Демонстрантите запалија полицаец во Тирана- летаат молотови коктели, солзавец, пиротехника... (ВИДЕО)
1Демонстрантите запалија полицаец во Тирана- летаат молотови коктели, солзавец, пиротехника... (ВИДЕО)
3Србија гласа утре: Неизвесна трка и високи тензии меѓу СНС и студентите – „Канал 5“ во живо од Белград
СветГерманија и Франција со заеднички совет за економија и безбедностГерманскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе претседаваат со заеднички владин совет во Тулон, посветен на економски и безбедносни политики.Средбата е прва во ваков формат по промената на владата во Берлин годинава. Синоќа двајцата лидери имаа неформална средба во летната резиденција на Макрон, Форт де Брегансон. Макрон изјави дека по години затегнати односи со поранешниот канцелар Олаф Шолц, соработката со Мерц претставува нов почеток. - Верувам дека француско-германскиот тандем сега е совршено усогласен за изградба на посилна Европа во економијата, трговијата и монетарната политика, потенцираше Макрон. Мерц, пак, нагласи дека „Германија и Франција играат централна улога во Европската Унија и на континентот“. Состанокот се одржува во време на политичка криза во Франција, каде премиерот Франсоа Бајру на 8 септември ќе побара доверба во парламентот, со можност владата да падне. Подоцна во текот на денот ќе се одржи и француско-германски Совет за одбрана и безбедност, на кој ќе се разговара за европско производство на оружје и заеднички одбранбени проекти. Тагови: Германија Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
БалканДемонстрантите запалија полицаец во Тирана- летаат молотови коктели, солзавец, пиротехника... (ВИДЕО)Демонстрантите фрлаа молотови коктели врз полицајците за време на протестот во Тирана.Во таа прилика, еден полицаец се запали, а неговите колеги веднаш истрчаа да му помогнат и да го изгаснат пожарот, објавува Топ ченел. Исто така, за време на фрлањето молотови коктели, јакната на еден млад човек се запали, но тој успеа самиот да го изгасне пожарот. View this post on Instagram A post shared by Vizion Plus (@vizionplustv) Инцидентот се случи додека протестите сè уште траеја во атмосфера на тензии и конфликти, со фрлање пиротехнички средства и употреба на солзавец. Тагови: Молотови коктели Тирана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска Давкова: Унгарската револуција е траен симбол на храбростВо Будимпешта, присуствував на гала свеченоста во Унгарската државна опера и на приемот во Музејот на ликовните уметности, чијшто домаќин беше премиерот на Унгарија, Петер Маѓар.Чест е да се присуствува и да се оддаде признание на овој значаен историски настан, не само за Унгарија, туку и за Европа. Унгарската револуција е траен симбол на храброст, слободољубивост и достоинство на еден народ, објави на ФБ претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСрбија гласа утре: Неизвесна трка и високи тензии меѓу СНС и студентите – „Канал 5“ во живо од БелградАлександар Вучиќ прв пат по 14 години власт, е исправен пред сериозен испит – утрешните вонредни парламентарни избори.... Во Белград е Михаило Донев.. Михаило, каква е атмосферата на нешто повеќе од 12 часа до отворањето на избирачките места? Се чувствува ли некаква тензија на улиците? Србите ќе избираат меѓу 18 листи, но веќе е јасно дека главната битка ќе се води меѓу владејачката Српска напредна странка и Студентската листа.. Кој од нив повеќе може да се надева на победа? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter