3Мицкоски за „Брајтбарт“: Американски воени авиони ги користат македонските аеродроми на пат кон персискиот залив
3Тензии во Ал Наср. Постекоглу го замени бесниот Роналдо и го пресвртна резултатот од негатива од 0–2
СветГерманија одбра јужнокорејска стратегија за борба против коронавирусот Со цел да се спречи преоптовареноста во болниците, Германија воведува стратегија избрана од Јужна Кореја за борба против коронавирусот, заснована на масовно тестирање на граѓаните и карантин.Често истакнувана како пример во Европа за пристапот кон епидемијата, Германија веќе спроведува меѓу 300 и 500 илјади тестови за коронавирус неделно, повеќе од нејзините европски соседи, особено Франција, која ги тестира само сериозно болните. Владата на канцеларката Ангела Меркел не размислува да запре: Документот за внатрешни работи, кој го објавија повеќе медиуми, предвидува стратегија моделирана во Јужна Кореја, со најмалку 200.000 тестови на ден. Во иднина, сите оние што мислат дека имаат Ковид-19, како и секој што може да имал контакт со болеста, би можеле да бидат тестиран, се вели во документот. Тестовите во моментот се вршат врз пациенти кои биле во контакт со позитивно лице. Документот, исто така, проценува дека геолокацијата, како што ја користи Сеул, е „неизбежна на долг рок“ за да му овозможи на населението да ги следи локациите на позитивните лица со коронавирус. „Јужна Кореја може да даде пример и покрај разликите помеѓу културите на двете земји“, изјави на прес конференција претставникот на Институтот ФАЗ, Роберт Кох, Лотар Вилер, задолжен за борба против епидемијата во Германија. Тој особено ја истакна „геолокацијата“. Во Германија веќе започна жива расправа во тој поглед, бидејќи прашањето за заштита на личните податоци е свето за Германците. Јужна Кореја се издвојува како пример во последните неколку недели каде се спроведува масовно тестирање, ги изолираат заразените и технолошки ги следат граѓаните за да пронајдат и тестираат лица со кои заразените биле во контакт. Во оваа фаза, Германија има 389 смртни случаи со околу 52.547 случаи, што е стапка на морталитет од само 0,7 проценти, така што ситуацијата не е приближно драматична како во другите земји. Сепак, Вилер не исклучува дека земјата евентуално може да го доживее италијанското сценарио, со тоа што болниците би биле преплавени со болни. Иако Германија има „одличен здравствен систем, можеби еден од најдобрите во светот“ според Ангела Меркел, пандемијата ги открила своите слабости. Германија има повеќе од 25.000 кревети со респиратори. Но, „во последниве месеци, некои легла за интензивна нега биле надвор од употреба, бидејќи немало доволно стручен персонал“, рече Рајнхард Бусе, специјалист за здравствена економија на Берлинскиот технички универзитет. Веќе неколку години има 17.000 слободни работни места за медицински сестри. Ситуацијата е таква што многу болнички установи, вклучително и берлинскиот „Шарит“, една од најголемите универзитетски болници во Европа, мораа да им се јават на студентите по медицина или пензионерите од овој сектор за да помогнат. „Дури и пред кризата со коронавирус, операциите мораше да бидат откажувани заради недостиг на персонал“, изајви Уве Лобинг, задолжен за политиките на пазарот на трудот во Германското здружение на градови и општини. И кога ќе се пополнат работните места, медицинските сестри треба да се справуваат со документацијата речиси четири часа на ден затоа што Германија доцни во дигитализацијата на административните работи, се жали германското болничко друштво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеКлековски: Подготвивме нова страница на МЗ и ИЈЗ со податоци за западнонилската трескаПодготвивме нова страница на МЗ и ИЈЗ со податоци за западнонилската треска, издадено и ажурирано упатство до матичните лекари.Министерот за здравство, Сашо Клековски денес одржа прес конференција на која информираше за последните новости за епидемијата на западнонилска треска. - Во моментот има вкупно 53 пациенти кои прележале, имаат или се сомнителни за западнонилска треска, од кои 50 се потврдени, а тројца се сомнителни и се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Вкупно 52 пациенти се со невроинвазивна форма. Од Клиниката за инфективни болести 25 пациенти се излекувани и пуштени на домашно лекување, за жал, се евидентирани пет смртни случаи. Во моментот 21 пациент се хоспитализирани на Инфективната клиника, од кои шест се на интензивна нега, информираше министерот Клековски. Тој истакна дека е издадено ажурирано упатство за лекарите на клиники, како и за матичните лекари да посветат внимание на пациентите со имуносупресивна терапија. - Во однос на превентивните активности кои се преземаат, завршена е четвртата тура прскање против возрасни комарци во Скопје. Со цел навремено и транспарентно информирање на јавноста на оваа тема, подготвивме нова веб страница на МЗ и ИЈЗ за преглед на сите податоци од надлежните институции, приказ на ризични подрачја, кои превентивни активности се преземени во секое подрачје и сл. Во моментот се направени вонредни прскања против комарци по индикација во шест од ризичните подрачја, додека по 14 август, согласно претходниот пресек на состојбата се извршени вонредни - по индикации прскања во повеќе подрачја, меѓу кои Кисела Вода (Драчево), канали во Гази Баба, Зелениково, Студеничани, Бутел и Ѓорче Петров, додаде Клековски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМанчестер Сити плати 100.000.000 евра за тинејџер од МарокоБогатиот англиски премиерлигаш Манчестер Сити го доведе 18 годишниот Мароканец Ајуб Буади од францускиот Лил за 100 милиони евра.18-годишниот фудбалер за врска со гигантот од Етихад потпиша петгодишен договор . Тимот на Енцо Мареска го ангажираше талентираниот фудбалер откако ги продаде Родри на Барселона и Тиџани Рејндерс на Ал-Кадисија. Младиот Буади инаку остави силен впечаток на Светско првенство, настапувајќи како стартер на пет од шесте натпревари за Мароко, репрезентација која беше елиминирана во четвртфиналето. „Ова е посебен ден за мене и за моето семејство. За мене, Сити е најдобриот клуб во светот. Вистински сон е да се биде овде и да можам да кажам дека сум играч на Сити“, изјави Буади. Буади има одиграно 96 натпревари за Лил од своето деби во 2023 година, помагајќи му на тимот да го освои третото место во Лига 1 минатата сезона. На 16-годишна возраст, тој стана најмладиот фудбалер што некогаш заиграл за некој француски тим во Лигата на Европа, а потоа се прослави на светската сцена со клучната улога во победата над Реал Мадрид во 2024 година. „Сити“ работи на реорганизација на средниот ред; Елиот Андерсон веќе е доведен од Нотингем Форест, а подготвена е и посилна понуда за Енцо Фернандез од Челзи.Тагови: Манчестер сити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСекое десетто дете во Македонија било изложено на сексуална злоупотреба со помош на технологијатаСекое десетто дете на возраст од 12 до 17 години било изложено на сексуална експлоатација и злоупотреба олеснета преку технологијата, што претставува 12.000 деца на национални ниво, покажува извештајот од резултатите од истражувањето „Disrupting harm“Поеднакво се засегнати и момчињата и девојчињата. во 78 отсто од случаите сторителот бил лице познато на детето, а во 57 отсто од случаите сторителите биле возрасни лица, наспроти 22 отсто во кои биле вклучени врсници. Во 39 отсто од случаите бил вклучен сегашен или поранешен интимен партнер или лице кон кое детето чувствувало симпатии, додека во 27 отсто бил вклучен член на семејството. Во 52 отсто од случаите биле вклучени платформи на социјалните медиуми, додека 30 отсто се случиле преку платофрми за онлајн игри. Најчеста форма е изложувањето на децата на сексуална содржина без нивна согласност, а друга форма вклучувала барања децата да споделат слики или видеа на кои се прикажани нивните интимни делови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter