Во интервју за Frankfurter Allgemeine Sonntagszeitung, Бројер рече дека е загрижен што Русија „се вооружува во моментот“. Тој додаде дека Германија ќе мора да се навикне на можноста „дека еден ден ќе мора да водиме одбранбена војна“.
Бројер беше прашан и дали германската армија ќе може да се справи со евентуален руски напад врз НАТО, чиј дел е и Германија. Бројер рече: „Да. Точка. Немаме алтернатива. Можеме да се браниме и ќе се браниме“.
Сепак, Бројер призна дека германската војска има недостатоци во националната и сојузната одбрана, бидејќи со години е фокусирана на меѓународното кризно управување. „Сега гледаме Бундесвер (вооружени сили на Германија) кој сè уште не е доволно опремен за војна“, рече тој, додавајќи дека има „структури кои ги прават брзите и насочени одлуки речиси невозможни“.