Во кривичниот суд денеска продолжуваат три судски процеси за „Државна Лотарија“, Ѓоко Ристов и пожарот во „Пулс
1Во кривичниот суд денеска продолжуваат три судски процеси за „Државна Лотарија“, Ѓоко Ристов и пожарот во „Пулс
СветГерманскиот канцелар Олаф Шолц во проштална посета на ПолскаГерманскиот канцелар Олаф Шолц денеска ќе пристигне во проштална посета на Полска, каде ќе се сретне со полскиот премиер Доналд Туск, јави ДПА.Се очекува Шолц и Туск да разговараат за германско-полските односи, како и за европските и меѓународните прашања. Најавата за посетата на Шолц на Полска, дадена минатата недела, беше неочекувана. Откако новиот состав на Долниот дом на германскиот Парламент за првпат се состана на крајот на минатиот месец, Шолц ја извршува функцијата канцелар. Во оваа завршна фаза од мандатот на канцеларот, невообичаено е да се прават посети во странство. Полска во моментов е во екот на кампањата за претседателските избори. Првиот круг од изборите е закажан за 18 мај. Олаф Шолц се очекува да му ја предаде канцеларската функција на конзервативниот лидер Фридрих Мерц на 6 мај. Мерц претходно изјави дека планира да ги посети Полска и Франција на првиот ден како канцелар. Фридрих Мерц ќе стане канцелар откако конзервативците што тој ги предводеше го освоија првото место на парламентарните избори одржани на 23 февруари. Тагови: Олаф Шолц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо кривичниот суд денеска продолжуваат три судски процеси за „Државна Лотарија“, Ѓоко Ристов и пожарот во „ПулсВо кривичниот суд денеска продолжуваат три судски процеси за „Државна лотарија“, Ѓоко Ристов и пожарот во „Пулс“. Продолжува судењето за „Државна лотарија“, во кое обвинети се Артан Груби, Перпарим Бајрами и уште шест лица.Тие се сомничат за злоупотреба на службената положба и проневера на околу 600 милиони денари. Во случајот треба да продолжи доказната постапка, по сведочењето на директорот Владо Петковски. Во Кривичниот суд продолжува и судењето против поранешниот апелациски судија Ѓоко Ристов. Треба да сведочат родителите во чиј семеен дом во Неготино беа пронајдени 350.000 евра.Претходно сведочеше Фехми Стафа, кој негираше дека примил 20.000 евра за влијание врз ристов.одбраната тврди дека обвинението нема доволно издржани докази, додека обвинителството посочува дека има материјални и електронски докази.во судницата во „Идризово“ продолжува и судењето за пожарот во дискотеката „Иулс“ во Кочани.Во трагедијата загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, а предметот се наоѓа во доказна постапка.по завршувањето на доказите на обвинителството, одбраната треба да започне со изведување на своите докази.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаСе гаси КК „Монако“по 12 години голем успех!„АС Монако Баскет“ официјално објави дека повеќе не е во состојба да ги исполнува своите финансиски обврски и целосно ги запира сите активности и натпреварувања.Европската кошарка е потресена од шокантна вест: „АС Монако Баскет“ официјално објави дека повеќе не е во состојба да ги исполнува своите финансиски обврски и целосно ги запира сите активности и натпреварувања. Во официјалното соопштение упатено до јавноста и навивачите, клубот потврди дека се наоѓа во состојба на целосна несолвентност, изразувајќи надеж дека во иднина можеби ќе успее повторно да го активира проектот преку реструктурирање. „И покрај сите вложени напори, ’АС Монако Баскет’ се најде во состојба на несолвентност“, се вели во соопштението на тимот, кој се надева дека „Рока Тим“ (Roca Team) еден ден повторно ќе заигра во арената „Гастон Медесин“. Овој пресврт – барем засега – стави крај на проект што постигна историски резултати во француската и европската кошарка во текот на изминатите 12 години. Во тој период, „Принцовите“ освоија три титули во француското првенство, четири трофеи во „Лидерс купот“, два Купа на Франција и еден Суперкуп. Нивниот најголем европски успех дојде во 2021 година, кога го освоија Еврокупот, обезбедувајќи ја првата европска клупска титула во историјата на Кнежевството. Потоа, Монако двапати се пласираше на завршниот турнир (Фајнал-фор) во Евролигата, а пред само година и пол играше и во големото финале на елитното европско натпреварување. Предавање на палката и премин на аматерско ниво Раководството на клубот им се заблагодари на навивачите за поддршката низ годините, нагласувајќи дека заедницата што ја изградиле е нивното најголемо богатство – она што нема да исчезне.Тагови: Евролигата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПетрова-Чамова: Бугарија има јасна политичка волја да ја забрза работата на проектот за Коридорот 8Коридорот 8 треба да се гледа како единствен стратешки проект за поврзување, а не како збир од одделни инфраструктурни сегменти. Ова го изјави бугарската министерката за надворешни работи Велислава Петрова пред меѓународниот форум за Коридорот 8 во Софија каде присутвува и македонска делегација.според неа, -Бугарија има јасна политичка волја да ја забрза работата на проектот, кој е од клучно значење како за поврзувањето со Западен Балкан, така и за европското поврзување, пренесе БГНЕС. Бугарскиот министерот за транспорт Георги Пеев утринава изјави дека Бугарија и Македонија веќе презеле конкретни чекори за забрзување на изградбата на Коридорот VIII. Тој нагласи дека проектот има не само транспортно, туку и стратешко значење за безбедноста на регионот. Пренесува БГНЕС. Тој додаде дека со оглед на конфликтите и војните во близина на регионот, изградбата на транспортни коридори добива уште поголемо значење.во врска со чекорите за изградба на Коридорот 8, рече:„веќе дека постои заеднички комитет со македонската страна, кој одржал два состанока - еден во Софија и еден во Скопјe. Таму изготвивме конкретен план. Сите проекти се одвиваат со забрзано темпо.“„најтежок е заедничкиот тунелски објект меѓу Бугарија и Македонија. Таму, бугарија ќе биде водечка земја, таа ќе ги додели процедурите. Ова е најголемиот предизвик бидејќи станува збор за тунелски објект кој бара соодветни напори“, објасни тој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59