Германија: Поддршката за Украина не зависи од истрагата за „Северен тек“ - Канал 5

Германија: Поддршката за Украина не зависи од истрагата за „Северен тек“

 Германија денеска соопшти дека нејзината поддршка за Украина и натаму ќе биде непоколеблива, без оглед на резултатите од истрагата за саботажата на гасоводите „Северен тек“ во септември 2022 година.

Германија: Поддршката за Украина не зависи од истрагата за „Северен тек“

Заменик-портпаролот на германската влада, Волфганг Бухнер, изјави пред новинарите во Берлин дека истрагата, во рамките на која на Полска денеска и беше предадена европска потерница за апсење на украински државјанин, нема да го промени „фактот дека Русија води незаконска војна против Украина“.

„Истрагата се спроведува согласно законот, независно од лицето и целосно непристрасно“, рече Бјухнер. Тој додаде дека истрагата е „со највисок приоритет“.

Осомничениот во случајот е Володимир З., украински државјанин, кој според полските власти последно бил виден во Полска, откако влегол во земјата од Украина во јули.

Гасоводите „Северен тек“ 1 и 2 беа оштетени од неколку експлозии на 26 септември 2022 година. Експлозиите се случија во близина на данскиот остров Борнхолм во Балтичкото Море и малку подоцна беа откриени четири истекувања на три од четирите гасоводи.

Истрагата за експлозиите во 2022 година на руските гасоводи „Северен тек“ во Балтичкото Море следи украинска трага откако се дозна дека е издадена германска потерница по украински нуркач, осомничен дека бил вмешан во саботажа заедно со други двајца Украинци.

Овој најнов развој на настаните во мистериозниот случај, кој е под истрага речиси две години, денеска го открија германските медиуми - јавниот телевизиски канал АЕР Де и престижните весници „Цајт“ и „Зидојче цајтунг“.

Полските обвинители потврдија дека во јуни добиле европски налог за апсење издаден од германското федерално обвинителство за Украинец кој во тоа време живеел во Полска, идентификуван како Володимир З. Според европските правила за взаемна правна помош, полските власти имаа 60 дена да одговорат на германското барање и да го уапсат осомничениот.

Во меѓувреме, сепак, тој ја напушти Полска на почетокот на јули за да се врати во Украина, соопшти полското обвинителство, обвинувајќи ги за тоа германските власти. Според полските обвинители, германските власти не успеале навреме да го регистрираат осомничениот како барано лице, што му овозможило да избега.

Според германските медиуми, украинскиот инструктор по нуркање Володимир З. живеел недалеку од Варшава. Тој е осомничен од германското правосудство дека заедно со уште двајца украински нуркачи, претставени од германските медиуми како Евген У. и Светлана У., учествувал во саботажа на гасоводот во длабочините на Балтичкото Море.

Се верува дека триото го транспортирало експлозивот на местото на инцидентот на едриличарскиот брод Андромеда, за кој германските обвинители соопштија дека во 2023 година отвориле истрага. Инспекторите велат дека пловилото тргнало од Рошток во Германија преку Балтичкото Море, а потоа застанал на дански остров пред да се упати кон Шведска и Полска.

Германските власти се многу изненадени од несоработката на Полска во оваа истрага, објавија германските медиуми, спомнувајќи можни соучесници на украинската тројка во Полска.

Контактирани телефонски од различни германски медиуми, Володимир З. и Светлана У. негираат дека учествувале во експлозиите. Според германскиот весник „Велт“, кој денеска ја контактирал Светлана У., таа има намера да преземе правна постапка против тврдењата на германските медиуми.

Иако Шведска и Данска веќе ја затворија истрагата за случајот на почетокот на годината, германските инспектори продолжија со својата работа.

Според германските медиуми, сепак, во оваа фаза нема докази кои укажуваат дека украинските осомничени дејствувале по наредба на украинските власти, тајните служби или вооружените сили на нивната земја.

Киев негира каква било одговорност за саботажата. „Никогаш не би го направил тоа“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски за германскиот весник „Билд“ во јуни 2023 година.

Во март 2023 година, Њујорк Тајмс објави, врз основа на информациите добиени од американското разузнавање, дека зад саботажата стои „проукраинска група“, но без учество на украинските власти.

На 26 септември 2022 година, четири масивни истекувања на гас, на кои претходеа подводни експлозии, се случија за неколку часа едно од друго долж Северен тек 1 и 2, гасоводи што ја поврзуваат Русија со Германија и носат поголем дел од рускиот гас во Европа. Во моментот на експлозиите, гасоводите не биле во функција./MИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силни експлозии во Киев- Русите погодија два големи моста преку Дњепар (ВИДЕО)

Русија го нападна Киев со балистички ракети ноќеска, а неколку моќни експлозии одекнаа во украинскиот главен град.

Силни експлозии во Киев- Русите погодија два големи моста преку Дњепар (ВИДЕО)

Според првичните информации, Северниот и Јужниот мост беа погодени, јавува украинската новинска агенција УНН, повикувајќи се на украинските воздухопловни сили, градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко и други извори.

Највисоко ниво на воздушен тревог беше прогласено во Киев, кратко пред полноќ. Украинските воздухопловни сили предупредија дека балистичка ракета лета кон градот, а експлозии се слушнаа кратко потоа.

„Силите за воздушна одбрана дејствуваат во главниот град. Киев е под балистички напад. Останете во засолништата!“, рече Кличко.

Подоцна објави дека, според првичните информации, Северниот и Јужниот мост беа погодени. Степенот на нивната штета сè уште не е познат.

Според неофицијални информации, руските сили истовремено започнаа напади од регионите Ростов, Воронеж, Курск и Брјанск.

Нападот не беше ограничен само на Киев. Според Киев Индепендент, експлозии се случија и во Харков, Запорожје, Днепар, Черкаси, Павлоград и Смила.

Новинарите на Ројтерс во Киев потврдија дека слушнале серија моќни експлозии. Новинарите на „Киев Индепендент“ ги опишаа како едни од најгласните во последните месеци. Чад можеше да се види над градот по експлозиите.

Северниот и Јужниот мост над Дњепар и претходно беа нападнати од руските сили. На почетокот на ноември, Северниот мост беше оштетен, што предизвика привремено прекинување на сообраќајот, а потоа делумно обновување со ограничувања.

Во моментов нема нови официјални информации за обемот на штетата по нападот или евентуалните жртви.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДОМ: Како ќе градиме национален дата-центар, ако немаме капацитет да ги заштитиме податоците на граѓаните?

Само седум вработени во Агенцијата за заштита на личните податоци се непосредно задолжени за спроведување на Законот за заштита на личните податоци. 

ДОМ: Како ќе градиме национален дата-центар, ако немаме капацитет да ги заштитиме податоците на граѓаните?

Агенцијата е недоволно финансирана, нејзините капацитети за надзор над зголемената употреба на вештачка интелигенција и биометриски податоци се ограничени, а дигиталните заштитни механизми во државните институции се недоволни.

Ова не е оценка на ДОМ, туку предупредување од Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија за 2026 година. Комисијата посочува и дека мислењето на Агенцијата за Законот за безбедност на мрежните и информациските системи било занемарено, што довело до неусогласеност со директивата NIS2 во делот на заштитата на личните податоци.

Во вакви услови, Владата ја најави изградбата на национален дата-центар во 2027 година. Но, како ќе се гарантира безбедноста на податоците што ќе се чуваат и обработуваат во него, кога институцијата задолжена за нивна заштита нема доволно луѓе и ресурси? Кој ќе врши независен надзор и кој ќе сноси одговорност во случај на злоупотреба или безбедносен инцидент?

Отворено е и прашањето дали постои конкретен план за обезбедување на неопходната инфраструктура – електрична енергија, вода и комуникациско поврзување. Според кои правила ќе функционираат ваквите капацитети и како ќе се контролира нивното функционирање е сѐ уште нејасно за јавноста.

Дата-центрите не се само сервери и објекти, туку дел од критичната дигитална инфраструктура на државата. Нивното планирање мора да вклучува и високи стандарди за сајбер-безбедност, заштита на личните податоци, независен надзор и одговорно управување со сите неопходни ресурси.

Дигиталниот развој не смее да почне со изградба на објекти, а заштитата на податоците и институционалната одговорност да останат на маргините. Национален дата-центар значи и национална одговорност за безбедноста на податоците на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Демократски сојуз: Никој не смее да биде заштитен за насилничко однесување

Демократски сојуз најостро го осудува бруталното насилство врз 26-годишната Сара Ѓоргиевска од Охрид, која по нападот се наоѓа на болничко лекување со тешки телесни повреди.

Демократски сојуз: Никој не смее да биде заштитен за насилничко однесување

Она што дополнително загрижува е првичното постапување на институциите, особено одлуката осомничениот да биде пуштен со мерки на претпазливост, наместо да му биде определен притвор. Постојат сериозни околности и сведоштва кои налагаат случајот да биде темелно истражен и да се испита дали станува збор за обид за убиство, а не само за тешка телесна повреда.

Особено сериозни се наводите на семејството на Сара за можна вмешаност на таткото на осомничениот во настаните по нападот, вклучително и во обидите за прикривање на трагите и ослободување од телото на жртвата, за кои мора да се утврди дали имаат доказна поткрепа. Бараме овие наводи да бидат предмет на целосна и независна истрага. Доколку се потврдат, таткото на осомничениот мора да одговара за својата улога и за секое сторено кривично дело, со најстрога примена на законот. Ниту неговите семејни, ниту евентуалните политички и институционални врски смеат да бидат основа за каква било заштита.

Демократскиот сојуз бара:

Обвинителството да ги испита сите околности и докази и да ја преиспита правната квалификација на делото, вклучително и можноста за обид за убиство.

Да се утврди целосната одговорност на сите лица кои учествувале во нападот, неговото прикривање или евентуалното влијание врз истрагата.

Да се испита постапувањето на полицијата, обвинителството и судот и да се утврди дали имало пропусти, притисоци или обиди за привилегирање на осомничениот.

На Сара и на нејзиното семејство веднаш да им се обезбеди ефикасна институционална заштита.

Нема посилна обврска на институциите од заштитата на човечкиот живот и безбедноста на граѓаните. Нема поважен принцип од еднаквоста пред законот.

Овој случај не смее да заврши со формална кривична пријава, нецелосна истрага и префрлање на одговорноста меѓу институциите. Никој не смее да биде недопирлив, без оглед на тоа чии син или татко е, какви функции има или какви врски поседува.

Бараме целосно расчистување на случајот и најстрога законска одговорност за секој што ќе се утврди дека учествувал во ова злосторство или помогнал во неговото прикривање.

Демократскиот сојуз ќе инсистира на институционална одговорност и правда за Сара, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер