Германија воведува карантин за 360.000 граѓани, поради заразени 6.000 во кланица - Канал 5

Германија воведува карантин за 360.000 граѓани, поради заразени 6.000 во кланица

Над 7.000 луѓе во северозападна Германија се ставени во карантин заради појавата на коронавирус во кланица.

Германија воведува карантин за 360.000 граѓани, поради заразени 6.000 во кланица

Според германските медиуми, а информацијата ја пренесува и АФП, токму поради овој случај, Германија го воведува првиот карантин по укинувањето на мерките.

Карантинот ќе биде во сила во округот Гистерлох, во Северна Рајна-Вестфалија.

Информацијата е објавена утрово на прес-конференција од премиерот на провинцијата Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет.

Тој рече дека мерките што беа во сила до пред неколку недели ,се враќаат на сила.

„Ова е голема интервенција, одиме со карантин уште пред резултатите од тестот. Виролозите ја побараа оваа мерка затоа што никогаш не сме наишле на вакво нешто “, додаде Лашет.

Тој исто така објасни дека од 6140 вработени во кланицата, 1553 се позитивни, а се очекува дека ќе има позитивни и кај нивните семејства.

Ново воведената карантинска мерка ќе трае до крајот на месецот, а доколку е потребно, ќе биде продолжена. Се очекува да биде ефективна се додека инфекцијата не помине. Околу 360.000 луѓе живеат во областа што од денеска е зставена во карантин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија гласаше против укинувањето на ембаргото врз Куба

Македонија гласаше против укинување на американското ембарго врз Куба во Генералното собрание на Обединетите нации, кое беше воведено во 1960 година по револуцијата предводена од Фидел Кастро.

Македонија гласаше против укинувањето на ембаргото врз Куба

Резолуцијата беше усвоена, бидејќи за неа гласаа 130 земји, 17 беа против, а 25 држави беа воздржани. Поддршката за резолуцијата е намалена во споредба со минатата година кога за неа гласаа 165 земји. Вашингтон ги повика земјите-членки да не ја поддржат резолуцијата, додка кубанскиот министер Бруно Родригез ги обвини САД дека водат економска војна против Куба.

Американскиот амбасадор во ОН - Мајк Валц оцени дека гласањето се користи за политичка пропаганда. Резолуцијата во ОН не е правно обврзувачка, но таа ја одразува позицијата на меѓународната заедница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шефот на словачката дипломатија Јурај Бланар во посета на Скопје

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој  престојува во официјална посета на земјава.

Шефот на словачката дипломатија Јурај Бланар во посета на Скопје

Како што соопшти ресорното министертво, предвидена е тет-а-тет средба на министрите муцунски и бланар, по што ќе следи средба на двете делегации.

Според агендата, потоа е предвидена и заедничка прес-конференција на министрите муцунски и бланар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев

Според неофицијални информации, утрово припадници од Одделот за организиран криминал при Бирото за јавна безбедност – МВР повторно се во акција. Во тек се претреси на повеќе од 10 локации во Скопје, Тетово и Куманово.

Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев

Под истрага, според првичните информации, се одговорни лица од приватна болница и вработени во Фондот за здравствено осигурување, осомничени за повеќе кривични дела, меѓу кои злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата, измама и перење пари.

Според неофицијалните информации, штетата врз буџетот надминува 1,5 милиони евра, додека противправно стекнатата материјална корист за болницата се проценува на околу 4 милиони евра. Оштетени се и поголем број пациенти кои се лекувале во болницата.

Се очекуваат повеќе детали во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер