Македонските компаниите до септември ќе може да аплицираат за проектот за пазарно финансирање на Македонска берза
1Македонските компаниите до септември ќе може да аплицираат за проектот за пазарно финансирање на Македонска берза
3Уставниот суд не обезбеди мнозинство за носење одлука по одредбите од Изборниот законик за изборното рекламирање
3Што јадат познатите фудбалери? Меси и Роналдо се хранат слично, а Халанд јаде „срце“ за да биде ѕвер
ЖивотГерманија наскоро ги укинува државните финансиски исплати за црквитеГерманската Влада планира да ги укине годишните исплати на протестантската и католичката црква, кои беа воведени на почетокот на 19 век, објавија денеска германските медиуми.„Германската влада планира во септември да донесе закон со кој се укинува годишното обештетување на црквата без зелено светло на сојузните држави“, објавија германските медиуми, повикувајќи се на извори во социјалдемократско-зелено-либералната влада на канцеларот Олаф Шолц. Во коалицискиот договор, оваа влада се обврза да ја укине годишната исплата на компензација на црквите, која е на сила од почетокот на 19 век, но некои сојузни покраини се спротивставија. Сега, како што за „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ изјави Ларс Кастелучи, портпаролот за верски прашања на владејачките социјалдемократи, законот треба да се обликува така што нема да биде потребно зелено светло од Бундесратот, домот на сојузните држави. Годишните надоместоци на државата за двете најголеми германски цркви, протестантската и католичката, се засноваат на договорот што германските кнежевства го склучија со црквите на почетокот на 19 век, во екот на секуларизацијата на државата и национализацијата. на црковните имоти. Напорите да се запрат овие плаќања постојат уште од времето на Вајмарската Република. Германските сојузни држави на име на овие компензации годишно исплаќаат на црквите околу 600 милиони евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМакедонските компаниите до септември ќе може да аплицираат за проектот за пазарно финансирање на Македонска берзаМакедонските компании во следните неколку недели ќе може да аплицираат за проектот за пазарно финансирање на Македонска берза. Проектот се реализира во соработка со Европската банка за обнова и развој, а како што посочи директорот на Македонска берза Иван Штериев во периодот кој следи ќе се разговара и со компании од ИТ секторот. Оттаму велат до 10 домашни компании ќе добијат стручна подготовка за пристап до пазарот на капитал, преку можност за финансирање со издавање акции и обврзници .. Во првиот проект ќе има одреден број компании, а ако некоја од нив реши и го направи овој чекор, ќе има втор проект, условно договорен, за конкретна поддршка и на таа оперативна фаза.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦУК воведува апликација за итни случаи, ќе може да испраќа локација, фотографии и видеаКога спасот „лежи“ во една информација, а секундите се пресудни, па прашањата – каде се наоѓате, кон изгубен планинар, „на кој пат доживеавте несреќа“ или повторување на зборот „ало“ од службите .Кога спасот „лежи“ во една информација, а секундите се пресудни, па прашањата – каде се наоѓате, кон изгубен планинар, „на кој пат доживеавте несреќа“ или повторување на зборот „ало“ од службите додека пријавувате семејно насилство се одвишок и наскоро можат да станат минато. ЦУК најави дека 112 ќе биде надграден со апликацијата „Where are U“ - систем, кој треба да направи разлика меѓу навремената интервенција и трагичниот исход. Таа ќе овозможува прецизно испраќање на локацијата, како и видео и фотографии до службите од местото на настанот или несреќата, воедно и ќе овозможи видео повик со Оперативниот центар. На оние кои се под закана од семејно или било какво друго насилство, ќе им даде можност тивко и безбедно да побараат помош. -Наскоро, нашите граѓани ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where are U“, која ќе им овозможи да го споделуваат точното место, фотографии и видеа од местото на настанот, како и директна комуникација со оперативниот центар во случаи на итност. Воедно ќе биде достапна и функцијата „Silent Call“, која ќе овозможи на жртвите на семејно насилство и на лицата во опасност да побараат помош на тивок начин,- -Мухамед Али – Директор на Центар за управување со кризи. Оваа апликација постои во повеќе земји со повеќе имиња, односно над 25 земји членки веќе имаат активирани системи за автоматско и прецизно испраќање на локацијата, на кој се базира и конкретната апликација „Where are U“, која е италијански модел, кој тежи шест мегабајти, и кој веќе има над еден милион преземања и широко е распространета во Европа. -Со активирање на „локацијата“ на вашиот телефон мобилен телефон, а потоа со кликнување на апликацијата, за неколку секунди ќе се појави вашата позиција таму каде што се наоѓате. Во овој момент, ако ви треба помош, притискате 112 да ни пријавите итен случај. На мониторот на нашиот оператор ќе се појави каде е повикувачот пронајден и ќе знаеме точно каде истиот се наоѓа,- - Фабио – Вработен во 112 – Италија. Годишно, според податоците на Европската комисија, најмалку 300.000 луѓе не можат да ја наведат точната локација кога повикуваат 112, а дури 82% од повиците на овој број за итни случаи се направени од паметни телефони, што е клучно за брза интервенција и пресудно за спасување на живот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУставниот суд не обезбеди мнозинство за носење одлука по одредбите од Изборниот законик за изборното рекламирањеУставниот суд не обезбеди мнозинство при гласањето за да се прифатат иницијативите од Левица и Демократи за оценување на уставноста на делови од Изборниот законик поврзани со платеното политичко рекламирање. Од Уставен соопштија дека од вкупно 9 уставни судии, седуммина биле присутни, но ги немало потребните 5 гласа ЗА, за да донесат било каква одлука и затоа по предметот ќе се гласа на некоја од следните седници. Подносителите во иницијативите наведуваат дека оспорените одредби промовираат дискриминаторски пристап за помалите партии, додека четирите најголеми партии-по две од власта и две од опозицијата добиваат привилигиран пристап до медиумите и државните средства, а останатите се потполно исклучени. Судијата известител Осман Кадриу предложи да се поведе постапка за двете иницијативи и да се оценуваат спорните одредби со аргументи дека изборната регулатива што се оспорува е штетна, противуставна и непропорционална, а помалите партии се дискриминирани за разлика од поголемите кои се привилигерани. Поддршка дадоа и претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, судијките Ана Павловска Данева и Добрила Кацарска, иако имаше забелешки за неговата содржина. - Сметам дека оспорувањето е основано, прави градација помеѓу политичките партии на тој начин што за поголемите партии предвидува привилегиран пристап до медиумите и до државните средства за рекламирање. На помалите партии на дискриминаторски начин им се оневозможува фер начело во изборната кампања за сите видови на избори што ги имаме, локални, парламентарни и претседателски. Оваа дискриминација се забележува посебно во нееднаквиот пристап и во можностите во изборните процеси на сите политички партии, изјави Кадриу. – За плурализмот од суштествено значење е резултатот од слободните и демократски избори да биде резултат до кој е дојден низ еден процес во кој сите засегнати имале еднакви и фер шанси да ги понудат своите политички понуди. Дали со овие норми е тоа така направено? – Апсолутно, не. – изјави Костадиновски. – И во овој модел на пропорционално плаќање и претставување треба да постои еднаквост, можност за сите, а сообено ако ОБСЕ тврди дека се исклучени одредени политички субјекти, тоа веќе зборува и за дискриминација и нееднаквост, изјави Павловска-Данева. За разлика од овие ставови, дел од уставните судии се изјаснија против поведување постапка за иницијативите, а меѓу нивните аргументи беа дека на таков начин ќе се појави правна празнина за политичкото рекламирање, а Уставниот суд пред три години одлучувал по истите оспорени членови и веќе се произнел со неповедување постапка. Сметаат дека Собранието, а не Уставен е надлежно за промена на спорните законски решенија. -Со оглед на тоа дека во услови кога тешко се постигнува консензус за измени и дополнувања на новиот Изборен законик со евентуалното потенцијално наше носење на одлука за поведување постапка, подоцна и за укинување на тие решенија ние ќе оставиме ден простор којшто нема да биде регулиран и во недостиг на законски одредби всушност нема да постои според мене платеното политичко рекламирање, изјави судијката Татјана Васиќ Бозаџиева. -Судот ќе ги отфрли овие иницијативи ако за ова веќе одлучувал, а не постојат основи за поинакво ослучување, изјави судијата Насер Ајдари, а со сличен став беше и Фатмир Скендер. Од Левица денеска предупредија дека евентуалното отфрлање на Иницијативата би значело легализирање на нерамноправните услови за учество на изборите и опасен преседан за политичкиот плурализам. Според нив Уставниот суд сака да го потврди авторитаризмот на власта преку Изборниот законик, а проблемот велат не е во финансирањето, туку во тоа што на Левица ѝ е оневозможен еднаков пристап до медиумскиот простор за време на изборната кампања. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook