Продолжува судењето за екс апелацискиот судија Ѓоко Ристов, вештакот тврди дека нема контаминација на доказите
1Продолжува судењето за екс апелацискиот судија Ѓоко Ристов, вештакот тврди дека нема контаминација на доказите
3Опозициските партии и денеска се обвинувања за владината реконструкција и седницата за избор на нови министри
БалканГерманија ја оцени ситуацијата во Србија како „загрижувачка“, Белград ги отфрла обвинувањатаМинистерството за надворешни работи на Германија ја оцени ситуацијата во Србија како „длабоко загрижувачка“, истакнувајќи дека активистите таму се соочуваат со напади поради искажување на своите ставови.„Ситуацијата во Србија останува загрижувачка. Активистите се мета на напади и кампањи на оцрнување само затоа што го креваат својот глас“, оцени германското МНР на платформата Икс. Берлин нагласи дека „медиумите и политичарите треба да се однесуваат одговорно“ и потсети дека Србија како кандидат за членство во ЕУ треба да ги почитува владеењето на правото и човековите права. Изјавата доаѓа во контекст на повеќемесечни протести во Србија, каде што демонстрантите бараат одговорност по трагичниот инцидент во Нови Сад, каде што загинаа 15 лица по уривањето на кровната конструкција на железничката станица на 1 ноември. Белград остро реагираше на германското соопштение, оценувајќи дека е резултат на „клеветничка кампања“. „Категорично ги отфрламе овие неосновани генерализации. Сите сомнежи треба да се расчистат преку конструктивен дијалог и докази, а не преку неосновани тврдења“, соопшти српското МНР. Српските власти додадоа дека земјата има „разновиден политички и медиумски пејзаж“ и останува посветена на демократските вредности и човековите права, барајќи од Германија да пристапи кон овие прашања со почит кон суверенитетот на Србија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПродолжува судењето за екс апелацискиот судија Ѓоко Ристов, вештакот тврди дека нема контаминација на доказитеНемало контаминација при утврдувањето на ДНК анализата на биолошките траги пронајдени на алуминиумските фолии во кои биле завиткани 350.000 евра во дупка во ѕид во семејниот дом на поранешен апелациски судија Ѓоко Ристов.Немало контаминација при утврдувањето на ДНК анализата на биолошките траги пронајдени на алуминиумските фолии во кои биле завиткани 350.000 евра во дупка во ѕид во семејниот дом на поранешен апелациски судија Ѓоко Ристов и покажува совпаѓање со ДНК-профилот на обвинетиот. Ова денеска пред судот го истакна вештакот од МВР, Ана Лалевска, оценувајќи дека анализата е изработена согласно сите пропишани процедури и дека резултатите се веродостојни. Со ова практично и падна одбраната на обвинетите кои тврдеа дека додека се прибирале материјалните докази на вештаците им била скината ракавицата и со тоа бил контаминиран доказот, односно ДНК на Ѓоко Рисотв. -Добиваме брисеви подигнати од друго одделение, означени со баркодови и ги ставаме на ДНК анализата и на крајот исклучиво според ДНК профилот донесуваме стручно мислење. Заклучокот кој го добесовме е дека обезбедените траги го имаат профилот на Ѓоко Ристов- изјави Ана Лалевска, вешто лице за биолошки траги вработено во МВР. Расправата ја одбележаа и тензии меѓу обвинителката Искра Хаџи-Василева и бранителот на Ристов, Звонко Давидовиќ, поради честите приговори, по што судот ги предупреди дека ќе бидат отстранети од судницата доколку продолжат со меѓусебните расправии Одбраната пак, уште еднаш го оспори начинот на прибирањето, чувањето и вештачењето на доказите посочувајќи дека дополнително е спорно што се анализирани парчиња од алуминиумска фолија, а не самите пари, што како што истакна одбраната можно е да имало контаминација од трето лице на доказите. Обвинителството продолжи со изведување докази од вештачење на телефон одземен од затворската полиција од Ардит Арифи за која Обвинителството водело постапка против повеќе лица за проституција, продажба на дрога и перење пари, а Арифи е меѓу прво обвинетите. Ѓоко Ристов е обвинет за перење пари и прикривање имот, откако при претрес во семејната куќа во Неготино биле пронајдени 350.000 евра скриени зад кујнски плочки. Тагови: Ѓоко Ристов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеСашо Клековски ја презеде функцијата министер за здравствоАзир Алиу и официјално му ја отстапи министерската фотелја на досегашниот Директор на Фондот Сашо Клековски. Дел од петте столба на Алиу ќе останат приоритети, како што е изградба на нов Клинички и покрај личниот став дека не се потребни нови згради туку ефикасна регионализација, потврди Клековски на последната прес-конференција што тој ја одржа како Директор на Фондот. Тој потврди дека нема да запре дигитализацијата, но за тоа дали во сите државни болници лекарите ќе се евидентираат со отпечаток од прст наместо со картичка, Клековски вели дека ќе разговара со директорите за методите на евиденција и контрола. Клековски е задоволен од сработеното за време на изминативе две години во Фондот. Вели дека е горд што постигнал нешто повеќе од половина од она што било планирано како што е проширување на позитивната листа, зголемување на платите и повеќе пари за болниците. Но, како незавршени ги остава е-рецепт кој не функционира во целост, но и најавата дека секое дете треба да добие право на свое име да има осигурување од државата без разлика дали родителите му се осигурени или не. За безмалку 35 години независност, Министерството во просек добивало нов министер на секои неполни две години – поточно на околу една година и осум месеци. Дваесет различни луѓе го раководеле Министерството, а поради двата одделни мандати на Арбен Таравари, Клековски стапува на функцијата како 21-ти Министер по ред. Најболниот сектор останува лидер по смена на функционери, а единствената реформа која остана во континуитет е „мој термин“, додека нов клинички центар беше ветување на многу министри, но никој досега не удри камен темелник. Тагови: Сашо Клекоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУсловна затворска казна од една година за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана ДимитровскаКривичниот суд во Скопје денеска ја објави пресудата во предметот против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска.Кривичниот суд во Скопје денеска ја објави пресудата во предметот против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска, изрекувајќи ѝ единствена условна казна затвор од една година за кривичните дела оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат.. Пред судот е Дејан Трајкоски, Дејан кои се аргументите на судот? Во видеото погледнете го целиот извепштај. Тагови: кривичен суд Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter