ЖивотГерманија: Стотици илјади млади луѓе зависни од социјалните мрежиПовеќе од една четвртина од сите деца и млади луѓе во Германија ги користат социјалните медиуми на ризичен, или дури и патолошки начин. Зависното однесување е во пораст, според податоците на осигурителната компанија „ДАК-Гезундхајт“ (DAK-Gesundheit), јави ДПА. Минатата есен, 21,5 отсто од анкетираните пројавиле ризична употреба на социјалните мрежи - во споредба со 21,1 отсто во септември - октомври 2024 година. Кога станува збор за консумирање онлајн-видеа, 21,4 отсто консумираат ризична количина, во споредба со 13,4 отсто една година претходно. Испитувањата покажа декаа 6,6 отсто од корисниците на социјалните мрежи и четири отсто од корисниците на видеа се „зависни“. Ова значи дека околу 350.000 деца и млади луѓе ги користат социјалните медиуми на „патолошки“ начин, според наводите. Претседателот на „ДАК-Гезундхајт“, Андреас Шторм, сепак го нарече овој развој загрижувачки. - Мораме брзо да дејствуваме сега за да ги заштитиме и зајакнеме нашите деца. Самото воведување ограничувања на возраста не е доволно - потребна е и поголема обука за медиумска писменост, изјави Шторм. Испитувањата покажаа дека децата и младите лица во Германија ги користат социјалните мрежи, во просек - 2,7 часа во нормален работен ден и 3,3 часа дневно за време на викендот. Затоа, Владата на Германија бара начини да го ограничи пристапот на децата до социјалните медиуми. Комбинацијата од оние кои се изложени на ризик и оние кои се зависни, значи дека во просек, повеќе од едно од четири деца или млади лица во Германија ги користат социјалните медиуми на нездрав начин. За да бидат оценети како патолошки, медиумите мора да се користат прекумерно, т.е. употребата да трае подолго од предвиденото или дозволеното и ако има негативни последици во други области. Овие несакани влијанија вклучуваат доцнење на училиште, пониски оценки, нарушувања во спиењето и други симптоми што укажуваат на губење на контролата. Тагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамПадна продажбата на Мерцедеси- што е причината? Продажбата на германскиот производител на автомобили „Мерцедес-Бенц“ се намали за 8 проценти на годишно ниво во третиот квартал од 2026 година на 407.200 возила.Продажбата на германскиот производител на автомобили „Мерцедес-Бенц“ се намали за 8 проценти на годишно ниво во третиот квартал од 2026 година на 407.200 возила, под притисок од неповолните пазарни услови и слабата побарувачка во Кина, соопшти денес компанијата со седиште во Штутгарт. Продажбата во Кина, еден од клучните пазари на германскиот производител на луксузни автомобили, се намали за 31 процент на 86.800 возила, објави „Ројтерс“. Резултатот во Кина беше значително полош отколку на другите големи пазари, бидејќи продажбата во САД се зголеми за 6 проценти, додека во Европа се зголеми за 5 проценти. Премиум сегментот беше особено силно погоден, при што продажбата се намали за 21 процент на 53.900 возила во третиот квартал. „Мерцедес-Бенц“ соопшти дека резултатот е под влијание на послабите пазарни услови во Кина, како и промените на моделите. Спротивно на тоа, продажбата на целосно електрични возила продолжи силно да расте. Продажбата на електрични возила на батерии (BEV), кои вклучуваат автомобили и комбиња, се зголеми за 52 проценти на 78.100. Слабоста на кинескиот пазар претставува посебен предизвик за европските производители на луксузни автомобили, кои се соочуваат со променливи потрошувачки навики и силна локална конкуренција, јавуваат медиумите.Тагови: Мерцедес-Бенц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЈакната на Мајкл Џексон од спотот „Трилер“ е проценета на астрономска цена (ФОТО)Јакната на Мајкл Џексон од музичкото видео „Трилер“ би можела да достигне цена од повеќе од 10 милиони долари на претстојната аукција во Обединетите Арапски Емирати, објавува „Шпигел“.Црвената кожна јакна беше продадена на аукција во 2011 година за 1,8 милиони долари, а нејзината вредност за следната аукција во декември е значително поголема. Огромниот успех на филмот „Мајкл“ Некои други предмети поврзани со починатиот музичар ќе бидат продадени на аукција во Абу Даби на крајот од годината. Кариерата на Џексон долго време беше проследена со обвинувања за злоупотреба на деца, а оваа година, биографскиот филм „Мајкл“ постигна огромен успех, објавува германскиот весник. Тоа е една од причините зошто, околу 17 години по смртта на Мајкл Џексон, едно од најпознатите парчиња облека во историјата на поп-музиката би можело да достигне рекордна цена. Американската аукциска куќа „Џулиенс аукшнс“ објави дека проценетата вредност на јакната надминува 10 милиони долари. Други предмети на аукција Црвена јакна од телешка кожа со црни детали и V-форма на линијата преку градите е дизајнирана од сопругата на режисерот Џон Лендис, Дебора Лендис. Покрај јакната, на аукција ќе бидат понудени и други предмети што потсетуваат на Џексон. Тука е и ракавица со светки што ја носел за време на неговата позната „Месечева прошетка“ до „Били Џин“ на Мотаун Гала во 1983 година. Последен пат беше продадена на аукција во ноември 2009 година за рекордни 430.000 долари, на бизнисмен од Хонг Конг. Аукциската куќа сега ја проценува нејзината вредност на 800.000 долари. Дополнително, на продажба се нудат и два пара црни кожни чевли на пејачот, проценети помеѓу 60.000 и 80.000 долари, додека вредноста на неговите влечки од видеото „Трилер“ се проценува помеѓу 30.000 и 50.000 долари.Тагови: Мајкл Џексон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаСѐ повеќе Германци одбиваат да одат во војска- три пати е зголемен бројот на приговори Бројот на барања за приговор на совеста во Германија нагло се зголеми, со повеќе од 12.000 поднесени барања во првите осум месеци од оваа година, според бројките од Федералната канцеларија за семејни работи и граѓанско општество (BAFzA).Вкупно 12.102 барања се примени помеѓу јануари и крајот на август, објавија медиумските групи Funke и RND, повикувајќи се на портпаролка на институцијата, според новинската агенција DPA. Тоа е повеќе од три пати повеќе од 3.879 барања поднесени во целата 2025 година. Бројот на барања, исто така, нагло се зголеми во последните месеци, повеќе од двојно од 5.862 на крајот на јуни. Bis August 2026 sind mehr als dreimal so viele Anträge auf Kriegsdienstverweigerung eingegangen wie 2025. Doch auch die Zahl der Bewerbungen und Einstellungen wächst. https://t.co/IuJqkn2ylj — DIE ZEIT (@zeitonline) October 5, 2026 Наглото зголемување доаѓа во време на зголемени безбедносни загрижености и откако новиот закон за воена служба во Германија стапи на сила на 1 јануари. Тој се заснова на задолжителен медицински преглед за млади Германци родени во 2008 година и подоцна, со цел регрутирање волонтери за проширување на вооружените сили. Доколку не се исполнат целите за регрутирање, парламентот може да одлучи да воведе регрутирање врз основа на потребите на војската. Задолжителната воена служба е суспендирана од 2011 година, но сè уште постои како уставна одредба во Основниот закон на Германија. Правото на одбивање на извршување вооружена воена служба врз основа на приговор на совеста, исто така, останува на сила. Агенцијата соопшти дека евидентира голем број погрешно поднесени апликации кои не можеле да бидат прифатени и морале да им бидат вратени на подносителите на барањето без обработка. Ова го обвини за повторени дезинформации, вклучително и оние што се ширеле на социјалните медиуми, за тоа како треба да се поднесуваат апликациите и што треба да содржат.Тагови: војска Германци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40