Ибрахимовиќ остана без зборови по најголемата сензација на Мундијалот- Зелено’ртските острови (ВИДЕО)
1Ибрахимовиќ остана без зборови по најголемата сензација на Мундијалот- Зелено’ртските острови (ВИДЕО)
ЖивотГерманија: Со куче-робот против вандалите (Видео)Германските компании за одржување на патиштата, државната „Дојче бан“ (ДБ) и „Муних С-бан“ во Минхен користат роботско куче од американски „Бостон динамикс“, наречено Спот, коешто треба да помогне во борбата против вандализмот во возовите. Германските компании за одржување на патиштата, државната „Дојче бан“ (ДБ) и „Муних С-бан“ во Минхен користат роботско куче од американски „Бостон динамикс“, наречено Спот, коешто треба да помогне во борбата против вандализмот во возовите. Роботот, опремен со вештачка интелигенција, ќе им помага на безбедносните тимови на ДБ со патролирање во областите каде што возовите мируваат во ноќните часови. Иницијативата е дел од новиот пилот-проект, а целта е да се дојде „до помалку незаконски графити“, меѓу другото. Тест-фазата ќе трае четири недели, за да се процени делотворноста на роботот околу подобрување на безбедноста на возовите и железниците. Кучето-робот Спот ќе има задача да ги открива и делува против вандалите со помош на ВИ. Кога ќе открие сомнително лице или делување, тоа ја известува безбедноста на „ДБ“. Членовите на осигурувањето го потврдуваат случајот преку пренос во живо и ги преземаат неопходните мерки. Ова не е прва задача на кучето-робот за „ДБ“. Во септември 2023 година, почна тест-фаза и во Мајнц-Бишофсхајм, каде што роботот откри проблеми кај движечкиот механизам. Разновидноста и напредните способности на новиот робот го прават ветувачка алатка за различни потфати во железничкиот сообраќај. Околу 13.000 квадратни метри површина на возот секоја година се вандализирани со недозволени графити, што е проблем за „С-бан“. Отстранувањето на графитите чини понекогаш милион евра оти возовите мора да се исчистат пред да може повторно да се користат. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПолицијата трага по маж од Бангладеш, кој ноќеска со сатар уби цело семејство- масакр во РимИталијанската полиција денеска објави дека за тројното убиство на едно семејство во Рим, кое се случи ноќеска, се бара државјанин на Бангладеш, Шахадат Хосеин (43).Полицијата, заедно со фотографија од осомничениот за тројното убиство, соопшти дека Хосеин е роден во Бангладеш на 10 мај 1983 година, пренесува АНСА. Граѓаните се повикуваат да се јават во полицијата доколку имаат какви било информации за Хосеин. Тројното убиство се случило во стан во населбата Пинета Саки во Рим, каде што се пронајдени телата на двојката и нивната осумгодишна ќерка. Жртвите се идентификувани како Камал Удин, неговата сопруга Хоснеџахан Момотаи и нивната ќерка Арова. Сите се по потекло од Бангладеш и, според истражителите, немале криминално досие. View this post on Instagram A post shared by Polizia di Stato - Italy (@poliziadistato) Најстариот син, кој неодамна наполни 20 години, исто така е повреден во нападот. Тој е однесен во болница и неговиот живот не е во опасност. За време на истрагата, полицијата запленила сатар пронајден во станот, за кој истражителите се сомневаат дека е користен како оружје за убиство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд Скопје започна караванот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“Со силна порака за одговорна политика, институции што работат за граѓаните и европска иднина изградена врз македонските национални интереси, денес во Скопје се одржа првата панел-дискусија од караванот.Со силна порака за одговорна политика, институции што работат за граѓаните и европска иднина изградена врз македонските национални интереси, денес во Скопје се одржа првата панел-дискусија од караванот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“, што Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ќе го реализира во повеќе градови низ државата. Пред бројни членови, поддржувачи и симпатизери, беше отворен циклусот на јавни дебати чија цел е непосреден разговор со граѓаните за предизвиците, реформите и визијата за современа, функционална и европска Македонија. Обраќање на панелот имаше претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, кој истакна дека ЗНАМ денес е сериозен политички фактор затоа што остана доследен на вредностите врз кои е создаден, чесност, одговорност и работа во интерес на граѓаните. Тој порача дека Движењето не е формирано за да биде нечие привремено политичко засолниште, ниту за да тргува со позиции и функции, туку за да понуди нов политички модел и да ја врати довербата во институциите. „ЗНАМ ќе постои се додека ве има вас, луѓето кои искрено веруваат во оваа идеја. Ќе постои се додека ги чуваме принципите поради кои се создадовме и додека политиката ја водиме со достоинство, чесност и одговорност. Гледавме како партии што со години ветуваа европски вредности се претворија во затворени политички и трговски друштва, каде личниот интерес стана поважен од државниот. ЗНАМ нема да оди по тој пат. ЗНАМ има своја шанса, свој правец и своја обврска, кон Македонија и кон нејзините граѓани.“ истакна Димитриевски. Во рамки на панел-дискусијата свое обраќање имаа и министерот за јавна администрација и генерален секретар на Движењето ЗНАМ, Горан Минчев, како и министерот за правда и претседавач на Централниот одбор на Движењето ЗНАМ, Игор Филков. Тие говореа за реформите што се реализираат во јавната администрација и правосудството, процесите на модернизација на институциите и чекорите што ја приближуваат државата до европските стандарди. Во своето завршно обраќање, претседателот Димитриевски порача дека вистинскиот процес за ЗНАМ допрва започнува и дека движењето ќе продолжи да расте заедно со граѓаните, преку непосреден дијалог и конкретна работа на терен. „Не се бориме за фотелји, не се бориме за функции и привилегии. Се бориме да изградиме држава во која младите ќе остануваат, институциите ќе работат, а чесниот човек ќе биде вреднуван. Нашиот процес допрва почнува. Ќе бидеме меѓу граѓаните во секој град, ќе слушаме, ќе разговараме и заедно ќе ги носиме одлуките. Тоа е суштината на ЗНАМ и затоа сум убеден дека најдоброто за нашето движење, но и за Македонија, допрва доаѓа“ порача претседателот на ЗНАМ. Панел-дискусијата во Скопје претставува почеток на серија средби што во наредниот период ќе се одржат во осум градови низ државата, како дел од караванот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“, со кој Движењето ЗНАМ ја продолжува својата определба за непосредна комуникација со граѓаните и заедничко креирање политики што носат развој, стабилност и сигурна европска иднина за Македонија. Центар за комуникации и аналитикаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПреку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07Алиу: Европски средства за подобро здравство11:07Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
ЕвропаУкраина успеа да спаси седум цивили од руско заробеништво- биле заробени во 2022 година (ВИДЕО)Украина го обезбеди враќањето на седум цивили кои со години биле нелегално држени во руско заробеништво, според Дмитро Лубинец, комесар за човекови права на украинскиот парламент.Ослободените лица, на возраст од 35 до 66 години, биле приведени од руските сили во 2022 година за време на окупацијата на Мариупол, како и регионите Киев, Харков, Запорожје и Луганск. Лубинец посебно истакна дека притворените од регионот Киев биле земени од округот Буча, област каде што окупаторските сили извршиле широко распространети злосторства во раните фази на инвазијата, објави Киев Пост. Според народниот правобранител, околностите на нивното притворање варирале. Еден Украинец бил киднапиран од својот дом затоа што неговите синови служеле во вооружените сили на Украина, додека друг бил приведен додека патувал на работа на првиот ден од целосната руска инвазија. Групата вклучува и волонтер кој се приклучи на парамедицинската бригада „Ангели на Таир“ во Мариупол во 2022 година. Волонтерот беше заробен истиот ден како и истакнатиот украински парамедицински работник познат како „Таира“, кој беше успешно ослободен во претходна размена. Лубинец рече дека враќањето на овие цивили е резултат на директна хуманитарна координација со рускиот комесар за човекови права Јан Лантратов. Тој изрази благодарност до Безбедносната служба на Украина (SBU), Службата за надворешно разузнавање и сите други агенции што работат под Координативниот штаб за третман на воени заробеници. Поширока размена на затвореници Ослободувањето на цивилите доаѓа во услови на обновен моментум во напорите за репатријација. Во петокот, Украина и Русија спроведоа размена на затвореници од големи размери, при што секоја страна врати по 160 воени заробеници. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го потврди враќањето на 160 Украинци, вклучувајќи припадници на вооружените сили на Украина, Државната специјална транспортна служба, Националната гарда и Државната гранична служба. Меѓу ослободените лица беа бранители кои се бореа во Мариупол и челичарницата Азовстаљ, како и на фронтовите во Донецк, Луганск, Харков, Запорожје, Киев, Чернигов и Суми. „Продолжуваме да ги враќаме Украинците дома од руско заробеништво“, рече Зеленски, заблагодарувајќи се на преговарачкиот тим и единиците на фронтот чии операции го надополнуваат украинскиот фонд за размена. „Посебна благодарност до сите наши единици на фронтот кои го надополнуваат украинскиот фонд за размена и со својата храброст ни овозможуваат да ги вратиме нашите луѓе дома.“ Кирил Буданов, шефот на претседателската администрација, ги поздрави ослободените затвореници, истакнувајќи ги тешкотиите од нивното заробеништво и наведувајќи дека нивните средби со најблиските претставуваат „вистинска, искрена среќа“ за целата земја. По размената, Зеленски ја потврди посветеноста на Киев да обезбеди ослободување на сите преостанати затвореници. „Се сеќаваме на сите што останаа во заробеништво. Ги проверуваме сите имиња. Мора да ги вратиме сите - и воениот персонал и цивилите“, рече тој.Тагови: заробеништво украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПреку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07Алиу: Европски средства за подобро здравство11:07Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22