Николоски: Во земја се спуштаат челични конструкции колку 11 катници за да се изгради најтешкиот дел од автопатот Охрид - Кичево
1Николоски: Во земја се спуштаат челични конструкции колку 11 катници за да се изгради најтешкиот дел од автопатот Охрид - Кичево
Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
2Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
По прележана западнонилска треска 75- годишен скопјанец завршил на „неврологија“ – му се појавиле компликации
2По прележана западнонилска треска 75- годишен скопјанец завршил на „неврологија“ – му се појавиле компликации
СветГерманија им нуди пари на Авганистанците кои ќе се откажат од доаѓање во земјатаГерманската влада им понуди на авганистанските граѓани кои имаат дозвола за влез во Германија финансиска помош доколку доброволно се откажат од своите планови за преселба во земјата.Според германскиот портал „Фокус онлајн“, понудата се однесува на околу 660 лица кои се дел од две владини програми - таканаречената „листа за заштита на човековите права“ и „транзициска програма“. Лицата кои ќе се согласат да се откажат од своите планови за доаѓање во Германија ќе добијат еднократен грант од 1.500 евра во Пакистан и дополнителна „почетна поддршка“ од 5.000 евра, додека поголеми износи се планирани за семејствата. Во документ испратен од организацијата ГИЗ во име на германското Министерство за внатрешни работи се наведува дека не е сигурно дека сите процедури ќе бидат завршени до крајот на годината. Германската влада признава дека некои Авганистанци би можеле да останат без виза, додека Пакистан ги моли да ја напуштат земјата. Министерот за внатрешни работи Александар Добриндт (ЦСУ) ја објасни одлуката со временскиот притисок и неизвесната ситуација во Пакистан. Организациите за човекови права остро ја критикуваа понудата, велејќи дека враќањето во Авганистан, каде што на власт се Талибанците, ги загрозува животите на овие луѓе. -Многумина продале сè за да избегаат. За 6.500 евра не можат да започнат нов живот, изјави Ева Бајер, портпаролка на организацијата. Во исто време, денеска во Хановер пристигнаа повеќе од 30 авганистански државјани кои добија право да влезат во Германија преку легални средства.Тагови: Авганистан Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизДуа Липа со јавна поддршка за Хашим Тачи по пресудата од Хаг: Слободата има име Дуа Липа се огласи на Инстаграм за да ја изрази својата поддршка за Ослободителната војска на Косово (ОВК) и нејзините поранешни водачи, вклучувајќи го и поранешниот косовски претседател Хашим Тачи.Пејачката го објави амблемот на ОВК со зборовите „Liria ka ĝemër“ или „Слободата има име“. Објавите дојдоа по пресудата на поранешните водачи на ОВК пред Специјалниот совет за Косово во Хаг. Таа, исто така, сподели порака од нејзиниот татко Потоа Дуа Липа сподели објава од нејзиниот татко, Дукаѓин Липа, на својот профил. Во неа се зборува за улогата на ОВК во борбата за слобода и независност на Косово и се вели дека оваа борба не смее да се доведува во прашање. „Слободата е освоена со крв - крвта на мачениците кои ги дадоа своите животи за слобода. Никој нема право да ја оцрни нашата борба за слобода. Никој нема право да ја оцрни Ослободителната војска на Косово и идеалот на илјадници млади мажи и жени кои ги дадоа своите животи за слободата што ја уживаме денес. ОВК е и секогаш ќе остане симбол на нашата слобода и независност“, сподели пејачката во објавата. Таа често зборува за врската со Косово Дуа Липа е родена во Лондон во семејство на косовски Албанци, а дел од детството го поминала во Приштина, каде што нејзиното семејство се преселило кога таа била девојче. За време на нејзината кариера, пејачката неколку пати зборуваше за нејзината врска со Косово и важноста што ја има за нејзиниот идентитет. Таа исто така нагласи дека сака да ја искористи својата меѓународна популарност за да придонесе за поголемо препознавање на Косово во светот.Тагови: Дуа Липа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Во земја се спуштаат челични конструкции колку 11 катници за да се изгради најтешкиот дел од автопатот Охрид - КичевоСо специјална инженерска техника во делот кај Ботун на автопатот Охрид - Кичево, се решава една од убедливо натешките точки од автопатот, изјави министерот Александар Николоски.Со специјална инженерска техника во делот кај Ботун на автопатот Охрид - Кичево, се решава една од убедливо натешките точки од автопатот, изјави министерот Александар Николоски, кој денеска беше на увид на свлечиштата на овој дел од автопатската делница. Како што изјави Николоски тука има црна графитна земја која е најнестабилна и има многу вода, а зафатот за стабилизацијата се реализира во моментов со три од вкупно пет машини, сите доагаат од надвор, тешки по 130 тона. Со нив се влегува од 20 до 18 метри во длабочина, што е околу 7 до 11 ката од зграда.. Потоа таму се спуштаат арматурни кафези со железо , тешки по 30 тона. Оваа инженерска техника за првпат се користи кај нас, а ја изработиле најдобри домашни и странски умови. Во првата половина од наредната година ќе имаме автопат за првпат пуштен со употребна дозвола, изјави Николски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПродолжи судењето за деветмината полициски службеници обвинети во случајот со трагедијата во „Пулс“Сопственикот на „Пулс“, Дејан Јованов, при една од полициските контроли не ја дал на увид лиценцата за работа, сведочеше денеска инспекторка од СВР Штип. Денеска продолжи судењето против 9те полициски службеници кои дале согласност дискотеката Пулс во Кочани да добие лиценца во 2022 и 2023 година. Таа како хаотична ја опиша сликата пред Пулс за време на акциските контроли, пристапот до објектот бил отежнат поради големиот број паркирани возила. -На барање на колегата Кузмановски кој таа вечер беше одговорен на акцискиот план, во мое присуство беше побарана лиценцата за работа на дискотеката „Пулс“. Од страна на сопственикот Дејан Јованов, лиценцата не ни беше покажана, ниту дадена на увид со објаснување дека е многу доцна да го бара книговодителот бидејќи не е во просториите на дискотеката и ќе ја донесе во понеделник. Ги има поднесено документите за обновување на лиценццата пред 15 дена во Скопје и тврдеше во тој момент дека лиценцата има важност до 31 март 2023 година,- - Деспина Симеонова – Инспектор во СВР Штип. И сега пензиониран полициски службеник раскажа дека при конттроли во Пулс во периодот на 2023 година регистрирале повеќе нарушувања на јавниот ред и мир. Со денешните сведоци се исцрпува листата на докази на обвинителството. -Секоја една информација дадена од нивна страна по однос на поставени прашања има значење за она што се наведува во обвинението како терет на присутните обвинети. – Спасенка Андонова – Обвинител ОЈО ГОКК. Адвокатот на првообвинетиот и денеска реагираше дека иако побарале од институциите се уште не им даваат клучни докази кои треба да бидат дел од нивната одбрана. -Имавме барање до СВР Штип да се издаде и пронајде оригиналниот документ кој го имаше во фаза на истрага во претходната постапка, а сега го нема. Не знаеме од кои мотиви го крие тој доказ,- Емил Недков – Адвокат. Во овој предмет 9те полициски службеници се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување. За едниот случај со 3 полициски службеници е изречена условна пресуда а се уште е во тек судската постпка против 13 полициски службеници кои ноќта на 16 март лани биле во Пулс. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter