Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија
Власта уверува дека води проактивна економска политика, опозицијата обвинува за лошо економско менаџирање
1Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија
2Власта уверува дека води проактивна економска политика, опозицијата обвинува за лошо економско менаџирање
СветГерманските царински власти откриле марихуана и хашиш во новогодишни подароци Германските царински службеници на аеродромот Келн/Бон откриле марихуана и хашиш скриени во минијатурни новогодишни елки и играчки.Дрогата, вредна повеќе од 500.000 евра, вклучува 19 килограми марихуана и околу шест килограми хашиш, која потекнува од САД и Канада. Истата била откриена рано утрото на 6 декември, Денот на Свети Никола, кога во Германија започнува традицијата на новогодишни подароци. „Шверцерите постојано се обидуваат да сокријат огромни количества дрога во новогодишни пратки“, соопштија од царината. Дрогата е уништена, а дрогата е откриена во осум одделни пратки. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во МакедонијаТошковски оствари повеќе значајни средби.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изминатите денови престојуваше во работна посета на Флорида, Соединетите Американски Држави, каде што учествуваше на годишната конференција на Меѓународната асоцијација на полициски шефови (IACP) во Орландо, еден од најголемите светски собири на полициски професионалци, посветен на иднината на полициското работење и справувањето со современите безбедносни предизвици. Во рамки на конференцијата, министерот Тошковски оствари повеќе значајни средби, меѓу кои и со Николас Колура, директор на Дипломатската служба за безбедност при Стејт департментот на САД, како и со Рик Смит, основач и главен извршен директор на компанијата Axon, која развива современи технолошки решенија во областа на јавната безбедност. На средбата со Смит беа разгледани можностите Македонија да стане регионален демонстрациски центар за технологиите на Axon, каде што преку практична примена на современи решенија, вклучително и вештачката интелигенција, би се презентирале нови модели на полициско работење пред институциите од регионот. Ваквата иницијатива би придонела за зајакнување на регионалната соработка и размената на знаења, искуства и технолошки иновации. На покана на шерифот на округот Палм Бич, Рик Бредшо, министерот Тошковски учествуваше и на Global Innovation Summit, каде што акцентот беше ставен на практичната примена на вештачката интелигенција, беспилотните летала и антидронските системи во заштитата на јавните простори, критичната инфраструктура и безбедноста на населението. Во рамки на работната посета, министерот го посети и Полицискиот оддел во Мајами, каде што непосредно се запозна со современите оперативни модели на американската полиција, вклучително и користењето системи за видеонадзор, напредна аналитика и обработка на информации во реално време. Овие решенија овозможуваат навремено препознавање на безбедносните закани, подобра координација на полициските единици и побрза реакција при инциденти. Министерот Тошковски истакна дека размената на искуства со развиените полициски системи е значајна за понатамошната модернизација на македонската полиција и воведувањето конкретни технолошки решенија во секојдневното работење. „Нашата цел е искуствата и современите технологии да ги преточиме во практични решенија што ќе овозможат побрза помош за граѓаните во критични ситуации, поефикасно спречување на криминалот и поголема заштита на животот и имотот“, нагласи Тошковски. Работната посета на САД претставува можност за продлабочување на меѓународната полициска соработка, размена на добри практики и разгледување нови пристапи за технолошко унапредување на капацитетите на Министерството за внатрешни работи.дно секојдневие на секој граѓани. Целта е јасна – македонската полиција да биде чекор пред криминалот, побрза во реакцијата, поефикасна во заштитата и поблиску до граѓаните. Модернизацијата не е само вложување во нова опрема и технологии, туку во систем што навремено ги препознава заканите, спречува кривични дела и спасува човечки животи. Токму во таа насока Министерството за внатрешни работи ќе продолжи да ги развива своите капацитети, со крајна цел – посилна полиција, поголема безбедност и држава во која секој граѓанин ќе се чувствува сигурно.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВласта уверува дека води проактивна економска политика, опозицијата обвинува за лошо економско менаџирање Македонија е држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација во регионот и тоа го потврдуваат и ЕК, ММФ и Светска банка, изјави премиерот Христијан Мицкоски.Македонија е држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација во регионот и тоа го потврдуваат и ЕК, ММФ и Светска банка, изјави премиерот Христијан Мицкоски, прашан за извештајот на Светска банка кој нотира дека македонската економија годинава ќе порасне за 3,2%, а во вториот квартал од 2026 година остварила економски раст од 4,3 проценти. Според Мицкоски, власта води добра бизнис и економска политика, иако наследила катастрофална состојба во државата и стари долгови. Во следните две години Владата треба да презапише или да врати 5 милијарди евра заеми од минатото, вели Мицкоски. -Ако во минатото овие кои денеска се опозиција, а тогаш беа Влада, не убедуваа дека стапката на инфалција во Македонија е двојно поголема од европскиот просек поради тоа што е увезена, денеска гледаме дека имаме за 25 проценти пониска стапка на инфлација од она што е европскиот просек. А тоа е резултат на политиките на Владата. А во исто време кога имате стапка на инфлација помеѓу 2 – 2, 5 проценти, да генерирате раст од 4,3 проценти во вториот квартал од оваа година, навистина претставува проактивна економска политика и политика којашто носи резултати, изјави Мицкоски. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, од друга страна денеска обвини дека Буџетот е во катастрофална состојба, а вториот ребаланс кој во моментов е во Собранието според него е признание за лошото водење на економијата од Владата на Мицкоски. За само две и пол години, јавниот долг на државата е зголемен за четири милијарди евра нови долгови, вели Филипче, власта крати пари за образование, здравство и гасификација, а нема ниту денар за минималната плата. - Нема поголем доказ за лошо менаџирање на буџетот, финансиите и економијата од страна на Христијан Мицкоски и од овој втор ребаланс. кој не носи подобар стандард за граѓаните, нема пари за поголеми плати, нема фискална стабилизација, нема капитални инвестиции, напротив, тие се кратат, ова претставува ребаланс за да се направи задолжување за трошење, односно ребаланс со кој што ќе се пополнат дупките во буџетот, рече Филипче. Во Собранието денеска почна амандманската расправа за вториот ребаланс на Буџетот, при што до собраниската Комисија за финансирање и буџет се доставени 124 амандмани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПотпишани анексите на договорите за соработка со центрите за развој на планските региониСо дополнителните средства, вкупната финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа за активностите на осумте центри во 2026 година изнесува 24,6 милиони денари, односно по 3.075.000 денари за секој центар.Министерот за локална самоуправа, г. Иван Стоилковиќ денеска оствари работна средба со директорите на центрите за развој на планските региони, на која беа потпишани анексите на договорите за соработка за 2026 година, со кои се овозможува исплата на дополнителни 15 милиони денари, односно по 1.875.000 денари за секој центар. Со дополнителните средства, вкупната финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа за активностите на осумте центри во 2026 година изнесува 24,6 милиони денари, односно по 3.075.000 денари за секој центар. Средствата се наменети за реализација на активностите и задачите утврдени во член 30 од Законот за рамномерен регионален развој, во согласност со развојните приоритети на планските региони. Дополнителните 15 милиони денари се обезбедени со ребалансот на Буџетот на Македонија за 2026 година. За таа цел, Владата ја донесе Програмата за изменување на Програмата за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2026 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 232/26), со која се овозможува дополнителна исплата на финансиски средства за осумте центри.Тагови: Стоилковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00