Германија започна контроверзен транспорт на нуклеарен отпад - Канал 5

Германија започна контроверзен транспорт на нуклеарен отпад

 Германија започна серија транспорти на нуклеарен отпад во својата најнаселена сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија, изјави портпарол на покраинското Министерство за внатрешни работи за агенцијата ДПА.

Германија започна контроверзен транспорт на нуклеарен отпад

Првиот конвој, кој превезуваше контејнер од типот „Кастор“, доцна вчера тргна од поранешниот истражувачки реактор во западниот град Јилих и рано утрово пристигна во привременото складиште во Ахаус, околу четири часа по поаѓањето, јави репортер на ДПА.

Транспортот, обезбедуван со силно полициско присуство, е прв од вкупно 152 планирани превози на радиоактивен отпад. За операцијата беа ангажирани околу 2.400 полицајци. Властите одбија однапред да ја објават точната рута на патувањето долго околу 170 километри. Според полицијата, транспортот се одвивал целосно според планот и бил дури нешто побрз од предвиденото.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи изјави дека конвојот броел околу 100 возила, а во операцијата бил вклучен и хеликоптер. Вкупно околу 300.000 сферични горивни елементи од затворениот реактор во Јилих треба постепено да бидат пренесени, што ја прави оваа операција една од најголемите за патен транспорт на нуклеарен отпад во Германија во последните децении.

Превозите следуваат по серија судски одлуки, вклучително и пресудата на Вишиот управен суд од март, со која се дозволува нивно спроведување.

Еколошката организација БУНД се обиде да ги блокира транспортите, повикувајќи се на безбедносни ризици. Федералната канцеларија за безбедност при управување со нуклеарен отпад го одобри планот во август. На располагање се четири специјализирани возила, од кои секое е способно да носи по еден контејнер.

Отпадот се чуваше во привремено складиште во Јилих откако оперативната дозвола истече во 2013 година. Покраинските власти во 2014 година наредија негово отстранување поради загриженост за безбедноста при земјотреси. Планот се соочува со противење од локалното население и активистите во Ахаус, а долж трасата беа одржани неколку протести. Демонстрациите во Јилих, Ахаус и Дуизбург собраа од десетици до неколку стотици учесници, но не го попречија транспортот.

Германија нема трајно складиште за безбедно чување радиоактивен отпад во период од стотици илјади години. Наместо тоа, постојат 16 привремени складишта, меѓу кои и она во Ахаус.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американските сили целосно го напуштаат Ирак по повеќе од две децении

Американските сили треба да се повлечат од своите последни бази во Ирак до утре, што се слави како победа од страна на Иран и неговите сојузници, кои сега имаат длабоко влијание во земјата,.

Американските сили целосно го напуштаат Ирак по повеќе од две децении

Американските сили треба да се повлечат од своите последни бази во Ирак до утре, што се слави како победа од страна на Иран и неговите сојузници, кои сега имаат длабоко влијание во земјата, каде што загинаа 4.500 американци за повеќе од две децении војна.

Ирачките безбедносни експерти велат дека повлекувањето, договорено во 2024 од претседателот Џо Бајден, би можело да им даде на Иран и на неговите моќни сојузници одврзани раце и истовремено да им дозволи на другите непријатели на САД да се вратат, вклучително и Исламска држава.

Командант на исламскиот отпор во Ирак, група вооружени фракции поддржани од Иран, го опиша повлекувањето на САД како „историска победа за ирачките исламски групи на отпор и чесните ирачани и катастрофален пораз за американскиот проект“.

Иако заминувањето на американските сили е широко поддржано од Ирачаните, оние кои се загрижени за силата на проиранските групи стравуваат дека повлекувањето е прерано.

Американските сили го нападнаа Ирак во 2003 за да го соборат диктаторот Садам Хусеин, а потоа ја окупираа земјата и воспоставија влада, пред да се повлечат на крајот на 2011. Тие се вратија за помалку од три години за да им помогнат на ирачките сили да ја победат сунитската милитантна група исламска држава во голема војна од 2014 до 2017 година..Во последниве години, Ирак беше единствената земја што одржуваше блиски политички и воени сојузи и со САД и со Иран, кои понекогаш ја користеа ирачката територија како посредничко бојно поле.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

MG Collective и Bratot Apparel: Ново поглавје во креативната сцена на Скопје

На отворањето присуствуваа уметници, креативци, пријатели, клиенти и претставници на локалната сцена, кои имаа можност први да го доживеат новиот простор и концепт на MG Collective.

MG Collective и Bratot Apparel: Ново поглавје во креативната сцена на Скопје

Синоќа, 28 септември 2026, MG Collective официјално ги отвори вратите на своето ново премиум tattoo& piercing студио на Panorama Square, со што започнува ново поглавје за брендот кој повеќе од една деценија е дел од креативната сцена на Скопје.

На отворањето присуствуваа уметници, креативци, пријатели, клиенти и претставници на локалната сцена, кои имаа можност први да го доживеат новиот простор и концепт на MG Collective.

Основан во Скопје во 2013 година, MG Collective низ годините го изгради својот препознатлив идентитет околу тетовирањето како форма на уметност и личен израз. Новиот простор ја продолжува оваа филозофија, но во пософистицирана и современа средина, со посебен фокус на дизајнот, атмосферата и градењето заедница околу tattoo културата.

MG Collective × Bratot Apparel

Како дел од ова ново поглавје, во новиот простор свое место добива и Bratot Apparel — македонски streetwear бренд со кој MG Collective споделува слична визија за креативноста, индивидуалноста и современата култура.

MG Collective и Bratot Apparel креираа заеднички изложбен и продажен простор во рамки на MG студиото, создавајќи место каде што tattoo art, мода и street култура се среќаваат во една заедничка визуелна приказна. Покрај изложбениот простор, веднаш до MG Collective, Bratot Apparel отвори и свој нов деловен простор.

Panorama Square, ул. Славејко Арсов 37, Скопје е новата адреса каде можете да ги најдете капите на Bratot, вклучувајќи ги моделите креирани во соработка со Горан Миќиќ и Михаил Корубин, како и дел од сопствените креации на брендот. Новитет во понудата се и маиците — природен концептуален продолжеток на mood-овите и визуелниот свет препознатлив кај капите.

Отворањето на новото студио го означува почетокот на следното поглавје за MG Collective и за Bratot Apparel, со нов простор, нови соработки и уште повеќе креативни проекти и приказни што следуваат.

Проверете повеќе на www.mgtattoostudio.com и www.bratot.coм

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е е да има претставници од Европската унија

Ние испорачуваме најголем број од реформите, светот се менува и ние треба да ја градиме ншата позиција, за да имаме ефект во преговорите со Бугарија  добро е да има претставници од Европската унија.

Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија  добро е е да има претставници од Европската унија

Ние испорачуваме најголем број од реформите, светот се менува и ние треба да ја градиме ншата позиција, за да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија, ова утринава го изјави претседателот на владата Христијан Мицкоски прашан за посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, која в петок доаѓа во Скопје како дел од нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан.

Фон Дер Лајен, како што соопшти нејзиниот кабинет, ќе има средби со претседателката Гордана Силјановска-Давкова и со премиерот Христијан Мицкоски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер