ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
СветГерманија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал владаСпоред анкетата на институтот за истражување на јавното мислење „Југов“ (YouGov), конзервативната Христијанско-демократска унија (ЦДУ) и нејзиниот лидер и кандидат за канцелар Фридрих Мерц може да сметаат на 29 отсто од гласовите.Германците утре ќе изберат 630 пратеници за новиот состав на Бундестагот, а најновите предизборни истражувања покажуваат дека опозициските демохристијани и екстремната десница, исто така опозициска Алтернатива за Германија (АфД) се уште имаат најголема поддршка, но дека ниту една партија нема да има доволно пратеници за сама да формира влада. За функцијата нов лидер на Германија се борат четворица кандидати: актуелниот канцелар Олаф Шолц од Социјалдемократската партија (СПД), Фридрих Мерц, кандидатот на главната конзервативна Христијанско-демократска унија (ЦДУ), актуелниот вицеканцелар Роберт Хабек од еколошката Зелена партија и Алис Вајдел од крајната десничарска, антиимигрантска Алтернатива за Германија (АфД). Според анкетата на институтот за истражување на јавното мислење „Југов“ (YouGov), конзервативната Христијанско-демократска унија (ЦДУ) и нејзиниот лидер и кандидат за канцелар Фридрих Мерц може да сметаат на 29 отсто од гласовите, што е два процентни поени повеќе од почетокот на оваа недела. Германските аналитичари проценуваат дека идната владејачка коалиција најверојатно ќе се формира околу ЦДУ и нејзината баварска сестринска партија ЦСУ и дека во неа ќе мора да учествуваат најмалку две партии, што укажува на неизвесни коалициски преговори. Според анкетата на Југов, рејтингот на АфД остана непроменет на 20 отсто, поддржувајќи ги нејзините амбиции да биде втора на изборите според бројот на освоени гласови. Моментално владејачката Социјалдемократска СПД на канцеларот Олаф Шолц загуби еден процентен поен од почетокот на неделата и сега е на 16 отсто, додека нејзиниот партнер во трипартиската коалиција до неодамна, Зелените, имаат поддршка од 13 отсто од гласачите. Во последните недели, порасна популарноста на партијата Левица, која е наследник на поранешната источногерманска Единствена социјалистичка партија на Германија (СЕД). Според анкетата, таа партија е поддржана од осум отсто од гласачите и речиси сигурно може да смета на влез во парламентот. Според проекциите на „Југов“, ваквите резултати би значеле дека демохристијаните ќе имаат 220 пратеници во парламентот, АфД 145 пратеници, СПД 115, Зелените 94, Левицата 55, а „другите“ еден пратеник. Анкетите покажуваат и дека само три дена пред изборите, голем број гласачи, меѓу 20 и 27 отсто, се неопределени. Избирачките места ќе бидат отворени од 8 до 18 часот, а Германците можат да гласаат и по пошта. Излезните анкети ќе бидат објавени веднаш по затворањето на гласачките места, а пребројувањето на гласовите ќе почне веднаш. Целокупната слика за резултатите ќе биде позната многу брзо, додека конечниот официјален резултат се очекува рано в понеделник. Право на глас во самата Германија имаат 59,2 милиони гласачи, како и повеќе од три милиони германски државјани во странство, за кои овогодишното гласање ќе биде попроблематично од вообичаеното поради кратките рокови. На гласачкото ливче има 29 партии, но се очекува меѓу пет и осум од нив да успеат да го поминат изборниот праг од пет проценти. Изборите се карактеризираат со изразени демографски промени. На изборите во 2021 година, право на глас само во Германија имаа 61,2 милиони луѓе. Во сегашното гласачко тело повеќе од 40 отсто од граѓаните се на возраст над шеесет години, а една четвртина се над 70 години. Помладите од 30 години сочинуваат само 13,3 отсто од гласачкото тело. Вкупно 2,3 милиони млади луѓе можат да гласаат за прв пат или околу четири проценти. Изборите во Германија се одржуваат седум месеци порано од планираното, бидејќи трипартиската коалиција на Шолц се распадна во ноември поради несогласувањата околу начините за заживување на економијата, која веќе две години е во пад. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Цеца за фотките во бикиниБалканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело. Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците. Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца. Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати. Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија. Тагови: Цеца Ражнатовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Сабаленка ужива во тангаСабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови. Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона. По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови. Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време. Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи. Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
ФудбалСупер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на БаернФудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник 2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд. Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд. Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините. Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот. Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката. Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва. Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter