ВМРО-ДПМНЕ: Во најтешка состојба се СДС со показатели кои покажуваат дека пензиите и платите растат, инфлацијата е под контрола..
2ВМРО-ДПМНЕ: Во најтешка состојба се СДС со показатели кои покажуваат дека пензиите и платите растат, инфлацијата е под контрола..
Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
2Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
СветГерманскиот канцелар Фридрих Мерц денеска патува за Јордан и ИзраелГерманскиот канцелар Фридрих Мерц денеска заминува на своите први државни посети на Израел и Јордан, јави ДПА.Мерц ќе се сретне со кралот Абдула Втори во јорданската престолнина Аман, а потоа ќе замине за Израел, каде се очекува вечерва да биде примен од израелскиот претседател Ицак Херцог во Ерусалим. За утре е закажана и средба меѓу германскиот канцелар и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Мерц ќе го посети и Центарот за сеќавање на жртвите од Холокаустот „Јад Вашем“, каде ќе положи венец. Се очекува главниот фокус на разговорите да биде ставен на затегнатите односи меѓу Израел и Германија, како и на понатамошната стабилизација на примирјето во Газа, забележува ДПА. Германија е еден од најблиските сојузници на Израел, покрај САД, но Мерц ја остварува својата прва официјална посета на земјата релативно доцна, коментира ДПА.. Претходниот канцелар, Олаф Шолц, го посети Израел само три месеци по преземањето на функцијата, а Ангела Меркел ја направи својата прва посета како канцелар само два месеци откако официјално ја презеде функцијата. Ова ја отсликува перцепцијата на Германија за посебна одговорност кон Израел поради Холокаустот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЕвропа повторно на улица: Протести во Франција и Португалија против растечките трошоци за животИлјадници луѓе повторно излегоа на улиците во Франција и Португалија, со барања за повисоки плати и пензии и подостапен дом, односно против растечките трошоци за живот.Во Франција ова беше шеста последователна сабота на демонстрации. Според министерството за внатрешни работи, низ земјата протестирале над 80 илјади луѓе од кои над 20 илјади излегле на улиците во Париз. Иако бројот на демонстранти во Франција се намалува, организаторите велат дека протестите ќе продолжат. Во Португалија, пак, домувањето веќе не е споредна социјална тема, туку едно од главните прашања на куповната моќ. Илјадници луѓе протестираа на улиците во центарот на Лисабон. Според синдикатите, во протестот учествувале илјадници луѓе кои поминале на два од главните булевари во Лисабон со чадори и мантили поради обилните дождови. Полицијата не објави проценка за нивниот број. Португалија се соочува и со една од најлошите кризи со домувањето во Европа. Цените на куќите се зголемија повеќе од двојно од 2017 година, а наемите според новите договори речиси двојно се зголемија, при што главно се засегнати младите луѓе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Во најтешка состојба се СДС со показатели кои покажуваат дека пензиите и платите растат, инфлацијата е под контрола..Во најтешка состојба се СДС со показатели кои покажуваат дека пензиите и платите растат, инфлацијата е под контрола и цени на енергенсите најниски во регионотСООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА СДС Тешко е да се биде СДС во опозиција изминатиов период. До толку се дојдени во исклучително тешка состојба, што веќе ниту знаат каде тераат, ниту умеат да ги читаат официјалните податоци, па преминуваат на она што најдобро знаат, со лаги и манипулации да ги заплашуваат граѓаните дека недостигаат пари. ПИОМ е во стабилна состојба, пари има и пензиите редовно се исплаќаат, ниту еден денар на граѓаните не е загрозен. Напротив, над 300 илјади пензионери за две и пол години добија покачување на пензиите за седум илјади денари. Тоа им смета на СДС кои, очигледно, сакаат пензионерите да бидат како во нивно време, понижени, непочитувани и без соодветни примања за достоинствен живот. СДС имаат замерки и за платите кои не знаат или не сакаат, да ги читаат официјалните податоци и показатели, или пак не им одговара што платите во сите сектори, согласно и со колективни договори, се зголемуваат. Пред некој ден Државниот завод за статистика излезе со официјални податоци за месец септември, според кои реалната нето-плата споредено со септември 2025 година е зголемена на 5,2%. Од друга страна зборуваат за поскапувања, а не гледаат дека инфлацијата во Македонија е најниска од земјите во регионот и далеку под европскиот просек, а економски раст десетти квартал по ред, откако ВМРО-ДПМНЕ ја предводи владата, е над 3%. А во ек на светска енергетска криза Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со преземените конкретни мерки и активности успева цените на нафтените деривати да ги задржи на најниско ниво од земјите во регионот. Сумирано, пензиите се стабилни, покачени и тие редовно се исплаќаат, платите се зголемуваат, економијата се стабилизира и заживува, инфлацијата е под контрола и далеку под европскиот просек, а цените на енергенсите се најниски во регионот. Исто така, сметаме дека и оваа не е доволно, затоа што граѓаните заслужуваат уште повеќе и подобри услови и животен стандард и за тоа ќе се бориме и ќе работиме секој изминат ден. Така што, со вакви показатели во најтешка состојба се токму СДС. Нека им е со лесно, ние нема да се откажеме од подобар живот за македонските граѓани, за на нив да им биде полесно. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи посветено и макотрпно да работи за повеќе инвестиции, повеќе капитални проекти, повеќе работни места и поголем економски раст. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрипадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Шоу бизФото: Мајли Сајрус на тајна венчавка стапи во бракСветската музичка ѕвезда, Мајли Сајрус се омажи. Се запознале на состанок на слепо, а сега тајно го кажале судбоносното „да“.Мајли Сајрус и Макс Морандо се венчаа на интимна церемонија на 21 ноември. Мајли Сајрус и Макс Морандо официјално го кажаа судбоносното „да“. Како што пренесува порталот „Entertainment Tonight“, парот стапи во брак на 21 ноември во Палм Спрингс. Во јавноста протекоа многу малку детали за самата церемонија, што не е изненадувачки со оглед на тоа што подготовките ги чуваа подалеку од очите на медиумите. Извор близок до парот уште во март 2026 година за списанието „People“ откри дека тие не сакаат голема прослава, туку сонуваат за „помала и поинтимна“ свеченост. 🔗: https://t.co/j7MTVCtFxm #MileyCyrus can buy herself flowers, but this time #MaxxMorando brought the ring. 💍🥹 The couple said “I do” in an intimate Palm Springs ceremony on Nov. 21. Swipe to see exclusive photos from the newlyweds’ special day and head to the link for more. 📷: Backgrid — People (@people) November 22, 2026 „Мајли имаше свои замисли за тоа како сака сè да изгледа, но не планираше некаков огромен, традиционален настан. Макс е исклучително повлечен и едноставно не е таков тип на човек. 🚨 EXCLUSIVE: Miley Cyrus was seen wiping a tear away from her face in emotional photos and video from her Palm Springs wedding ceremony ... offering the first look of her stunning wedding dress. 🤍✨ 🎥 BACKGRID https://t.co/EUf3qXoYAY — TMZ (@TMZ) November 22, 2026 Нивната венчавка беше замислена како нешто помало, што ќе има посебно значење за нив двајцата, а не како голема холивудска продукција“, изјави тогаш изворот. Пејачката ја потврди свршувачката во декември 2025 година, кога на премиерата на филмот „Avatar: Fire and Ash“, позирајќи со Морандо, за првпат го покажа својот свршенички прстен со дијамант. Во јули оваа година, Морандо за списанието „Wonderland“ откри како се запознале во 2021 година. „Сем од мојот бенд ’Liily‘ – односно пријател на неговата сестра – ја познаваше Мајли. Тие едноставно ни организираа ’состанок на слепо‘. Од перспектива на Мајли, тоа веројатно не е ни возможно во вистинската смисла на зборот, бидејќи таа е постојано под будното око на јавноста. Но, ако постоеше некаков начин таа да отиде на состанок на слепо, тогаш ова беше најблиску до тоа“, рече тој. Тие веднаш почувствуваа силна поврзаност уште при таа прва средба и оттогаш, како што вели тој, „едноставно не се разделија“. На Морандо му требаше одредено време за да се навикне на огромното внимание што Сајрус го привлекува каде и да се појави. „Кога првпат ја запознав, тој дел ми беше прилично чуден. Никогаш претходно немав доживеано луѓе да те чекаат пред локали или во слични ситуации. Но, како што минуваше времето, сега е некако обратно. Дури кога ќе отидеме на некој јавен настан, се сеќавам која е таа всушност. Сепак, сакам да одам со неа на одредени настани за да ја поддржам во сè што прави“, призна Макс.Тагови: Мајли Сајрус Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook