ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
СветГерманија: Миграцијата и економијата главни во кампањатаБеше кратко, но макотрпно предизборие, во кое многу често се повторуваше еден збор: промена на насоката. „Три години се обидувате да водите левичарска политика во Германија. Не може да продолжите со тоа“, рече пред две недели Фридрих Мерц, кој се кандидира за канцелар во име на конзервативните сестрински партии ЦДУ/ЦСУ. Во Бундестагот со тоа им се обрати на СПД и на Зелените, кои владееја заедно со Либералите од 2021 година. Во ноември 2024 година, коалицијата од две леви и една економски либерална партија пропадна по неколкумесечните спорови. Затоа на 23 февруари се одржуваат предвремени избори. На СПД ѝ се заканува пад Зелените загубија помалку во анкетите, но СПД и ФДП претрпеа огромен пад. Либералите би можеле да паднат под прагот од пет проценти, на СПД ѝ се заканува горчлив пораз – можеби најлошиот резултат на сојузни избори во повоената историја на партијата. На анкетите предничи Унијата, од ЦДУ/ЦСУ. На второ место во анкетите е делумно десноекстремната АфД со 20 проценти од гласовите. Тоа е двојно повеќе отколку во 2021 година. Кандидатот на Унијата за канцелар, Мерц, за тоа посочува на политиките од изминатите три години и вели дека „нашата економија се намалува, трета година по ред имаме рецесија. Тоа не се случило ниту еднаш во повоената историја на Германија“. Војна, енергетска криза, инфлација Додека Мерц напаѓаше сè посилно од позиција на предизвикувач во предизборната кампања, канцеларот Шолц сè повеќе запаѓаше во дефанзива. Во настапот беше многу похрабар, посамоуверен и поборбен отколку во последните години, но содржински често доаѓаше во ситуација да мора да ја брани и оправдува својата политика. Нападот на Русија врз Украина, вели, довел до енергетска криза и инфлација, а не неговата влада. „Економијата сè уште се бори со последиците“, вели Шолц. И во претстојните години ситуацијата нема да биде поедноставна со оглед на САД и „иритирачките“ барања на американскиот претседател Доналд Трамп, порача Шолц. „Ветерот ни дува во гради и вистината е дека тоа нема суштински да се промени во наредните години“, заклучи Шолц. Топ тема: миграција Слабата економија беше тема за која многу се зборуваше за време на предизборната кампања. Меѓутоа, по фаталниот напад со нож во Ашафенбург од авганистански барател на азил, кому барањето му било одбиено, доминираше темата миграција, особено што Фридрих Мерц веднаш по нападот најави дека сака да постигне заострување на политиката за азил во Бундестагот уште пред изборите. Ако треба, и со гласовите на АфД. Пратениците од АфД триумфираа кога иницијативата поднесена од Унијата и де факто доби мнозинство кон крајот на јануари со помош на гласовите од АфД. Партијата, која Сојузната служба за заштита на уставниот поредок во делови ја класифицира како десноекстремна, го повика Мерц да коалицира со неа по изборите. Нема соработка со екстремната десница По гласањето во Бундестагот, стотици илјади граѓани демонстрираа ширум Германија против поместување на десно во германската политика, а канцеларот Шолц беше бесен и порача дека „не е сèедно дали се соработува со екстремната десница. Не во Германија!“ Во деновите и неделите што следеа, Мерц не пропушти можност да исклучи каква било соработка со АфД. Но, Унијата нема да може да владее без коалициски партнер. Меѓутоа, колку повеќе партии би влегле во Бундестагот, толку потешко би станало формирањето мнозинство и влада. Според анкетите, Левица веројатно ќе успее да ја надмине пречката од пет проценти, а БСВ и ФДП мора да се тресат за резултатот. Ако ФДП влезе во Бундестагот, можеби ќе бидат потребни дури три партии за да се формира коалиција. Ако помалку партии влезат во Бундестагот, коалициски партнери би можеле да бидат ЦДУ/ЦСУ и СПД или ЦДУ/ЦСУ и Зелените. АфД е изолирана Кандидатката на АфД за канцелар, Алис Вајдел, се жали дека со таква коалиција само ќе продолжат претходните политики, а АфД тоа нема да го спречува. Политичкиот „пресврт“ ќе дојде и само „непотребно се одложува“, смета Вајдел. По скандалот околу гласањето со АфД, односите меѓу СПД и Зелените и Унијата не се најдобри. На крајот, коалиција секако ќе зависи од тоа колку и од нивните политички идеи ќе може да имплементираат тие партии. СПД на прво место ќе ја стави социјалната политика, Зелените заштитата на климата. Фридрих Мерц знае дека преговорите нема да бидат лесни. Сепак, по сојузните избори постои „политичка одговорност“ за решавање на проблемите во Германија. Ова е „една од последните шанси“ да ѝ се исече на АфД гранката на која седи. „Ако тоа не се случи, тогаш еден ден популистите нема да имаат само блокирачко малцинство во Бундестагот кое веќе нема да дозволува никакви уставни промени, туку и веројатно ќе се приближат до мнозинство“, рече Мерц. Можниот следен канцелар смета дека СПД, Зелените и ФДП имаат обврска „од која не може да се ослободат“. Дојче ВелеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Шоу бизФото: Цеца за фотките во бикиниБалканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело. Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците. Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца. Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати. Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија. Тагови: Цеца Ражнатовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Сабаленка ужива во тангаСабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови. Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона. По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови. Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време. Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи. Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
ФудбалСупер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на БаернФудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник 2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд. Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд. Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините. Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот. Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката. Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва. Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter