3Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“
МакедонијаГерманија со нов предлог како да не се блокира земјава кон ЕУ со идентитески прашања?На повидок ли е германски предлог кој историско – идентитетските прашања помеѓу Македонија и Бугарија ќе ги стави надвор од процесот на преговори? Заменик министерот за надворешни работи Зоран Димитровски во интервју за Канал 5 откри дека европските центри прават притисок врз Софија да вети дека нема да поставува билатерални условувања и дека веќе се бара механизам за да се спроведе тоа. Германија ја презела обврската за предлогот да се разговара во Европската Комисија и Европскиот Совет, вели Димитровски, а едно од решенијата би било – ако во текот на преговорите се отвори историско или идентитетско прашање, преку арбитража да се одлучува дали тоа е дел од копенхашките критериуми. -Дека доколку во текот на преговорите фактички се покрене билатерално прашање, посебно прашање од овој тип на историско идентитетски карактер, но и воопшто прашања кои не го засегаат процесот на евроинтеграции, кои не ја засегаат суштината на копенхагенските критериуми, и сето она што треба да исполни една земја кандидат за да стане членка на ЕУ, во тој случај да има можност да се упатат двете страни на арбитражен суд или арбитражно тело, арбитражното тело да одлучи дали дали тоа прашање е дел од копенхагенските критериуми или не е. Но бидејќи добиваат од бугарска страна сигнали - Македонија нека ги усвои уставните измени па понатаму ќе тече процесот, еве шанса во тој контекст Бугарија да се изјасни во прилог на таков механизам да билатерални прашања не бидат пречка за евроинтегрирање,- изјави – Зоран Димитровски – Заменик министер за надворешни работи. Иако дел од експертите ваквиот предлог го оценуваат за добар, скептични се дека соседна Бугарија би се согласила. Аналитичарот Петар Арсовски смета дека официјална Софија сега ужива во комотна позиција во која може да користи вето и не би ризикувала да го изгуби тоа. Вели дека треба да се има предвид и моменталната домашна политичка сцена каде спорот со Бугарија стана прашање на политички рејтинг. -Иако формално тој е добар предлог и ќе ги двои билатералните прашања од прашањата на евроатлатските итеграции, веројатноста дека Бугарија ќе се согласи на таков предлог засега останува многу мала. Не гледам причина зошто Бугарија би се откажала од еден процес во кој има целосна контрола преку вето и би го заменила со некој процес во кој нема целосна контрола, како на пример некаква меѓународна, независна и обврзувачка арбитража. Во таа смисла пресекот на можните решенија од страна на Бугарија и од страна на Македонија не укажува на тоа дека ние можеме да најдеме некаков таков предлог. На пример Македонија сака да ги стави идентитетските прашања ad acta, односно за нив не сака да разговара, а Бугарија пак само за тие прашања сака да разговара, само тие прашања им се важни,- изјави – Петар Арсовски – Аналитичар. И додека се очекува ваквиот предлог да се разработи, спорот меѓу Скопје и Софија останува отворен. Македонија, вели Димитровски бара механизам и јасни пораки од Бугарија дека нема да не попречува на патот кон ЕУ со историски и идентитетски прашања. Земјава е подготвена, вели тој, да ги преземе сите обврски од Преговарачката рамка освен вториот Протокол. Токму за него во следниот период се очекува да се произнесе и Уставниот суд откако беше оспорен по неколку основи. Тагови: Бугарија Македонија преговори Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“Во пресрет на Светскиот ден на животните, во паркот „Македонија“ се одржа голема едукативно-забавна манифестација под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, организирана од Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Лајка“.Ова дружење привлече голем број граѓани со своите миленици, а главниот фокус беше ставен на подигнување на свеста за одговорното сопствеништво и хуманиот однос кон животните. Присутните имаа можност да добијат корисни совети од професионалци за тоа што значи вдомување и долгорочна грижа за едно животно, со акцент на соодветната здравствена нега, исхрана и условите неопходни за нивниот среќен живот. Едукативниот дел резултираше и со конкретен интерес кај граѓаните за вдомување на бездомни кучиња од стационарот. Во рамките на предвидените активности, свој уметнички придонес даде и истакнатиот сликар Живко Поповски - Цветин, кој инспириран од природата и животните сликаше пред присутните. -Љубовта кон животните е огледало на нашата хуманост и совест како општество. Со ова дружење сакавме да испратиме порака дека милениците не се само момент на радост, туку долгорочна обврска која бара посветеност и време. Ме радува фактот што сè повеќе граѓани покажуваат интерес за одговорно сопствеништво и за вдомување наместо купување. Општина Кисела Вода и понатаму останува посветена на хуманиот третман на животните и на подигнување на јавната свест преку вакви едукативни собири-истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска. Општина Кисела Вода упатува огромна благодарност до сите учесници и поддржувачи кои несебично помогнаа во успешната реализација: ветеринарната станица „Вет Тим“, груминг салоните „Grooming Twins“, „Shepa grooming“ и „Мое милениче“, како и пет-шоповите „Аба“ и „Пет Експерт“. Програмата продолжува и во вечерните часови. Со почеток од 19:00 часот, пред Домот на културата „Билјана Беличанец“ (кино “Киноверзум”), граѓаните и нивните миленици се поканети на бесплатна проекција на отворено на македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“, во соработка со Кино Балкан ДистрибуцијаТагови: Општина Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook