со Гилеад, и покрај критиките дека нема докази дека лекот против ебола е ефикасен против ковид-19. Уве Јансенс, шеф на германското здружение за интензивна нега ДИВИ, рече дека студијата спроведена од СЗО за ремдесивир, која ја доведува во прашање неговата ефикасност кај ковид-19, сè уште не е разгледана. „Затоа гледаме на тоа со претпазливост“, рече тој, додавајќи дека верува оти има смисла да се користи лекот во раните фази на третманот. Швајцарските лекари за Ројтерс изјавија дека и тие продолжуваат да го користат ремдесивир во болниците.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЗеленски: Украина ќе продолжи со удари длабоко во Русија, нема алтернатива на миротУкраинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека Украина ќе продолжи да изведува прецизни напади врз цели длабоко на руска територија,Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека Украина ќе продолжи да изведува прецизни напади врз цели длабоко на руска територија,со цел, како што рече, да ѝ покаже на Русија и на нејзините граѓани дека единствено решение е прекин на војната. Според Зеленски, украинските сили погодиле уште еден објект на руската нафтопреработувачка индустрија, кој се наоѓа во Тоболск, во Сибир, на повеќе од 2.500 километри од украинската граница. Неговата порака следи по вчерашните најсмртоносни украински напади врз Русија од почетокот на војната, кога во масовен напад со дронови во Татарстан беа убиени 13 луѓе, а повеќе десетици беа повредени..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПродолжуваат спасувачките акции по земјотресот во Колумбија, досегашниот биланс најмалку 170 загинатиНајмалку 170 лица загинаа во силниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени што ја погоди централна Колумбија, додека спасувачките екипи и денеска продолжуваат со потрагата по преживеани под урнатините.Земјотресот што вчера рано изутрината ја потресе областа позната по производството на кафе, предизвика големи разурнувања во повеќе градови, меѓу кои Кали и Переира, а сериозно е оштетен и историскиот центар на Манизалес, каде што се урна еден од високите делови на катедралата. Спасувачките екипи, со поддршка на полицијата, армијата и волонтери, цела ноќ ги пребаруваа урнатините со багери, но и со голи раце, во обид да пронајдат преживеани под урнатините. Најпогоден е градот кали каде што загинаа најмалку 85 лица, а неколку стотици се водат за исчезнати..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПиперката ајварка од утре ќе се откупува по повисоки цени, постигнат договор меѓу производителите и откупувачитеПостигнат е договор пиперката ајварка од утре да се откупува по повисоки откупни цени.. Информира министерот за земјоделство Борче Серафимовски, по утринската средба со производителите, откупувачите и преработувачите во Струмица, откако производителите од струмичко во изминатите денови протестираа поради ниската откупна цена од 25 денари за прва класа.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter