Вандализам на Шар Планина: Уништена зимската маркација од проектот „Славков“ на патеката Попова Шапка – Титов Врв
2Вандализам на Шар Планина: Уништена зимската маркација од проектот „Славков“ на патеката Попова Шапка – Титов Врв
Вечерва стартува новата сезона во англиската Премиер лига, натпреварите ќе се играат според нови правила
2Вечерва стартува новата сезона во англиската Премиер лига, натпреварите ќе се играат според нови правила
3Одлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреварот
ЖивотГерманските компании се соочуваат со недостиг на квалификувани работнициРечиси една од четири германски компании се соочува со недостиг на квалификувани работници, според анкетата на Институтот за економски истражувања Ифо. Според анкетата, 23,2 проценти од компаниите во Германија пријавиле недостиг на квалификувани работници во јули, во споредба со 21,1 процент во април. Сепак, овој удел е далеку под долгорочниот просек од 31,7 проценти. „Слабата економија моментално ја ограничува побарувачката за квалификувани работници“, рече Дарија Шалер од Институтот Ифо, додавајќи дека со закрепнувањето на економијата, недостигот на квалификувани работници би можел повторно значително да се зголеми. Во телекомуникацискиот сектор, уделот на компаниите што се соочуваат со недостиг на квалификувани работници речиси се удвои, од 16,3 проценти во април на 31,1 процент во јули. Во консалтинг и ревизија, уделот на компаниите што пријавуваат недостиг од квалификувани работници се зголеми од 52,4 на 64,7 проценти, додека во производството достигна 18,7 проценти, или 4,5 процентни поени повеќе отколку во април. Бројот на признати квалификации стекнати во Сирија се зголеми за 42 проценти „Поголем број невработени лица не значи автоматски поголем број на достапни квалификувани работници, бидејќи нивните квалификации мора да одговараат на барањата на слободните работни места“, забележа Шалер. Германските власти признаа 86.600 странски професионални квалификации минатата година, што е речиси десет проценти повеќе од претходната година, објави Федералниот завод за статистика. Сепак, растот се забави во споредба со 2024 и 2023 година, кога бројот на признати квалификации се зголеми за 21 и 25 проценти, соодветно. Здравствените професии беа предводници во бројот на признати квалификации. Одобрени се 32.000 апликации за признавање квалификации за медицински сестри и техничари, 13.900 за лекари и 4.600 за инженери. Овие три групи сочинуваат 58 проценти од сите признати квалификации. Според земјата на потекло, најголем број признати квалификации доаѓаат од Турција, со 9.800, или 11 проценти од вкупниот број. Потоа следуваат Украина со околу 8.300, Сирија со 6.100 и Индија и Тунис со по 5.400 признати квалификации. Бројот на признати квалификации добиени во Сирија се зголеми за 42 проценти. Германија е сè повеќе зависна од странци во голем број сектори поради опаѓачката стапка на наталитет и брзото стареење на населението. Извор: Индекс.хрТагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо вторник во владата ќе се носи одлуката што точно ќе содржи училиштата кошничкаУчилишна кошничка со попуст до 15 % - чии состав и крајна цена ќе се разликуваат од книжарница до книжарница во зависност од изборот, квалитетот и брендот – ова е предлог одлуката која министерството за економија ќе ја достави до владата. Одлуката е направена во консултации со трговците на големо и мало кој продаваат училишен прибор. Од ресорното министерство појаснуваат дека кошничките ќе бидат јасно означени и поставени на видно место во книжарниците со прецизно наведен состав и цени на производите, а попустот до 15 % ќе се пресметува директно на каса и ќе биде прикажан на фискалните сметки... Премиерот Христијан Мицкоски и денеска повтори одлуката ќе биде донесена во вторник на владина седница, а веќе, како што рече, по ова прашање во рамки на Владата имало согласност. „Ние имаме во рамките на Владата согласност на следната владина седница во вторник да донесеме таква одлука со која ќе се формира училишната кошничка и мислам дека во рамки на можностите сето тоа ќе биде атрактивно за родителите и учениците така што во вторник тоа ќе се донесе како одлука....“ - Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Граѓаните оптимисти очекуваат најавената кошница да донесе значително пониски цени, бидејќи велат секогаш пред старот на училишната година цените растат, а голем дел од семејствата се со ниски примања и тешко може да ги купат макар и основните работи... „Јас како професор на универзитет мислам дека треба да има попуст за образованието. И не се како со квалитет како што беа порано и мислам дека треба да има ... “ „Имам помал брат и сум упатена. Мислам дека да се бара малку повеќе од нив и сепак е тоа основно училиште и некој работи за основни потреби треба да се подостапни и има луѓе кои имаат пониски примања и некој основни рбаоти не треба да се толкав трошок.“ „Мислам дека треба да има и попуст а мислам дека може и секоја општина да изводвои од својот буџет и барем за првачињата конкретно основните работи ранците и приборот да бидат бесплатни. “ Од друга страна, лидерот на опозицијата Венко Филипче смета дека највената кошничка ќе биде само како што вели уште еден ПР трик од кои граѓаните нема да имаат никаков бенефит. „Според досегашната пракса нешто што може да констатираме е дека повторно ќе излажат и нема да излезат во пресрет со никаква мерка. Гледам дека чето целокупниот наратив е да се споредува тоа што сега се случува со 2021 година....“ - Венко Филипче – претседател на СДСМ. И додека се чека конечната одлука за училишната кошничка, според пресметките во моментов за основен прибор, како тетратки, моливии, гуми, блок, боици, како и ранец потребни се минимум 5 илјади денари. Само ранец во актуелните понуди може да се најде по цени од 1 300 па се до 5 000 денари. Тетратки 15 денари до 250 денари Молив 20 денари до 150 денари Гуми и острилки 20 денари до 150 денари Сет линијари 200 денари до 300 денари Футрола за училишен прибор 400 денари до 1.200 денари Блок 60 денари до 100 денари Боици 140 денари до 700 денари Ранец 1.300 денари до 5.000 денари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести43 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
МакедонијаВандализам на Шар Планина: Уништена зимската маркација од проектот „Славков“ на патеката Попова Шапка – Титов ВрвПовеќе од 45 од вкупно 112 поставени столбови се уништени, оштетени или отстранети. Причинета е голема финансиска штета, но последиците би можеле да бидат многу посериозни. Со големо разочарување ја информираме јавноста дека значителен дел од новопоставената опрема за зимска планинарска маркација на патеката Попова Шапка – Титов Врв, долга приближно 11 километри, е уништен, оштетен или отстранет. Директна финансиска и морална штета Зимската маркација беше дел од проектот „Славков – Маркација на планинарски патеки во Македонија“, финансиски поддржан од амбасадите на Австрија, Чешка и Словачка, како и од Скопска Пивара, а имплементиран и финансиски поддржан од компанијата Одржливи Авантуристички Патувања и Организацијата за одржлив развој САТ Скопје, во соработка со Планинарската федерација на Македонија (ФПСМ). Зимската маркација беше поставувана во периодот од ноември 2025 година до крајот на јули 2026 година, со учество на повеќе од 25 локални волонтери и мали бизниси од општините Тетово и Боговиње, кои во исклучително тешки планински услови вложија значителен број работни часови во транспортот, подготовката и поставувањето на опремата. Финансиската вредност на штетата се проценува на најмалку 8.000 евра (500.000 денари). Но, ова не е само материјална штета. Зад уништената опрема стои нешто многу поважно – трудот на луѓето кои работеа за Шар Планина да биде побезбедна и подобро подготвена за планинарите и локалните заедници. Уништувањето директно ја загрозува безбедноста на планинарите и го попречува локалниот развој. Во услови на снег, магла, силен ветер и намалена видливост, летната маркација честопати е покриена или воопшто не е видлива. Тогаш зимските столбови претставуваат клучни точки за ориентација и следење на безбедната рута. Кога маркацијата исчезнува, не исчезнува само еден столб. Исчезнува точката што може да му покаже на човекот каде да продолжи кога планината околу него повеќе не е препознатлива. Столбовите на зимската маркација се означени со црвена и жолта боја бидејќи овие бои обезбедуваат најсилен визуелен контраст на зимски терен – практика што се применува во многу европски планински региони и е застапена и во националните правила за планинарски патеки. Уништувањето на планинарската маркација воедно претставува уништување на туристичка инфраструктура неопходна за развојот на планинскиот и активниот туризам. Тоа директно се спротивставува на целта на Националниот парк Шар Планина и локалните општини, прекрасната Шар Планина да ја направат атрактивно, одржливо и безбедно место за посетителите, кое ќе придонесува за локалниот економски развој и ќе биде од корист за селата во околината. Уништувањето дополнително ги доведува во прашање меѓународниот ангажман и поддршка. Случајот е пријавен во Полициското Станица Попова Шапка. На 19.08.2026 година, стручен тим на полицијата, во присуство на претставници на Националниот парк Шар Планина, изврши увид на теренот и ги документираше локациите на кои беше утврдено оштетување и отстранување на опремата. Очекуваме надлежните институции да ги утврдат сите околности и да постапат согласно со закон, со сериозни последици за оние што го сториле ова кривично дело. Ова е штета за целата планинарска заедница, за Националниот парк Шар Планина, за планинарите, туристите, водичите, спасувачите и за сите што ја користат планината. Затоа, апелираме до сите посетители да ја почитуваат и заштитуваат планинарската инфраструктура и секое оштетување или отстранување на маркацијата да го пријават кај надлежните институции. Им благодариме на волонтерите, донаторите, институциите, компаниите и поединците кои помогнаа во реализацијата на проектот, како и на планинарите кои навремено го забележаа и пријавија уништувањето. Планинарската маркација не е само столб или знак. Во услови на снег, магла и невреме, таа може да ја направи разликата помеѓу безбедното враќање и губењето во планината, што може да заврши со сериозни и несакани последици. Здружение за Одржлив Развој САТ – СкопјеТагови: Шар Планина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд денеска странските државјани можат онлајн да ги плаќаат казните од „Безбеден град“По два дена метеж со нервозни патници поради долгото чекање на шалтерите, полека почнува да се нормализира работата на граничните премини кадешто се сопираат за наплата на казни странските државјани регистрирани од системот „безбеден град“. Според камерите кои ја пренесуваат сликата во живо, на Табановце нема долги колони. Од МВР информираа декаво функција се осум пунктови за оние кои сториле прекршок и сега ја напуштаат Македонија, а веќе е достапна и апликацијата за тие кои сакаат да се информираат за деталите на казната ида платат брзо, без да чекаат на самиот граничен премин. -Преку апликацијата странските државјани ќе можат едноставно и директно да добијат информации за сообраќајните прекршоци сторени со системот безбеден град, да имаат увид во издадените прекршочни налози, како и да ги подмират глобите по електронски пат. По логирањето потребно е возачот да се логира и да ја скенира својата патна исправа и да ја внесе регистрацијата на возилото или возилата кои тој ги користи во нашата држава,- Гоце Андреевски – портпарол на МВР. Меѓу странците кои изминативе два дена беа отстранувани од колоните за излез, најголем број беа српски држајани, кои револтот го искажаа и на социјалните мрежи, заканувајќи се дека ќе ја смената рутата и за Грција ќе одат преку Бугарија. Во фејсбук групите почна да се споделува и мапа од Табановце до Богородица за точните локации кадешто има камери на МВР, со цел да се избегнат казните. Наделжните за сообраќајот во Србија во тамошните медиуми оценија дека возачите треба да ги почитуваат правилата, а Сејф сити е легитимен механизам и треба да се примени и таму. -Тоа е нивен пат, тоа се нивни правила на игра и мораме да се прилагодуваме. Целата таа приказна е малку пренесена како неправда, но тоа е сосема легитимно и јас би сакал тоа да заживее и кај нас. Очигледно сте одлучиле да не ги собирате симпатиите на гледачите? Знаете, најважен ни е човечкиот живот,-Мирко Коковиќ, заменик директор на Агенција за безбедност во сообраќајот на Србија (РТС). Гужвите на Табановце првите два дена беа поради малиот број на наплатни места, како и тоа што освен за сегашните, платни налози се издаваа и за претходно направени прекршоци, од 1 февраури кога системот почна со работа. Статистиката на МВР покажува дека оттогаш до крајот на мај биле регистрирани над 33 илјади прекрошоци од странски државјани, од кои најголем дел за надминување на дозволената брзина. Тагови: безбеден град Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести43 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05