Арсоски од Пробиштип: ЗНАМ ги претвора ветувањата во резултати – потврда за реформите од ЕК, 1.300 капитални проекти и повисоки плати и пензии!
2Арсоски од Пробиштип: ЗНАМ ги претвора ветувањата во резултати – потврда за реформите од ЕК, 1.300 капитални проекти и повисоки плати и пензии!
3Бесплатни превентивни прегледи на простатата и уринарниот тракт во „13 нoември“ по повод месецот на машко здравје
СветГермански воз на долги релации со 185 патници излета од шините по свлечиштеДелови од воз на долги релации со 185 патници излетаа од шините во југозападна Германија доцна синоќа, откако железничките пруги беа погодени од лизгање на земјиштето предизвикано од обилни врнежи.Никој не е повреден, а патниците се евакуирани од возот уште утрово, изјави портпаролот на националниот железнички оператор, јави ДПА. До пладне тимовите за поправки ја исчистија едната страна од пругата, но линијата сè уште е затворена за сообраќај со голема брзина. Свлечиштето се случи во градот Швабиш Гмунд, на околу 50 километри источно од Штутгарт. Според портпаролот на железницата, првите два вагони на возот излетале од шините околу 23:20 часот (21:20 часот по Гринич), но не се превртеле. Свлечиштето било широко околу 30 метри, а исто така зафати и пат паралелен со железничката пруга, рече портпаролот. Еден автомобил бил погоден, но возачот не е повреден, додаде тој. Долгиот воз кој излета од шините се врати на шините и треба да биде влечен, изјави портпаролката на железницата. Таа додаде дека возот бил пренасочен меѓу градовите Улм и Штутгарт поради поплавите во регионот. По лизгањето на земјиштето, сите долги линии меѓу Штутгарт и Минхен се прекинати. Сè уште не е јасно колку долго ќе трае нарушувањето на возниот ред. Големи делови од јужна Германија вчера беа зафатени од обилни дождови, поради што многу градови прогласија вонредна состојба поради надојдени реки и поплави. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НаукаВештачката интелигенција можеби го решила еден од најголемите математички проблеми на сите времињаМатематичарот Левент Алпоге, кој работи за американската компанија за вештачка интелигенција „Антропик“ (Anthropic), тврди дека ја решил Римановата хипотеза – еден од најпознатите нерешени математички проблеми во светот.Математичарот Левент Алпоге, кој работи за американската компанија за вештачка интелигенција „Антропик“ (Anthropic), тврди дека ја решил Римановата хипотеза – еден од најпознатите нерешени математички проблеми во светот – со помош на системот за вештачка интелигенција на компанијата, „Клод“ (Claude). Доколку неговото откритие се потврди, тоа би претставувало голем пробив во математиката, како и доказ дека вештачката интелигенција може да помогне во решавањето на проблеми што со децении им задаваат главоболки на врвните светски научници. Во петокот, Алпоге објави документ од четири страници во кој објаснува како дошол до потенцијалното решение користејќи го „Клод“. Засега, неговите тврдења сè уште не поминале низ целосна, независна проверка од страна на математичката заедница. Римановата хипотеза била предложена од германскиот математичар Бернхард Риман во 1859 година. Таа се однесува на распределбата на простите броеви – односно, броевите што се делливи само со еден и со самите себе. На пример, 2, 3, 5, 7 и 11 се прости броеви. Иако тие се појавуваат според одредени математички правила, нивната распределба меѓу сè поголемите броеви останува нецелосно објаснета. Римановата хипотеза поставува одредено математичко правило поврзано со оваа распределба. Во текот на децениите, научниците собрале многу докази во нејзина полза, но сè уште никој не успеал да докаже дека таа секогаш важи. Алпоге откри дека со месеци соработувал со „Клод“ (Claude) на различни математички проблеми. Тој тврди дека вештачката интелигенција одиграла особено клучна улога во завршните фази од работата на Римановата хипотеза. „Јас и ’Клод‘ одлично се забавувавме во текот на изминатите неколку месеци, работејќи на најразлични проблеми, но овој пат, токму пред самата цел, ’Клод‘ значително ме надмина“, напиша Алпоге во документ објавен на неговата веб-страница. „Не, ’Клод‘ лебдеше, танцуваше и блескаше токму на самата цел“, додаде математичарот, опишувајќи ја улогата на вештачката интелигенција во пронаоѓањето решение за проблем што математичарите се обидуваат да го решат повеќе од век и половина. Доказот се состои од 17 милиони линии компјутерски код. Алпоге го објави наводниот доказ во форма на приближно 17 милиони линии код, напишани во програмскиот јазик „Лин“ (Lean). Станува збор за систем што му овозможува на компјутерот чекор по чекор да ги проверува математичките докази. За разлика од конвенционалните академски трудови, во кои математичарите ги објаснуваат своите заклучоци користејќи формули и текст, најголемиот дел од овој доказ е напишан во формат што може да биде проверен од компјутерска програма. Алпоге изјави дека соработката со вештачката интелигенција резултирала со повеќе од 250.000 страници математички материјал. Тој исто така призна дека сè уште не го разгледал целосно секој дел од обемниот доказ што го објавил. Компјутерот го прифаќа доказот, но експертите бараат верификација Алекс Конторович, професор по математика на Универзитетот „Ратгерс“, објасни дека математичарите обично мораат да го прочитаат секој дел од еден доказ и да потврдат дека сите заклучоци се точни. Во овој случај, голем дел од таа работа ја врши компјутер. Конторович истакна дека иако компјутерскиот систем го прифаќа претставениот доказ, тоа не значи дека тој лично го разбрал. Тој нагласи дека научниците мора детално да го проучат математичкото расудување. „Дали тоа значи дека го разбирам? Сè уште не. Но, компјутерот е исклучително прецизен – многу повеќе од мене – па ако успеете да го задоволите компјутерот, голема е веројатноста дека ќе ме задоволите и мене“, рече Конторович. Римановата хипотеза е еден од седумте главни математички проблеми за кои Институтот за математика „Клеј“ во 2000 година понуди награда од еден милион долари за секое докажано решение. Неколку часа по објавата на Алпоге, Институтот сè уште ја наведуваше Римановата хипотеза како нерешена на својата веб-страница. За еден доказ официјално да биде прифатен, потребна е темелна стручна рецензија. Претседателот на Институтот, Мартин Бридсон, изјави дека оваа објава би можела да биде од историско значење и да го промени нашето разбирање за можностите на вештачката интелигенција. Сепак, тој предупреди дека пред математичарите сè уште претстои многу работа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Филипче го следи и слуша што зборува претседателот МицкоскиДобро е што Филипче го следи и слуша што зборува претседателот Мицкоски, така барем ќе научи како се води држава и како посветено се работи во интерес на граѓаните.РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ 21.11.2026 Добро е што Венко Филипче го следи и слуша што зборува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски. Така може и ќе научи нешто како се води државата, како се води грижа и посветено се работи за подобар живот на граѓаните, како се проектираат и носат економски политики кои носат раст и економска стабилност, по пустошот кој зад себе го остави владата на СДС, во која составен дел беше и самиот Филипче. Сега, кога СДС е во длабока опозиција од каде што не може да ги пљачка државните буџети и да ја уништува економијата, на остатокот од партискиот талог предводен од Венко Филипче не му останува ништо друго освен да шири дефетизам и црни сценарија дека државата само што не банкротирала. Нешто што го прават во континуитет уште од 2024 година. Но, еве, веќе две и пол години, Македонија не само што не банкротирала, туку десетти квартал по ред БДП расте со три или над 3%, за вториот квартал од годинава да достигне до раст од 4,3%, инфлацијата да се држи под контрола и да биде далеку под европскиот просек, а платите и пензиите во континуитет да растат. Имено и самиот ДЗС во последните објавени податоци потврди дека реалната нето-плата во септември 2026, споредено со септември ланската 2025 година се зголемила за 5,2%. И овој реален раст на платите доаѓа во време на историска енергетска криза кога светската економија се соочува со сериозни проблеми и предизвици. Од друга страна, само да ја споредиме реалната нето-плата исплатена во септември 2022 година кога СДС беше на власт и енергетската криза практично веќе беше завршена, имаме намалување од 5%. Односно, толку биле способни и се интересирале за животниот стандард на граѓаните, што тој септември 2022 година на македонските граѓани им овозможиле реална нето-плата за -5% пониска. А во однос на пензиите, СДС и Венко Филипче имаат најмалку кредибилитет да зборуваат. Да се прашуваа тие, пензионерите немаше да го добијат заслуженото покачување на пензиите и сè уште ќе протестираа по македонските градови за достоинствен живот во третото доба. За среќа и на пензионерите, СДС и Венко Филипче веќе се опозиција, а на следните избори кога и да се, ќе заминат и во политичка пензија. Од друга страна, тоа што Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го направи за пензионерите е тоа што за само две и пол години власт за седум илјади денари линеарно ги покачи пензиите на над 300 илјади пензионери и тие редовно се исплаќаат. Растот на економијата, инвестициите, платите и пензиите ќе продолжи и следните години, за македонските граѓани да го добијат животниот стандард и квалитетот на живот кој го заслужуваат. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МагазинСЕПТОЛЕТЕ ТОТАЛ СО КОЛА ВКУС - ПОЗНАТ БРЕНД, НОВ И ВОЗБУДЛИВ ВКУСНовиот вкус на Септолете тотал ја надополнува линијата пастили со тројно дејство: делува против воспаление, ја намалува болката и ги отстранува причинителите на инфекцијата.Фармацевтската компанија КРКА го претстави Септолете тотал со кола вкус на промотивен настан што обедини повеќе од 300 фармацевти и лекари. Присутните имаа можност да се запознаат со новиот вкус и да разменат искуства од секојдневната работа со пациентите. Септолете тотал кола дејствува локално во устата и грлото: го намалува воспалението, ја ублажува болката и има антисептично дејство. Препознатливиот кола вкус ѝ дава на линијата нов, возбудлив и неочекуван карактер. Со него, КРКА го проширува изборот за пациентите, земајќи ги предвид и вкусовите на помладите генерации. „Успехот не значи само да се создаде квалитетен и ефикасен лек, туку и да се разберат потребите на пациентите. Ова не е само уште еден нов вкус во низата. Ова е стратешки одговор на потребите на современиот пациент. Со оваа иновација, на пациентите – како на возрасните, така и на помладите кои честопати одбиваат класични медицински вкусови - им нудиме терапија која е подеднакво моќна против болката и воспалението, но и со препознатлив и пријатен вкус, истакна Марија Станоевска Неделковска, заменик управител и маркетинг менаџер на КРКА Фарма Скопје. Повеќе од 70 години, КРКА ја гради довербата преку посветеност на квалитетот и грижата за здравјето на луѓето. Компанијата ја продолжува таа заложба со развој на своето портфолио и соработка со лекарите и фармацевтите, кои имаат важна улога во информирањето на пациентите за правилната употреба на лековите. Промотивниот настан беше и можност за зацврстување на долгогодишната соработка со здравствената заедница – соработка во чиј центар се пациентот, информираноста и одговорната грижа за здравјето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook