Германски барон загина во Швајцарија- го затрупа лавина заедно со 15- годишниот син - Канал 5

Германски барон загина во Швајцарија- го затрупа лавина заедно со 15- годишниот син

Германскиот барон Феликс Фрајхер цу Книфаузен (49) загина во лавина што го затрупа додека скијал со својот 15-годишен син на Швајцарските Алпи.

Германски барон загина во Швајцарија- го затрупа лавина заедно со 15- годишниот син

Тинејџерот бил спасен и однесен во болница. Поради обилните снегови во последните денови, опасноста од лавини на Алпите е зголемена.

Семејно патување завршило трагично во вторник попладне во скијачкиот центар Савоњин, кога започна лавина додека таткото и синот скијале надвор од пистата. Другите скијачи и бордери кои биле во близина биле безбедни и веднаш ги известиле спасувачките служби.

Спасувачка акција

Три хеликоптери, членови на планинската спасувачка служба и други спасувачи учествувале во обемната операција за пребарување и спасување, а на помош дошле и минувачи. Едно од кучињата трагачи го пронашло 49-годишниот татко. И покрај брзиот обид за реанимација, тој починал на местото на несреќата.

Неговиот син бил спасен и префрлен во болница, а надлежните служби им даваат поддршка на семејството и другите скијачи погодени од несреќата.

На почетокот, официјалните извори во Швајцарија не го открија идентитетот на починатиот, но медиумите набрзо објавија дека станува збор за германскиот барон Феликс Фрајхер цу Книфаузен, сопственик на замокот Боделшвинг во Дортмунд. Оваа информација беше потврдена за германскиот Билд од портпаролот на семејството.

Тага во Дортмунд

Смртта подоцна ја потврди и градот Дортмунд, кој објави некролог на својата веб-страница. „Мислите на жителите на Дортмунд се со неговата сопруга Мирета и нивните три деца“, рекоа тие. Градоначалникот Александар Калути изрази сочувство, опишувајќи го баронот како многу пријатна, дружељубива и емотивна личност со посебно чувство за хумор.

„Неговата трагична смрт ме остави без зборови и исполнет со длабока тага. Моите мисли се со неговото семејство и сите што му беа блиски. Ќе ни недостига г-дин цу Книфаузен. Дортмунд изгуби навистина прекрасна личност и ќе ја негуваме неговата меморија“, додаде градоначалникот.

Ренесансниот замок со ров, изграден од семејството на баронот, е еден од ретките преостанати приватни замоци во областа Рур кои сè уште се населени. Точните околности на несреќата ги истражува кантоналната полиција на Граубинден во соработка со канцеларијата на државниот обвинител.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноски: Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проекти

ПАТИШТАТА, МОСТОВИТЕ И КОРИДОРИТЕ ЈА ПОКАЖУВААТ РАЗЛИКАТА !

Стојаноски: Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проекти

Бројките за нискоградбата покажуваат силна промена во динамиката на инфраструктурните работи.

Овие бројки го докажуваат реализирањето на проектите.

Во анализираните 8 квартали од јули 2024 до јуни 2026 на владата на ВМРО - ДПМНЕ, просечната реална годишна стапка изнесува +26,1%.

Во споредбениот период од претходните 29 квартали влада на ДУИ/СДСМ просекот изнесува -3,2%.

Значи споредуваме 2 со 7 години.

Тоа е разлика од дури 29,3 процентни поени !

Според методолошкото објаснување на Државниот завод за статистика нискоградба е градежна работа на објекти кои „со својот главен дел се наоѓаат на површината на земјата или во земјата“.

Нискоградбата значи патишта, автопати, мостови, тунели и крупна инфраструктура – инвестиции што остануваат и создаваат услови за побрз економски развој.

Затоа овие бројки не се само статистика.

Зад нив стојат конкретни проекти, активни градилишта и нова инфраструктура.

Кога се гради инфраструктура – се гради иднината на Македонија.

Линк од фб објава:

https://www.facebook.com/share/p/1Hgzuc9hzg/

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Муцунски чита некој друг извештај

Муцунски чита некој друг извештај, ЕК вели дека состојбата со правосудството и медиумите е катастрофа и постои висока корупција во Владата.

СДСМ: Муцунски чита некој друг извештај

Муцунски вели дека ЕК потврдува видлив напредок во повеќе области. Кој извештај тој го чита?

Извештајот на Европската комисија за 2026 е јасен: нула напредок во борбата против корупцијата. Нула напредок во слободата на изразување.

Нула напредок во спроведување на јавните набавки. Судството и медиумите се под политичка опсада.

Корупцијата е на високо ниво и останува широко распространета и сериозна причина за загриженост.

Предметите застаруваат. Се создава перцепција на неказнивост.

Муцунски вели - „тоа не се критики, туку насоки“.

Во најважниот кластер - Темели, има чиста нула. Во девет други области оценката е пониска од лани. Тоа не се насоки. Тоа е дијагноза за пропаѓање.

Реформите во правосудството и борбата против корупцијата „не зависат исклучиво од извршната власт“, вели Тимчо.

Да, зависат од тоа дали власта ќе престане да врши притисок, да дава нарачки и да ги држи предметите во фиока.

Извештајот токму тоа го нотира: политичко мешање, провокативни изјави за „чистење“, лични критики кон судии и обвинители.

Муцунски бара „сигурен и предвидлив европски пат“. Патот е блокиран токму затоа што правосудството е под опсада, корупцијата е недопрена, а Алта банка покажа како се донесуваат сомнителни пари под нос на граѓаните.

Извештајот не лаже. Сè е полошо и полошо. И ќе станува се полошо додека бандата ја држи касата и ги блокира истрагите.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Болоњезе шпагети

Во петок (30.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Срна Шекерова.

„Гответе со Дракче“ - Болоњезе шпагети

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. шпагети

1 морков

1 главица кромид

400 мл. доматно пире

400 гр. мелено месо

3 чешниња лук

3 лажици маслиново масло

половина чаша црвено вино

100 гр. пармезан

сол, бибер и босилок

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер