Германски медиуми: Дончиќ е ексцентрична суперѕвезда, неговата генијалност е на чекор од лудило - Канал 5

Германски медиуми: Дончиќ е ексцентрична суперѕвезда, неговата генијалност е на чекор од лудило

Германските медиуми пред денешното четвртфинале на Евробаскетот меѓу Германија и Словенија се огласија со статии за предводникот на популарните „Змајчеки“ НБА ѕвездата Лука Дончиќ. 

Германски медиуми: Дончиќ е ексцентрична суперѕвезда, неговата генијалност е на чекор од лудило

Германската репрезентација на Евробаскетот е сè уште непоразена, популарните „панцери“ својата сила и квалитет ја црпат од долгата клупа.

Од друга страна пак, играта на Словенија целосно е подредена и зависи од нивниот кашитен, според германските медиуми ексцентрична суперѕвезда, Лука Дончиќ, чија генијалност е секогаш на работ на лудило.

Вечерва, во четвртфиналето, нè очекува дуел на сосема спротивни кошаркарски филозофии, пишува „Ди Велт“ за натпреварот за пласман полуфиналето на кошаркарското ЕП, кој започнува во 20:00 часот.

Успехот во спортот се темели на талент, тренинг и дисциплина, а врвните спортисти обично ги поседуваат сите три компоненти во изразен степен. Некои се пробиваат со комбинација од талент и тренинг, други со талент и волја, но се чини дека за Лука Дончиќ важат некои други правила.

Ретко која спортска ѕвезда денес успеала да достигне такви височини со толку малку дисциплина. Словенецот, кој беше кошаркарски чудо од дванаесетгодишна возраст, сè уште постигнува кошеви со неверојатна леснотија од неверојатни растојанија, понекогаш со една рака, понекогаш во висок лак под самиот покрив на салата. Неговиот талент е уникатен, но како и со секој гениј, лудилото никогаш не е далеку.

Словенечката репрезентација на овој Евробаскет е всушност придружбата на Дончиќ.

Вечерва во 20:00 часот против Германија, суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс повторно ќе излезе на теренот со четири соиграчи, чија улога често се сведува на статисти.

Секако можеби тоа звучи малку грубо , но бројките го покажуваат ток,му тоа.

Во осминафиналето против Италија, по првата четвртина беше 29:11 за Словенија.

Дончиќ самиот постигна 22 поени, двојно повеќе од целиот италијански тим и повеќе од сите други играчи на теренот заедно.

Тој го заврши натпреварот со 42 поени во победата од 84:77, постигнувајќи точно половина од поените на својот тим.

Со вкупно 204 поени во шест натпревари, тој е водечки стрелец на Евробаскетот 2025, далеку пред Финецот Лаури Марканен, кој има 156.

-„Ди Велт“ ги истакнува квалитетите на Дончиќ, но и неговите недостатоци. Пишува дека „листата на недостатоци е доста долга“. „Се споменува дека Лука е премногу мрзлив, премногу дебел, премногу заситен. Велат дека неодговорно го троши својот талент, дека му недостасува дисциплина, дека хронично доцни и дека неговото однесување е лош пример за своите соиграчи. Тој е критикуван и за недостаток на лидерски квалитети , но сепак резулатите на Словенија, предводена од Лука покажуваат нешто друго.

Дека Лука Дончиќ е вистински лидер и дека со селекција со среден квалитет постигнува врвни резултати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на Сиљановска-Давкова со Урсула фон дер Лaјен, претседателка на Европската Комисија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се сретна со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лaјен, која е во посета на земјава.

Средба на Сиљановска-Давкова со Урсула фон дер Лaјен, претседателка на Европската Комисија

Најпрво, Гордана Сиљановска-Давкова изрази благодарност за растечкиот интерес и посветеност на Европската унија на регионот, потенцирајќи го индивидуалниот придонес на Урсула фон дер Лајен во забрзувањето на регионалните евроинтеграциски процеси.

Според претседателката, иако нашата држава не е формално меѓу западнобалканските држави со најголем напредок, таа, низ призма на двата најважни елементи: техничката подготвеност и геополитичката усогласеност со европската надворешна и безбедносна политика, заслужува да биде со нив, наместо на споредната патека.

Причината за македонското отсуство од друштвото на најуспешните, за неа е во давањето примат на наметнатиот билатерален спор пред копенхашките критериуми?!

Претседателката изрази цврсто уверување дека гарантирањето исти можности за нас како оние за Украина и Молдавија, со сигурност ќе ја зајакне нашата институционална подготвеност и ќе ја обнови нашата доверба и мотивација за европеизација, што ќе го забрза реформскиот курс.

Исто така, Сиљановска-Давкова потсети на потребата да се одржи политичка Меѓувладина конференција, согласно новата методологија и Преговарачка рамка, како и регуларен состанок на Советот за стабилизација и асоцијација, потенцирајќи ја важноста на практикувањето витален интеграциски процес, што ќе резултира со видливи резултати за македонските граѓани.

Претседателката на Европската Комисија истакна дека нашето место е во Унијата, којашто ќе продолжи сестрано да нѐ поддржува на реформскиот, евроинтеграциски пат, оценувајќи ги досегашните реформи како импресивни.

Фон дер Лајен, укажувајќи на неопходноста од деблокада на нашето напредување кон ЕУ, во духот на европските вредности, изрази уверување дека македонско-бугарскиот спор може да се надмине преку интензивни и сестрани средби и дијалог, коишто треба да почнат час поскоро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Големо изненадување меѓу кандидатите за „Светски автомобил на годината“: Кина доминира

„Светски автомобил на годината“ за 2027 година: Кинеските производители имаат дури 27 модели на листата.

Големо изненадување меѓу кандидатите за „Светски автомобил на годината“: Кина доминира

Организаторите на наградите „Светски автомобил на годината“ ги објавија 56-те кандидати кои се натпреваруваат за престижните награди за 2027 година. Речиси половина – поточно 27 модели – доаѓаат од Кина.

За да се квалификува за главната награда „Светски автомобил на годината 2027“, автомобилот мора да се произведува во обем од најмалку 10.000 примероци годишно и да се продава на најмалку два големи светски пазари на најмалку два континента.

Меѓу кандидатите за главната награда се: BMW i3, BYD Ti7, Chery Q, Cupra Raval, Deepal S07, Exeed RX, GAC Aion V, Geely Starray EM-I, Hyundai Ioniq 3, Jetour T2, Kia Telluride, Leapmotor T03, Lynk & Co 900, Mazda CX-5, MG4 EV Urban, Onvo L90, Subaru Trailseeker, Volvo EX60 и Zeekr 8X.

Погледнете ја целосната листа:

Објавени се и кандидатите за категориите „Светски градски автомобил“, „Светски луксузен автомобил“ и „Светски автомобил со високи перформанси“, додека листите за „Светски електричен автомобил“ и „Светски дизајн на автомобил“ ќе бидат објавени подоцна.

Кандидати за „Светски градски автомобил“ се, меѓу другите: Chery Q, Cupra Raval, Geely EX2, Hyundai Ioniq 3, Kia EV2 и Leapmotor T03.

Категоријата за луксузен автомобил ги вклучува: Audi Q7, Avatr 07, BMW X5, Genesis GV80 Hybrid, Jaguar Type 01, Polestar 5, Range Rover GT, Xpeng X9 и Zeekr 9X.

За наградата за најдобар спортски автомобил ќе се натпреваруваат Chevrolet Corvette ZR1 и ZR1X, Genesis GV60 Magma, Kia EV4 GT, Lotus Eletre X, Lynk & Co 02, Zeekr 7GT и Porsche Cayenne Turbo Electric.

Победниците во сите категории ќе бидат објавени на 24 март 2027 година.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Европа штотуку се согласи веднаш да ослободи огромни количества дизел

Трамп ја објави одлуката на социјалните мрежи без да прецизира кои земји ќе ги ослободат резервите или за кои количества станува збор.

Трамп: Европа штотуку се согласи веднаш да ослободи огромни количества дизел

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Европа се согласила „веднаш“ да ослободи дел од своите резерви на дизел, додека тој и неговата Републиканска партија се соочуваат со притисок да реагираат на вртоглавиот раст на цените пред ноемвриските избори за Конгресот.

Трамп ја објави одлуката на социјалните мрежи без да прецизира кои земји ќе ги ослободат резервите или за кои количества станува збор. „Европа штотуку се согласи да ослободи огромно количество од своите големи резерви на дизел гориво. Процесот ќе започне веднаш“, напиша тој.

Опаѓање на популарноста на Трамп и раст на цените на горивото

Популарноста на претседателот опаѓа бидејќи војната со Иран и неговите трговски конфликти ги зголемуваат цените на нафтата и другите суровини во САД.

Цените на горивото во САД и во странство нагло пораснаа за време на осуммесечната војна, а Трамп постојано изјавуваше дека плаќањето на таква цена е оправдано за да се спречи Иран да дојде до нуклеарно оружје. Трамп тврди дека цените ќе паднат штом ќе заврши војната, иако засега не се гледа крај на конфликтот.

Просечната цена на галон (3,785 литри) дизел во САД денес изнесуваше 6,37 долари, според податоците на Американската автомобилска асоцијација (AAA), откако на 22 септември достигна рекордно ниво од 6,52 долари.

Одржани серија состаноци

Трамп разговараше со францускиот претседател Емануел Макрон – кој моментално претседава со Г7 – за потребата да се решат проблемите со растот на цените на горивото и достапноста на нафтените деривати. Потоа, Макрон претседаваше со видеоконференција на лидерите на Г7 за да се разговара за ова прашање.

Новите информации доаѓаат откако земјите од Европската унија денес разговараа за француски предлог според кој европските земји би ослободиле 50 милиони барели дизел од стратешките резерви, додека членките на Меѓународната агенција за енергетика би ослободиле дополнителни 50 милиони барели сурова нафта.

Трамп ја оцени својата работа на полето на економијата со највисока оценка (А+)

Новата анкета на „AP-NORC“ покажа дека мнозинството возрасни Американци го сметаат Трамп за одговорен за високите цени, додека поддршката за начинот на кој тој ја води економијата падна на ново најниско ниво.

Трамп е сè повеќе фрустриран од она што го доживува како несовпаѓање меѓу неговите постигнувања и начинот на кој јавноста ја оценува неговата работа. Оваа недела тој на својата работа на полето на економијата си даде оценка „А+“, но нагласи: „Исклучително лошо стоиме со промоцијата.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер