3Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
СветГерманската Влада го проширува ограничувањето за носење ножеви по нападот во СолингенГерманската Влада се согласи да ги заостри ограничувањата за оружје, да го ограничи нерегуларното мигрирање и да преземе други мерки за борба против заканата од исламски тероризам по смртоносниот напад со нож .Германската Влада се согласи да ги заостри ограничувањата за оружје, да го ограничи нерегуларното мигрирање и да преземе други мерки за борба против заканата од исламски тероризам по смртоносниот напад со нож што се случи за време на викендот во западниот град Солинген, дознава германската агенција ДПА од владини извори. Сегашната забрана за носење ножеви на јавни места ќе биде проширена, а социјалните бенефиции за некои азиланти кои првично се регистрирале во други земји од ЕУ ќе бидат намалени, соопшти попладнево министерката за внатрешни работи, Ненси Фезер. Напаѓач со нож уби три лица и повреди осум други во петокот навечер на фестивал на плоштад во Солинген, град во западна Германија, лоциран источно од Диселдорф. Осомничениот напаѓач, 26-годишен сириски државјанин, идентификуван од властите како Иса Ал Х, требаше да биде депортиран од Германија во Бугарија минатата година, но сепак останал во земјата. Терористичката група Исламска држава презеде одговорност за нападот, што сè уште е под истрага од германските власти. Присуството на осомничениот во Германија и покрај наредбата за депортација предизвика интензивна дебата во земјата за миграционата и азилантската политика. Ова исто така го обнови фокусот на правилата на ЕУ кои би требало да овозможат на земји како Германија да ги враќаат мигрантите во првата земја од ЕУ каде што пристигнале. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалЛукаку се повлече од репрезентацијата на БелгијаБелгискиот напаѓач 33 годишниот Ромелу Лукаку денес преку социјалните мрежи, го објави крајот на својата репрезентативна кариера, која трае 16 години. Од неговиот прв повик во националниот тим на 3 март 2010 година, кога имаше само 16 години, Ромелу го носеше дресот на репрезентацијата 135 пати и постигна 94 гола. Со оваа импресивна статистика, тој е најдобриот стрелец на сите времиња за „Црвените ѓаволи“. „Шеснаесет години. Во текот на овие 16 години, дадов сè што имав за националниот тим. Доживеав секакви емоции што можат да се замислат“, напиша Лукаку на Инстаграм, придружувајќи ја објавата со серија фотографии од неговата репрезентативна кариера. Во текот на својата репрезентативна кариера, Лукаку настапи на четири Светски првенства и три Европски првенства. Тој беше клучен играч во белгиската „златна генерација“ – тим кој со години беше меѓу најдобрите во светот и подолго време го држеше првото место на ранг-листата на ФИФА. Во моментов настапува за турскиот клуб Фенербахче.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
МакедонијаО. Карпош: Заедно го креираме буџетот на Општина Карпош за 2027 годинаВашиот глас е важен. Вашите идеи, предлози и барања можат да станат конкретни проекти и активности што ќе го подобрат секојдневието во нашата општина. Општина Карпош ги повикува сите граѓани активно да се вклучат во Форумот за граѓански буџет за 2027 година и заеднички да ги утврдиме приоритетите за развој. Форумите ќе се одржат во холот на општинската зграда, во периодот од 15:00 до 17:00 часот, според следниот распоред: I БУЏЕТСКИ ФОРУМ – ВЛАЕ, ЗЛОКУЌАНИ И БАРДОВЦИ • У.З. Влае 1 • У.З. Влае 2 • У.З. Злокуќани • М.З. Бардовци II БУЏЕТСКИ ФОРУМ – КАРПОШ И ТАФТАЛИЏЕ • У.З. Карпош 1 • У.З. Карпош 2 • У.З. Карпош 3 • У.З. Карпош 4 • У.З. Тафталиџе 1 • У.З. Тафталиџе III БУЏЕТСКИ ФОРУМ – КОЗЛЕ, МЛЕЧЕН И НЕРЕЗИ • У.З. Кузман Јосифовски-Питу (КЈП) • У.З. Пецо Божиновски-Кочо (ПБК) • У.З. Владо Тасевски (Млечен) • У.З. Нерези Да креираме заедно затоа што најдобриот буџет е оној што ги одразува вистинските потреби на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
ФудбалЦрвено-жолтите против Словенија по премиерни бодови во Б сегментот од Лигата на нацииНајдобрата фудбалска репрезентација на Македонија вечерва од 20-45 часот на арената Тоше Проески во Скопје против незгодната селекција на Словенија, го игра последниот натпревар од групната фаза во сегментот Б од Лигата на нации. Избраниците на Седлоски на дуелот против Словенија ќе се обидат да стигнат до првиот бод освоен сезонава во Лигата на нации. По гостувањето во Шкотска, македонската репрезентација се враќа пред домашната публика со желба за позитивен резултат и достојно затворање на настапот во групата. Словенија е добро познат противник, а меѓусебните дуели низ годините носат интересна фудбалска приказна. Македонија и Словенија досега одиграле осум меѓусебни натпревари, а билансот е на страната на нашата репрезентација. Имаме четири победи, два нерешени резултати и два порази, со вкупна гол-разлика 13:9. Последниот меѓусебен натпревар, одигран на 29 септември во рамките на Б Лигата на нации, заврши со победа на Словенија од 2-0. Историјата на меѓусебните пресметки започна на 13 октомври 1993 година во Крањ, кога Македонија го одигра својот премиерен меч како национален тим, а тоа воедно беше прв натпревар против Словенија и забележа убедлива победа од 4:1. Само пет месеци подоцна, на 23 март 1994 година, двете селекции повторно се сретнаа, овојпат во Скопје. Македонија славеше со 2:0 и ја потврди добрата традиција против словенечката репрезентација.Тагови: ФФМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55